@callejón de la muerte те молам направи пресметка меѓу колку репрезентации Англија е второ место, за да се увериме во важноста на успехот.
И не заборавај да го споменеш велелепниот резултат - трето место во Лигата на нации.
За мечот и првенството што да се каже. Италија заслужен првак од почеток до крај. Најконстантна игра, препознатлив стил, убавина колку што треба, цврстина и тактика. Единствено првите 30 минути вчера беа надиграни тактички, ама во останатиот дел од мечот беа многу подобри.
Сета среќа на светот за Англија што Инсиње и Имобиле вчера беа на рамниште на играчи од Серија Б. Толку ме извади од такт овој малиот, да му ебам тоа ниското тежиште (за пцовкава credits to
@Syn @Трибиани или
@Джонтра Вохохолта ), се што фати се усра. Ужасен перформанс.
Најмногу ми е мило за Киелини
. Плачеше кога му го даваа медалот, маж од 37 години, како мало дете се распадна. Прејак штопер, еден од најдобрите последните 10тина години, класа фудбалер. Не знам друг играч кој повеќе заслужи како капитен да крене ваков трофеј, европска круна, а воедно и круна на неговата кариера.
Иако оваа не е идеална генерација на Италија, има слабости доста, сепак ќе остане забележано дека ја носат втората европска титула на Апенините, а воедно 6ти трофеј од големите натпреварувања.
Спортски поздрав до сите фанови на Англија