ЕУРО 2020 - Финале | Италија - Англија | 11.07.2021 (21:00)

Кој ќе биде шампион на ЕУРО 2020?


  • Вкупно гласачи
    161
  • Гласањето е завршено на .
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.861
Од 2000та навивам за Италија, вечерва Италијаните станаа европски прваци... може мозокот да ти испроцесира на што се должи сатисфакцијата? По твоја логика не треба ни за Интер да навивам пошто не живеам во Милано? Па уште пишал какви животи живеете, вауу волкот од вол стрит. Дај изгубисе бе, па сум земал тебе да ти објаснувам бог да чува :pos:
А зошто навијаш баш за Интер? ОК, батали очигледно си во бунило, радувај си се не е тоа ништо, не си ти битен него чисто ми е интересно колку раја се соживува со некои настани па се копаат истории, втора светска, децата бегалци, нацисти, интересна ми е перцепцијата на луѓе, масовна психологија е мнооогу интересна ствар :)

Мене ми е најсимпатична Шкотска од 1989, не можам да кажам навијач пошто е на 3000км оттука, па што и да направат нема да се удирам од земја, its only a game :) Може коа бев помал па ајде одвај чекам СП/ЕП и тие ствари, на 15-16 годинки.
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Не се слагам. Јас бев за Италија со цело срце и душа ама Англија стварно има добри играчи, т.е. слободно може да кажам подобри од Италија на хартија. Да не коментираме сега под импресии од титулата, треба да бидеме реални. Но, никој не им е крив што немаат квалитетен тренер кој ќе знае максимално да го искористи играчкиот потенцијал што го поседуваат неговите фудбалери. Да почнеш финале на ЕП со 8 играчи кои се дефанзивно настроени за мене е нонсенс, не знам што друго би кажал.
Може не си ме сфатил скроз ко што треба или јас не се изразив добро, сеедно. Не реков дека Енглезиве не се добри, туку дека се многу преценети. Имаат доста добри играчи и на хартија подобри се од Италија ама тоа ништо не гарантира, посебно со онаков тренер. Мое мислење е дека Енглезите не си ја знаат силата, да се охрабреа и да притиснеа може и ќе тепаа. Од друга страна ги имаш Италијаните со страшна форма, топ тренер, преискусна одбрана и тоа е тоа. Остај иммпресии од титула, да ги плеснеш сред Вембли не е мала рабпта :D
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Добива многу поддршка Сака од попознатите ликови вака, пошто знаат ретардираната неизживеана багра што не може топка да шутне од место ќе го вреѓаат ептен. Се надевам бар тоа ќе го извади и ќе ги гледа тие коментари ете.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.269
Поени од реакции
27.706
Утакмица меѓу две странски држави и добиени пенали после нерешено ти се најголема сатисфакција?
Какви животи живеете бе луѓе, сериозно
Lugeto uzivaat i se zabavuvaat.
Probaj i ti nekogas.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.157
Поени од реакции
107.587
Добива многу поддршка Сака од попознатите ликови вака, пошто знаат ретардираната неизживеана багра што не може топка да шутне од место ќе го вреѓаат ептен. Се надевам бар тоа ќе го извади и ќе ги гледа тие коментари ете.
Глупости еј, што е криво детето што утнало пенал, божем прв пат некој промашува пенал. Мада ок не ме чудат такви коментари со оглед на тоа дека се голема држава и има и ќоро и сакато. Ние што сме ебани 2м ги вреѓаме Пандев и Кире Лазаров кога губиме не пак мртвите Енглези некојси Сака што нема за сеа ништо постигнато во фудбалот. Едноставно кулијана на таквите морони и нека тераат магарето.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Приказната на Саутгејт со Англија е скроз иста со приказната на Солскјер во Јунајтед (бар досега) - успеа да изгради убава атмосфера, да внесе некоја позитивна енергија во тимот, но и едниот и другиот се недоволно тактички и фудбалски спремни да го направат оној последен и најбитен чекор.

Пред да почне првенството пишав неколку пати дека Англија има добра, но сеуште недоволно искусна екипа и дека прајмот на овој тим го очекувам некаде на СП 2022 и ЕП 2024. Во секој случај сметав дека имаат некаква шанса за титула, пред се поради фактот дека на ова ЕП немаше екипа што двои, односно тим што беше класа над другите, како Франција пред 3 години, Германија во 2014, Шпанија пред тоа, итн..

Сепак, првенството се движеше по некоја перфектна траекторија за нив, од ждреб, преку играње на 6 од 7те утакмици на домашен терен, до преполн Вембли со нивни фанови за 1/2 финалето и финалето. Но на крај, неискуството на играчите, а богами и на тренерот пак беше одлучувачко во клучните моменти.

Реално, Англија мораше да игра поубав и поатрактивен фудбал на ова ЕП, посебно со оглед на ростерот со кој располагаше Саутгејт. Групната фаза како да не ја ни играа, со Германија не покажаа ништо посебно и имаа среќа кога најмногу им требаше. Украина реално беше преслаб противник, плус им дадоа рано гол и во двете полувремиња со што и го решија мечот, а Данска ја тепаа буквално на мускули.

А Саутгејт од утакмица во утакмица, вклучувајќи го и финалево ги правеше истите глупости. Иста, дефанзивна тактика, која спомнав и претходно во текот на првенството, целосно го извади Кејн од колосек. Правеше доцни измени на сите утакмици, посебно во полу-финалето и финалето, скоро и да не отстапуваше од неговата замисла и многу ретко ја прилагодуваше играта на самата утакмица.

@jamey jasta, како што ти одговори видук, Кејн цело првенство беше дух и искрено сметам дека тоа е една од најголемите грешки на Саутгејт. Стерлинг може даде голови и изнуди пенал со Данска, но изгуби безброј топки и човекот освен брзина нема апсолутно ништо друго фудбалско во него. Само не знам како тактичките замисли на селекторот на Англија ги прават Премиер Лигата и Кејн слаби и преценети. (за Стерлинг се сложувам) Место да изгради партнерство меѓу Грилиш и Кејн, и да го искористи целосниот потенцијал на еден од најдбрите напаѓачи на светот, тој се реши да прави игра за Стерлинг, а Грилиш, кој можеше да го направи ѕвезда на ова ЕП да му го помине 80% од првенството на клупа.

И не дека целосно пофрли со тоа, Англија пак стигна до финале, што генерално е успех за едно вакво натпреварување, но добрите тренери осеќаат ситуација и имаат план Б, Ц, Д за битни утакмици. Петти пенал за Сака, па и пенал за Рашфорд, кој ја заврши сезонава во лоша форма во Јунајтед, а и изигра се на се 15 минути на ова ЕП му беа исто катастрофални одлуки, кои го коштаа и титула на крај.

Генерално гледано, финалево беше слабо, без некаков јак фудбал и интензитет. Италија можеби имаше топка, но не направи ништо посебно и конкретно во најголем дел од мечот. Сметам дека Англичаните требаше да ги притиснат веднаш после погодокот и да пробат да дојдат до некое побезбедно водство, но тие го направија сосема спротивното и нормално, им се одби од глава.

Кога ќе се земе цело ЕУРО во предвид, Италија најмногу заслужи да ја освои титулата. Ја издоминираа групната фаза, а во нокаут фазата покажаа неверојатен дух и најголема желба за победа. Пеналите вечерва можеа да одат во било која насока, но на крај уште еднаш се покажа дека фудбалот сепак е тимски спорт и дека победува тој што знае најдобро да го склопи коцките.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.237
И сеа некој ќе се фати за неговиот втор мандат во Интер каде имаше просечни резултати ама квалитетот на екипата беше мизерен и за греота.
Абе шо ти е, па Роби после 6-7 години допирање дно, дојде, донесе јаки играчи и избори најјак пласман после освојувањето на купот 2011та година.
Несреќа имаше што тогаш сеуште од Италија идеа 3 патници у ЛШ.
Ги постави темелите на успехот на Спалети таканаречен пласман у ЛШ 2 години за неговиот мандат.

Многу потценет тренер е Манчини, исто, највеќе ме нервира што интераши се понашаат кон него ко да е Марко Тардели јеботе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom