Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 30.199
- Поени од реакции
- 46.439
Добар играч е, супер е, ама не го терај форсов дека заслужува и златна топка.
Клучен за шампионот во Лига на Шампиони.
Клучен за шампионот во Европско Првенство.
Маестро.
Заслуга поголема од него во овој тим на Италија има одбраната, почнувајќи од најдобриот играч на турнирот ( што и ти е потврда на муабетов мој ), а тоа е Донарума, па потоа Киелини и Бонучи. После нив доаѓа твојов пулен, кој пак ќе кажам, е феноменален играч ама далеку од тоа ниво да се закити со таква награда зашто претпоставувам дека и на тоа целиш. Битен фрагмент и тоа во европски клупски шампион и национален, тоа е неспорно и тоа многу збори и за него, ама не до тој степен за да го правиме најдобар у Свет.
Што се однесува до првенствово.
Изненаден, пријатно и тоа, од Италија, реков на старт дека немаат некој класа играч што може да ја прави разликата ама тоа е оној сандард наш муабет, на обични смртници кои секогаш се палиме на дриблери, плејмекери, крила, напаѓачи сеедно и секогаш ги запоставуваме дечките од одбраната, а они назад имаа 2ца класа играчи у моментов, а тоа се Донарума и Киелини, и едно гомце наречено Бонучи кој никад не ми бил и нема да ми биде класа од играч но добро, тотално небитно, изигра на ненормално добро ниво и он али ова најмногу се должи на Носот, без него Бонучи е мифка и не знае кај тера.
Е овие тројца бабани си ја направија разликата на овој турнир кога е во прашање играчкиот кадар, Италија имаше гранитна одбрана а благодарение на уште еден, за мене најбитен фактор кај нив, а тоа е Манчини, успеваа на крајот од денот на семафорот да бидат победници во сите утакмици кои до сега ги изиграа, утакмици кои практично ги изиграа без асална 9ка напред.
Манчини е уште едно пријатно изненадување за мене зашто како тренер никогаш не сум го сакал,има голема разлика од менаџирање на клуб и репрезентација, а овој со второво завшри ебано предобра работа од прв ден откако е дојден тука па се до ден денешен.
Начека полумртва репка, уништена психички после фијаското со Вентура, начека млади играчи, не начека ѕвезди, не начека некоја убер талентирана репрезентација, начека мнооогу полош тим од оние шампионски нивни генерации на времето, а и нешампионски сеедно, со страшни имиња на секој дел од теренот, начека апла неискусна група на играчи кои имаат премалце утакмици изиграно на високо ниво, и еве го, ги донесе такви какви што се на европскиот врв што и те како ќе му биде хајлајт во неговата кариера, нарочито што сум убеден дека и многу подобри тренерски имиња од него немаше да успеат во она кое што тој го направи со Италија.
И да додадам само, стилот на игра што го наметнува воопшто не наликува на оној нивни трејдмарк калчо дефанзивен фудбал, наметна некој нов стил за нив со една од најнеискусните нивни генерации, и гледано по квалитет, една од послабите нивни генерации.
Капа до под и тоа е тоа за Манчини, малкумина се свесни уствари каква работа заврши он тука, нарочито тие кои не се запознаени со калчо фудбалот.
Да не должам многу за енглезите, креираат страшна идна генерација која ќе им биде кадарна у наредни 10-12 години да го направи оној обид за да им ги донесе титулите дома ко што они викаат. Никаква гаранција не е парчето хартија тоа сме го виделе у мал милион наврати, вклучувајќи го и последново ЕП, али дека Англија ќе има ебано добар ростер кој бар на хартија ќе делува доволно добро за Светска и Европска титула, тоа е факт, дали ќе успеат во тоа е друг муабет, ганрација ко што реков никогаш не постои у овој спорт и затоа и го сакаме истиот. Како и да е мој став е дека Саутгејт не е кадарен да го вади максимумот од овој тим на терен, можда добро би било пак да размислат и да донесат некое странско име ко што направија со Капело, евентуално да пробаат со Роџерс можеби ( и овој е странец до душа ), штознам ...