ЕУРО 2020 - Финале | Италија - Англија | 11.07.2021 (21:00)

Кој ќе биде шампион на ЕУРО 2020?


  • Вкупно гласачи
    161
  • Гласањето е завршено на .
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.789
Буквално пензионерите од пензионерска лига (Бонучи и Киелини) го ставија во џеб можеби најдобриот англиски напаѓач на сите времиња, заедно со Ширер. @ManUtdChampions
Топка не прими, ни еден воздушен дуел не доби.
А во исто време го скротија дајверот како никој во преценетата ви најквалитетна лига досега.

Мислам дека веќе нема ама апсолутно нема никаков простор за дебата и компарација помеѓу Италија и Англија, поготово на репрезентативен план.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.654
Поени од реакции
9.235
Реално, на душа од Саутгејт е загубеното финале. Италија одигра далеку на пониско ниво во споредба со претходните натпревари и Англија можеше тоа да го казни ако играше похрабро..

Да не зборувам за избор на играчи. Започна со Фоден на првенствово очекувајќи да ги носи на плеќа, но кога виде дека не е тоа тоа и преголем залак тоа, притисокот го фрли врз Сака. Сака е одличен талент, но сеуште е преголем залак да има добра минутажа во финалево и плус да шутира одлучувчаки 5-ти пенал пред Стерлинг или Грилиш.

Друга работа е што Рашфорд и Санчо ги забетонира на клупа скоро цело првенство и ги реди последна минута во оган да му одлучуваат во пенали. Ниту во натпреварувачки ритам влезени, ниту го почувствувале натпреварот плус без некое искуство за такви мигови. Да правиш во 120 минута замена со пеналџија тешкаш, со искуство и без страв да влези во нив е некаков ризик, не пак тоа. Башка на тоа го реди Сака 5-ти одлучувачки пенал. Потег без сенс искрено според мене. Стерлинг и Грилиш да не ги повторувам пак, но и Шо, Вокер и Филипс делуваа доста сигурно и мислам дека беа подобра опција за пеналџии.

Како и да е, Италија беше заслужено во финалево со нивниот перформанс досега и иако очекував повеќе од нив во финалето не смее да им се оспорува титулата.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Дури сега видов дека Милевски бил гостин, тој што гледаше, дали кажа нешто посебно за нашава репрезентација или општ беше муабетот за европсково?
Уште во 7 и 45 некаде почна и разговараа за македонската репрезентација, генерално некој политички одговори даваше Милевски, интересно интервју, имаа што да кажат и водителите.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.535
Поени од реакции
62.413
Буквално пензионерите од пензионерска лига (Бонучи и Киелини) го ставија во џеб можеби најдобриот англиски напаѓач на сите времиња, заедно со Ширер. @ManUtdChampions
Ни една топка не зема, ни еден воздушен дуел не доби.

Мислам дека веќе нема ама апсолутно нема никаков простор за дебата и компарација помеѓу Италија и Англија, поготово на репрезентативен план.
Ако си ја гледал Англија оваа Европско, ке видиш дека Кејн го ставаа во џеб скоро сите дефанзивци против кои играше. Не знам дали е до формацијата или тоа што сака трансфер, ама не е ни 50% од оној играч од ПЛ.

Не би сакал ништо да им одземам од заслугите на Киелини, а и на Бонучи, првиот изигра докторско првенство, и со оглед на годините што ги има, ги заслужува сите пофалби.
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
9.712
Па тука е клучот. Санчо, Рашфорд, Сака да не промашуваа и Англија да беше првак, твоите прашања ќе беа обратно поставени. Зар не? :)
Немаше. И да беше ко што викаш ти, пак исто ќе прашав. Пошо се надевам после финалево и играта на Италија со што покажаа како се игра фудбал, дел од ЕПЛ фановите (не само тука, сегде) ќе сфатат дека им се играчите преценети. Напоменувам, не лоши, преценети. Пошо имаше тука ликови кои ги ругаа Берарди и Локатели што играле у Сасуоло, а го величеа Грилиш.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.789
Ако си ја гледал Англија оваа Европско, ке видиш дека Кејн го ставаа во џеб скоро сите дефанзивци против кои играше. Не знам дали е до формацијата или тоа што сака трансфер, ама не е ни 50% од оној играч од ПЛ.

Не би сакал ништо да им одземам од заслугите на Киелини, а и на Бонучи, првиот изигра докторско првенство, и со оглед на годините што ги има, ги заслужува сите пофалби.
Се согласувам, Кејн имаше мех првенство бидејќи на секоја утакмица беше тесно чуван, што отвараше простор за Стерлинг кој "блесна" да кажам.
Овие ги скротија и двајцата како маченца, нешто што не им успеа на никој досега.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.615
Поени од реакции
5.125
Да бе на душа на Саутгејт е, он требаше да ги пуца пеналите.
Тие двајцата умислените нека учат од Мегваер како се пуца без местење и позирање.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.117
Поени од реакции
8.906
jas utre ce gmetam pica na pauza za rucek, a ozracenite neka jadat grav, posto cela nedela pred finale ne jadea ni pasta ni pica :ROFLMAO: its a war, its coming home, vazi kje mu kazam koga kje fo vidam:kuracc:
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.862
Јас сум за Шкотска, не знам зошто си ме тагирал? :) Ок општо ги поштовам островскиве сите 5 што се заедно со Австралија и САД ми се симпатични надвор од Европа.
Иначе слаба текма, макар да не паметам некогаш финале на СП/ЕП имало wow нешто 5-6 гола, све се некои 0-2 гола давежи па продужеци па пенали лотарија, освен тоа на СП Франција-Хрватска што беше јако.
Талијани освајат, Англија голем успех со второ место и без пораз, Шпанија трета и тоа е успех пошто смена на генерации, Данска 4-то голем успех имајќи предвид посебно ситуација, 5-8 место Украина ми текнува како успешна репка, разочарувања Франција на прво место а Турција последна 24-та.

Сега њама фудбал таму до Август и Брентфорд-Арсенал мислам отвараат ПЛ, па ќе причекаме :)
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.751
Поени од реакции
8.837
Минута аплауз за Бјорн Кујперс. Одамна не сум видел подобро судење, дури и во финале. Браво!
Чист црвен не му даде на Жоргињо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom