Предлог за филм со кратка рецензија

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Mr. Nobody (2009/I)

Прекрасен филм! Патување низ времето, просторот и психата. Филм кој буди секакви врсти емоции, кој ве враќа поназад од детството, од почетокот до крајот на времето и назад.


Nemo Nobody е 117 годишен старец во 2092 година кој покрај тоа што е најстар жител на земјата, е и последниот човек кој може да умре од природна смрт. Додека човештвото е во исчекување дали Nemo ќе умре или не, еден новинар доаѓа до интервју со него, во кое Nemo се враќа наназад во времето и му раскажува за своите животи. Добро прочитавте, животи, множина.

Nemo Nobody е посебно дете. Се разликува од другите деца по тоа што е свесен за последиците од неговите избори. Затоа, тој одлучува да не избира ништо. Но како е можно Nemo да ги живее сите тие животи во исто време?

Филмот всушност зборува за „Теоријата на жици“ (Strings Theory) која грубо кажано (ако воопшто може така) тврди дека се можни т.н. паралелни светови или димензии, и дека во исто време можеме да се наоѓаме во друга реалност или димензија, но во нашата свест таа е единствената реалност, единствениот живот. Стариот Nemo Nobody е свесен и за останатите реалности.

За кого не е овој филм? Филмот не е за многу луѓе. Не е за оние кои не сакаат S.F. Не е за оние кои не можат (ни на филм) да го прифатат концептот на патување низ времето или паралелните светови. Не е за оние кои сакаат едноставни приказни со една линија која се одвива хронолошки, по ред. Не е за оние со плитка фантазија. Не е за оние кои не сакаат да бараат значење во филмот, туку само добра забава. Не е за оние кои сакаат лесни филмови. Не е за оние кои не сакаат романтични приказни. Не е за оние кои немаат доволно животно искуство, зошто нема да разберат многу работи. Затоа, не ме чуди ако на многу луѓе не им се допадне, или уште повеќе, не го прекинат некаде на пола. Само сакам со ова на одредени луѓе да им помогнам да не си го губат времето со филмов.

Филмот визуелно и звучно е прекрасен. Визуелно е како сон, штета што Нолан не стигнал да го гледа на време. Саундтракот совршен. Џеред Лето е перфектен за улогата, за Дајан Кругер не треба да се трошат зборови. Бидејќи следи три различни линии, во одредени моменти ве остава збунети околу тоа што се случува. Убавината е во тоа што не мора да знаете точно што се случува, затоа што целата идеја е филмот да ви разбуди емоции и да ве однесе на места на кои не сте биле многу одамна.


Нема да пишувам повеќе затоа што филмов е надвор од секаква рецензија. Ова е всушност крајно лоша рецензија која воопшто не одразува ништо во филмот. Доволно е тоа што авторот Jaco Van Dormael (и режисер и сценарист) го подготвувал со години, филмов се снимал од 2007 наваму, веројатно е перфекционизам во прашање. Мислам дека ваквите филмови се пред времето, со други зборови, не го добиваат заслуженото внимание и респект во моментов. Затоа што ова е време на комерцијални филмови за забава, а Mr.Nobody е филм за поинтелегентната публика (иако се разбира не значи дека таа мора да го прифати како добар) која е во големо малцинство. Но верувам дека ова е иднината на филмот, дека еден ден поголемиот дел од филмовите ќе изгледаат како Mr.Nobody.

Иако сум воодушевен од филмот, ќе му скратам еден бод поради некои периоди кои се според мене непотребни и го прават филмот предолг, а и му одземаат малку од динамиката. Можеше да е малку пократок, но сепак, и вака проаѓа. Прикажан е на крајот од 2009 по европски фестивали, така да во глобала може да се смета и како филм од 2010. А во 2010, ова е засега најдобриот филм што го гледав.

Препорака за гледање за филмоманијата на форумов :), останатите прескокнете не е за вас.
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
12 Angry Men
Доказ дека за добар филм не е потребно незнам ти какво напнато сценарио, ниту пак незнам каква костимографија, а уште помалку специјални ефекти. Лично за мене едно ремек дело од 1957. Се работи за порота од 12 мажи на кои е оставена судбината на едно дете кое е обвинето за убиство на неговиот татко. Филмот разработува психолошки 12 карактери. Беспрекорна глума и добар дијалог.
 
T

theTinule

Гостин
АУУУ КОЈ ОПАСЕН ФИЛМ ГО ГЛЕАВ, НЕ СТЕ СВЕСНИ !

PULP FICTION !

Филм на Квентин Тарантино, со Џон Траволта, Семјуел Л. Џексон и Ума Турман. КОЈ ФИЛМ!
Ми го фалеа филмов пред да го гледам. Многу. Си мислев дека ќе се испоразочарам кога ќе го изглеам, исто ко со Requiem for a dream, ама НЕ!
Се збори за двајца обични типци (Jules & Vincent), кои му служаt на ооопасен фраер (Marsellus Wallace) на кој некои деца му украле некои си пари. Jules & Vincent им влагаат во апартман на овие децава и ги решаваат. Сите ѕвер до ѕвер. Вака почнува филмов.
Практично, се раскажува начинот на кој живеат двајцава опасни (Џулс и Винс), жената на опасниот фраер (Миа), опасниот фраер (Марселус) и Буч (боксер кој беше поткупен од Марселус, да не го убие неговиот противник на некоја си бокс ферка).
Значи филмов е лудница ! Има предобар саундтрак, предобра глума (Ауу оваа Ума која глума ја има не е тачна типкава), предобра режија, филмов е врв од сите страни ! Буквално !
Сите да го глеате !
Моја оценка: 10 / 10


п.с. Сега пак ќе си го пуштам.
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
The Hitcher-Автостоперот




Додека возат низ пустина во Њу Мексико за време на дождливата нок
студентите Џим и неговата девојка Грејс префрлуваат човек (Рајдер) кој подоцна се покажува како психопат.
Невозможно е тоа како ги мести убиецот по парот Џим и Грејс.
Не ви го кажувам крајот зошто треба да го погледнете самите.


Филмот е римејк на оригиналниот но вреди да се погледне.
Иако мразам филмови кои се со акција ама овој беше ваков, и доста интересен.​
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
3
Поени од реакции
0
ВОЈНАТА ЗАВРШИ - Филм на Митко Панов

Дали сте размислувале да заминете во некоја од европските земји во потрага по подобри услови за живот, повисок стандард и повисока плата?

Што мислите дека ве чека во земјата од вашите соништа? Можеби сонцето таму свети посилно и грее подобро од дома? После долги години живот во новата татковина едно семејството се соочува со можноста да биде депортирано назад на Косово. Очаен да остане во Швајцарија, Татко во фамилијата и поранешен наставник по музичко образование се обидува да пронајде начин да спречи неговата фамилија да биде депортирана назад на Косово. Со таа цел, таткото го организира основањето на Танцова Група за да прибере потписи и поддршка од заедницата. Војната заврши претставува интимна приказна која го рефлектира заедничкото имигрантско искуство во време на глобализација.

Дали добриот човек може да опстане под ужасниот притисок на војната,егзилот и депортацијата? Дали ќе може повторно да го изгради својот живот во странство и да ја најде неговата смисла?

Војната заврши - од 22-ри Октомври во кино Рамстор. Не го пропуштајте.

Инфо и гратис карти: http://on.fb.me/dsMtHu
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.942
Поени од реакции
7.055
Одамна немав напишано во темава па еве ме сега со еден јак филм. Станува збор за Minority Report со Том Круз во режија на фантастичниот Стивен Спилберг од 2002 година. Многу јак сф токму како во стилот на Artificial Intelligence исто од Спилберг. Ако мене ме прашува некој токму во ваков стил треба да бидат сф филмовите. Малце подолги, со добро разработена приказна, заплет/расплет и секако неизбежно некоја сај-фај технологија :) Препорака за тие што не го гледале иако е малце постар, јас одамна го знаев како филм ама немав прилика да го гледам. Ако некој знае некои вакви, добри слични сф нека ми препорача. :)




П.С. Малце утнале со имево на филмов, сигурно нешто подобро можеа да измислат али ок.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Mr. Nobody (2009/I)

Прекрасен филм! Патување низ времето, просторот и психата. Филм кој буди секакви врсти емоции, кој ве враќа поназад од детството, од почетокот до крајот на времето и назад.
Филмов го имаше во официјална конкуренција на фестивалот Брака Манаки. Филмот е навистина едно маестрално дело кое ме остави без зборови. Цела сала не се помрдна во текот на филмот. Трите приказни испреплетени толку добро и вешто што едноставно те збунува секоја сцена. Апсурдност :) 10/10
Филмот не доби награда на Манаки иако беше во официјална конкуренција, сепак избираа најдобра кинематографија.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Oу кеј лејдис анд џентлмен, мала рецензија на филм за сите љубители на драми и биографски филмови и почитувачи на ликот и делото на Џон Ленон: Nowhere Boy (2009)



На предлог на нашата уважена членка penkaloto а во недостиг на лимит за спуштање, претурив под дрво и под камен во една ладна октомвриска вечер, за да го најдам филмов. Како голем фан на дотичниот господин не смее ништо да ми фали во колекцијата. Нејсе, ја знам целата приказна од почеток до крај па сакав да видам колку ќе биде автентична. На мое општо изненадување ништо не ме изнервира, како што по обичај се случува во биографските или историските филмови.

Приказната е за тешкото детство на Џон Ленон и неговите први чекори во музиката. Сместена е во Ливерпул во 50-тите години од минатиот век. Не сакам да раскажувам, гледајте го филмот или читајте кај тетка Вики. Можам да кажам само дека се работи за филм базиран на карактери, и за среќа актерите одлично си ја завршија работата. Арон Џонсон одличен во улогата на младиот Ленон, а една од двете актерки (било која) кои ги глумат неговата мајка Џулија и неговата тетка Мими, треба да добие номинација за оскар за одлично претставените ликови.

Трејлерче:

Нема да го оценувам затоа што ќе биде крајно пристрасно, но сепак сметам дека е доста добар, објективен филм, на секој што сака драми би требало да му се допадне. Би сакал веќе еднаш да направат саглам филм за комплетната приказна на Битлси и посебно Џон Ленон. Сепак, на 30 годишнината од смртта, Ленон заслужи еден ваков трибјут.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Phone Booth

Значи свака част за филмов али вака одамна не сум бил изненаден хахах. Неверојатно добра приказна во која успеале да вметнат една здрава доза на тензија, ми фалат вакви филмови повеќе. Уште еднаш ќе кажам браво за сценаристот и за креативниот продуцент за ретко добрата идеја , просто уникатен е филмов, сценариото е тоа што го прави уникатен иако не се исторшиле многу со пари. А и глумата на Колин Фарел е за секоја пофалба така да од мене филмот има 10 од 10.
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Tајниот прозорец-Secret Window



Иако знае дека треба да биде покрај компјутерот и да ја пишува својата нова книга, писателот Морт Рејни поминува 16 часа во кревет, спиејќи. Се наоѓа среде развод и се е во хаос. Тоа ја уништува неговата енергија и доведува до авторска блокада без никакви идеи. И кога верува дека ништо не може да тргне не полошо се појавува лудиот странец Џон Шутер кој го обвинува за плагијат и бара соодветен надомест. Сето ова ќе доведе до ладнорквно убиство и Морт влегува во играта на мачка и глушец. На крајот излегува дека Шутер го познава подобро отколку тој самиот себе.

Режија: Дејвид Коп
Улоги: Џони Деп, Марија Бело, Џон Туртуро, Тимоти Хатон и Чарлс С. Датон.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.376
Поени од реакции
4.918
Уште некој ако даде рецензија на Мр.Ноубади ќе заврши фатално....шала на страна,барем со спојлери прикажвајте ги поважните моменти:smir: Peace !
 

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Phone Booth

Значи свака част за филмов али вака одамна не сум бил изненаден хахах. Неверојатно добра приказна во која успеале да вметнат една здрава доза на тензија, ми фалат вакви филмови повеќе. Уште еднаш ќе кажам браво за сценаристот и за креативниот продуцент за ретко добрата идеја , просто уникатен е филмов, сценариото е тоа што го прави уникатен иако не се исторшиле многу со пари. А и глумата на Колин Фарел е за секоја пофалба така да од мене филмот има 10 од 10.
Фимов го имам гледано пред некои добри 8-9 години.Направен е со буџет од 200 000 (долари ми се чини) Доказ дека со малку пари се прават јаки филмови,само треба добро да се склопи содржината и да се долови тензијата и атмосферата на филмот. Секоја чест за филмов.

ПС-После толку време пак ќе го гледам,фала што ме потсети.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Tајниот прозорец-Secret Window



Иако знае дека треба да биде покрај компјутерот и да ја пишува својата нова книга, писателот Морт Рејни поминува 16 часа во кревет, спиејќи. Се наоѓа среде развод и се е во хаос. Тоа ја уништува неговата енергија и доведува до авторска блокада без никакви идеи. И кога верува дека ништо не може да тргне не полошо се појавува лудиот странец Џон Шутер кој го обвинува за плагијат и бара соодветен надомест. Сето ова ќе доведе до ладнорквно убиство и Морт влегува во играта на мачка и глушец. На крајот излегува дека Шутер го познава подобро отколку тој самиот себе.

Режија: Дејвид Коп
Улоги: Џони Деп, Марија Бело, Џон Туртуро, Тимоти Хатон и Чарлс С. Датон.
СПОЈЛЕРИ, цела приказна раскажана.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom