Работен ден во Англија денеска.
Да допишат енглезите лузерска репрезентативна историја со губење на сред фејк Вембли или со потоп од 3-0 или со некој шугав гол со карамбол и маркирање на голман после сумљива ситуација и да ѕмиздрат у наредните 60 години како можеле да освојат титула (а сите знаеме како се излигавија до овде).
Да се самоцитирам од пред утакмицава....шугавиот гол падна, па уште во комбинација со пекол-пеналите, мислам дека не можеше поубаво да ги снајде.
Ниедна репрезентација до сега, па и кога беше во форматот држава-домаќин, не играа и полуфинале и финале на својот најголем стадион, дупли холандски судии, ростер како на селски турнир со лесни противници, продавање на 150% од карти на капацитет на стадион, наспроти 30% во групната фаза, поради корона (за нив може да се напраи "отстапување" нели) .....и пак си ги снајде илеџиско-лузерската карма.
Сличен работен понеделник имаа кога Саутгејт лошо го шутна пеналот против Германија, 96та. И што научи од таа ситуација? Дека клучен, последен пенал треба да шутира 19 годишен играч, на почеток на кариера, кој у најбоља варијанта нема да се самоубие и ќе си ја враќа самодовербата у наредните 15 години (пошо ќе го пцујат и ќе му скандираат од трибини како на Герет шо му правеа). Од Англија, како репрезентација, штета и греота за Shaw и Sterling. Изиграа добри утакмици...и да беа другите во тој дух и со тој ентузијазам може ќе ми беа посимпатични како екипа...ама сакаа на сила.
И за политичкиот контекст уште малце...сите тие срања, клечења и набедување на лошо чувство кај народи кои немаат колонијалистичка историја (како македонскиот народ), да се клањаат поради делата садистичко-мазохистички пореметено британско благородничко говно, им дојде кармата преку играчите од колониите, кои ги самопогребаа. Една од најнеспортските атмосфери што сум ги доживеал во животот е пречекот на Ѓоковиќ (на кој не сум воопшто фан) кога цело гледалиште од пети навиваше против него (а не за Федерер), кога требаше да им изврши нужда над централниот терен и никогаш да не се врати откако им го освои.
Не се они расисти, туку мрзат се' што има квалитет повеќе од нив. Се шлепаат на некоја ебена традиција, која секогаш е некакво оправдание дека мора кај нив нешто да припадне, па макар и незаслужено.
Италија вчера и не изигра којзнае како, ама overall заслужено си завршија најгоре. Изиграа неколку утакмици со кои го извадија првенствово од жабокречина и неквалитет.