Намали скромност и изгуби се од било што.
Киелини за Канаваро е Гаетано Скиреа, Франко Барези, Џакинто Факети и Алесандро Неста у едно.
ок. Сеа за Киелини, да не испадне дека сум под импресии од финалево. Тоа носле мртво го мразам од дно на душа, онака како фаца и појава би го тепал и убивал у најситни детали и иживувања.
Реалноста е дека лигњавко е доктор по одбрана, и ова секогаш сум го зборел у сите фудбалски дискусии. Може јас да го мразам како појава и како играч на Јуве али како дефанзивец и квалитет по фудбал нема што да се глупирам. Еден од најдобрите дефанзивци у историјата на Италија.
Пак ќе повторам, да не испадне сеа дека освоија и ајде понесен од позитивните коментари па и ја да се надополнам. Ваков коментар го мислам и приватно го кажувам секад.
Јавно би требало да го пишам доколку Јуве освои ЛШ, ама среќа тука е Манчини па ми овозможи да се искажам за Џорџо свињата.
Џиџо слабиот и пред се заменливиот според фк Милан.
Роби слабиот тренер според Урко и дел од фк Интер.
Англија јакитеехеххехехехехехехехе
Прегледај го приврзокот 301184
И јас како миланез немам никакви симпатии спрема Јувентус, далеку од тоа.
Ама мислам дека претходните генерации на дефанзивци од еве, крај на 90ти и 2000ти на Италија се подобри од овие.
Иако има и фактор вкус во муабетот и еволуција на фудбал, ама генерално нивото на дефанзивци е паднат последниве години и декади. Веќе не се преферира техника, смиреност, читање на игра, туку брзина, стаменост, цврстина, игра со глава, воздушни дуели.
Зашто сметам дека нивото на индивидуални дефанзивци е паднат? Бидејќи екипите денеска се бранат многу по-колективно, многу по збито од порано и паркирање на автобус е честа глетка денес.
Б и К се меѓу последните од таа "крај на прва декада 2000ти" играчи кои се етаблираа тогаш, односно од поновата генерација. Би ги додал Тиаго Силва и Серхио Рамос кои и денес сеуште играат на високо квалитетно ниво.
Јас би рекол дека се едно многу маргинално ниво под претходната им генерација на дефанзивци кои играле во Италија (Канаваро, Неста, Лусио, Малдини, Турам и тн и тн), ако гледаш сув дефанзивен квалитет, мозок и техника. Е сега, фудбалот е многу по физичка игра, многу по колективно се бранат екипиве, што нив ги издигнува денес на едно најквалитетно можно ниво бидејќи учеле од нивните претходници.
Нејсе, пред да бидам распнат од јувенташите, треба поголема анализа и размислување околу муабетов за подетално да аргументирам. Малце и пристрасен и носталгичен сум, и муабетов има многу "имагинативни" моменти ала што би било кога би било.
Како и да е, на крај од денот за 2 класи се подобри од Англиските и општо сите други дефанзивци. Каква техника, каква смиреност, какво читање. Овие од г(о)рдиот албион топка не знаат да смират.
Се гледа дека учеле и се калеле во златната генерација на италијански дефанзивци, да не го заборавиме моментот кога Киелини на свои 23 години плачеше пред Малдини кога овој му кажа кој е кој.