Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Многу сме биле блиску до "300 3" (Или би бил...3oo? Или 303? или 900?)

Мислам дека човештвото не било подготвено за.................... геј романса филм за Александар Македонски режирана од Знек Снајдер.

Не знам дали некогаш би билo.

Штета.


1621326541847.png

Најверојатно најконтроверзниот филм на сите времиња би бил.


Ќе имаше расправии за тоа чив е, ќе имаше расправии за тоа дали кога би бил македонец Снајдер би гласал за СДСМ или ВМРО, ќе излезеше муабет дека актерот што го глумел Александар имал прабаба од Бугарија, ќе излезеа религиозни здруженија да се бунат за геј секс сцените, ќе излегоа LGBTQIA+ здруженија да се бунат дека секс сцените се само 3 секунди како и во секој филм и требало да биде подолго од само предигра и сцена кај што двајцата лежат, ќе излезеше некој да се залага за тоа како спартанците не биле добро претставени во филмот, ќе излегоа некои од Индија да кажат дека тие се прапрапрапрапраправнуци на Александар и требало од нив да се побараат права за филмот, ќе излегоа некои што ќе кажат дека исто како и Џокер, и овој филм е проблематичен бидејќи ќе мотивира социјални отпадници да пробаат да одат до Индија да го освојуваат светот....

....и секако, на крај филмот ќе направеше 1 билион долари и лоши критики од сите.

Па тек тогаш ќе имаше муабети за "Aлександер Д ГрЕЈт: Snyder's Cut" и како во филмот имало подолги сцени што го прави филмот подобар. Па #ReleaseSnyderTheGreatCut кампањи, па муабети дека имало сцена во верзијата на Снајдер каде Александар остава аманет да му ја чуваат Македонија, па муабети дека имало deleted nightmare сцена каде на Александар на сон му се јавуваат Клеопатра, Флеш, Бетмен и Роршак и му кажуваат како да се бори, па сцена каде Хефестион е љубоморен што Александар инсталирал Гриндр, па муабети дали стварно имало Гриндр апликација во тоа време, па дали Александар би користел Епл или Андроид, па муабети "Од кај знаеш ти дали имало интернет и мобилни телефони во времето на Александар, исфрлена е историјата за учење, можда и имале", па билион други расправии, па ќе излезе филмот на Disney's HBO Netmax+ стриминг сервисот, па тројца македонци ќе уапсат дека го торентирале филмот наместо оригинал да го гледаат онлајн, па после тоа и Black&White верзија ќе излезе, па и верзија каде нема дијалог, па верзија само со грин скрин, па ULTIMATE COLLECTOR'S BOX ќе излезе па...

Не верувам дека светот некогаш ќе биде целосно спремен за ова.

За жал.
 
Бидејќи постот на Драгонски беше предолг и секако никој не го прочита, да поиграме една едноставна игра. Копирај и пополни:

Најдобар филм на сите времиња е:

----------------------------------------------
 
Мислам дека човештвото не било подготвено за.................... геј романса филм за Александар Македонски режирана од Знек Снајдер.
Јас до тука стигнав па да кажам: историски е познато дека Александар имал геј романса, што било нормално во тоа време.
Ама не сфатив за кој дел човештвото не е подготвено: за филм што е геј романса, за геј романса на Александар или за таков филм режиран од Снајдер?
 
ситница од 9милијарди долари

Што купуваат они со тоа, од франшизи?
MGM нема којзнае што денес.
007, Роки...

MGM го има Хобит, а овие новава ЛОТР серија. Тоа некако ќе се склопи.

Како и да е, стриминг сервисиве секако дека ќе укрупнат и ќе има два-три на крајот. Нелогично е, во ерава на интернет пиратерија некој да плаќа посебен стриминг сервис за скоро секое шоу или филм.
 
Бидејќи постот на Драгонски беше предолг и секако никој не го прочита, да поиграме една едноставна игра. Копирај и пополни:

Најдобар филм на сите времиња е:

----------------------------------------------
Lotr Vrakanje na Kralot
 
Најдобар филм на сите времиња е:

----------------------------------------------

Мене ми е тешко само еден да издвојам, ги има повеќе најдобри :)
 
Остајте го Ио закочен со прашањава во 2009та, од тогаш милион листи и теми направени за најдобри филмови, секакви игри и квизови сме играле, сме се расправале, очи сме си ваделе, темава 2000 страни направи тој уште ќе игра игри за најдобар филм.


Барем да речеше на секоја страна еден член да пише филм сместен во иднината со годината на бројот на страната, тој ми поставува тука прашања а ла Зошто баш во нашата компанија одлучивте да аплицирате за работа, бегај, иш!

:pipi:
 
Ја би го предизвикал драгонски да ни напише филм, и би бил злобен да го предложам у клубот.
Како да напише. Да напише сценарио, па да го снимиме филмот или да даде предлог за веќе снимен филм што ќе го предложиш во клубот?

Те молам кажи ми дека мислиш на првото, те молам. :D
 
Последно уредено:
Остајте го Ио закочен со прашањава во 2009та
Попис се прави еднаш на 10 години, време е да се преброиме. Земи го на пример Џонтра, пред 10 години омилен филм му беше Сам Дома, или Викенд кај Барни, или Тој Стори. Сега вика Кум, класа човек, пораснат, сменет...
 
Ауу колку неинтересен филм.
Интриги, шпански драми и уште во минато англиско време со тоа косиштата.
Катастрофа.
Ни Малкович не го извади филмот.
 
Ауу колку неинтересен филм.
Интриги, шпански драми и уште во минато англиско време со тоа косиштата.
Катастрофа.
Ни Малкович не го извади филмот.
Таму Глен Клоуз поише го извади од Малкович...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom