НБА сезона 2020/2021

Кои тимови ке изборат плеј ин или плеј оф, покрај овие сигурните (ЛАЛ, ЛАК, ЈЏ, ДН, МБ, БС, МХ, БН)


  • Вкупно гласачи
    101
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140
За жал и Брон меѓу другите никогаш нема да ја достигне таа величина на играчиште бидејќи го нема тоа во него а има само статистики и бројки на хартија.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.009
Поени од реакции
5.663
За жал и Брон меѓу другите никогаш нема да ја достигне таа величина на играчиште бидејќи го нема тоа во него а има само статистики и бројки на хартија.
Која величина, на Данкан и Гарнет? Тој веќе ги има надминато овие двајца, Леброн е Мајкл Џордан + Меџик Џонсон на 21 век :D Нема подобар играч од него и Брајант во последниве 20 години. Нема потреба од дискусии за Џејмс, колку е спремен дечкото покажува тоа што никогаш немаше сериозна повреда, уште од првата сезона до денес на 36 години игра врвно.
Од една страна се величи Стеф Кари кој не може или едвај ќе обезбеди Playoff со Голден Стејт, а секогаш се критикува Џејмс кој носеше тимови во финале со послаби соиграчи од овие на Стеф.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.723
Поени од реакции
12.732
Која величина, на Данкан и Гарнет? Тој веќе ги има надминато овие двајца,
wat


Од една страна се величи Стеф Кари кој не може или едвај ќе обезбеди Playoff со Голден Стејт, а секогаш се критикува Џејмс кој носеше тимови во финале со послаби играчи од овие на Голден Стејт.
WAT ?!
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140
Која величина, на Данкан и Гарнет? Тој веќе ги има надминато овие двајца, Леброн е Мајкл Џордан + Меџик Џонсон на 21 век :D Нема подобар играч од него и Брајант во последниве 20 години. Нема потреба од дискусии за Џејмс, колку е спремен дечкото покажува тоа што никогаш немаше сериозна повреда, уште од првата сезона до денес на 36 години игра врвно.
Од една страна се величи Стеф Кари кој не може или едвај ќе обезбеди Playoff со Голден Стејт, а секогаш се критикува Џејмс кој носеше тимови во финале со послаби соиграчи од овие на Стеф.
"Носел тимови во финале" и што потоа да ги изгуби финалињата зар тоа се стандардите да бидеш меѓу великаните.
Брон го нема тој победнички менталитет тој grind and hustle што го имаа Тими,Гарнет и Коби и токму затоа никогаш нема да биде на тоа ниво,Брон е драма принцеза цела кариера бара оправдувања за неговите неуспеси,де немал играчи па регрутира играчи па повреден бил па лангети носеи и сл.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.488
Поени од реакции
7.983
Данкан беше најдосадниот за гледање затоа што а ја прими топката на пристојно растојание од кош, веќе знаеш дека топката ќе влезе во обрачот.
Коби беше пак најинтересниот за гледање.
Гарнет беше драма :)
Ле Џи Ем... од се по малце, ама никогаш на нивото на овие тројца. Ќе биде славен од оние кои почнале да гледаат НБА со него, ќе биде заборавен кога ќе влезат во прајм Лука, Зајон, Тре, Џа и компанија.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.100
Поени од реакции
34.567
Ma каков Зајон, такво дибече (без шут и без финеса) може само на сила да направи нешто - ама тешко тоа во денешнава НБА каде се судат фаули и за криво погледнување... Мислам видете го Драмонд, пред 10-на 15-на години можеше да биде мини Шек ама во сегашнава НБА не може ни обична пост игра со свртен грб кон кош да се игра, мал допир и дефанзивецот лета како да го клоцнал слон, и автоматски фаул за напаѓачот... Што веројатно и не е нефер кога ќе се види колку се заштитени напаѓачите и колку фаули им се судат на дефанзивците. Но муабетот ми е едка умре времето на дибек играчите кои можат само на сила да играат. Зајон или ќе еволвира во целосен играч или ништо нема да биде од него. Од ова досега што го гледам од него, второто ќе биде.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.009
Поени од реакции
5.663
Без врска се муабетиве за Леброн, на две-три недели ги вергламе цело време... Не дека којзнае колку го пратам, ниту сум негов фан, но факт е дека е најдобар на неговото време. Данкан секако е одличен играч, веројатно најдобриот крилен центар во последниве 20 години, но Леброн е веднаш зад Џордан и Брајант, тоа го покажуваат неговите статистики и статистиките на тимовите во кои играл. Без разлика дали освоил титула или не, 10 финалиња не се за потценување. Кливленд секогаш сам го влечкал кон врвот, гледам па Кајри „рамна земја“ Ирвинг се истури од титули без него.
 
Член од
21 април 2017
Мислења
237
Поени од реакции
703
Коби и Данкан се друга димензија за Леброн.
И не мислам на играчките квалитети - то е субјективно, не мерливо, не игрет исти позиции и никогаш немат да се дојдит до унифициран заклучок по то прашање.

Меѓутоа, тие двајца се нешто кое шо Леброн никогаш немат да е - легенда на една франшиза. И то не на било која, туку на две од најдобрите во последниве 30 години. Главна алка во сите освоени титули (ок Данкан можда не толку во последната, али сепак). Едниот најпознат пример за едноставноста на кошарката ака Mr. Fundamentals, другиот мит и легенда за работна навика и опседнатост со кошаркарската игра. Буквално ко ќе се спомнет тие два поими, тие двајца играчи се првите и последните шо би ти паднале на памет. Препознатливи, со свој печат.

Леброн го немат тој момент, освен можда по прашање на атлетицизмот. Препаметен играч, ама имало и попаметни. Добар лидер, ама имало и многу подобри. Страшна работна етика, ама имало и пострашни. Лојален, не би рекол.
Да не се разбериме погрешно, играчиште е и како суров кошаркар, ете можда и ист/подобар (зависит од вкусот) од Коби и Тими. Ама толку..

Ако се земит се останато во предвид, шо според мене а и многу други вервам дека требит да се земит - овие двајца се сеуште доста пред Леброн, и со оглед дека овој имат 37 и ќе останит така.

Само мое мислење :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.100
Поени од реакции
34.567
Убаво кажано, ама малку смешно е што упорно се повторуваат истиве дискусии... Сакај го или мрази го, Леброн Е играч на генерацијата.

Тоа е еден факт. Друг факт е дека нема споредба со величината на Коби, или Џордан. Тие се на друго ниво, Леброн колку да е над современиците сепак не е на тоа ниво. И секоја чест за Данкан, ѕвер од играч, ама не ми е баш јасно зошто него го спомнувате во ист контекст со другиве. Освен во контекст на воведувањето во халата на славните, мислам дека не му е местото во директни споредби со Коби. Повторно, тоа го велам без никаков дисреспект кон него. Едноставно Коби е друга величина.


Исто не ми е баш јасно зошто не се зборува за АКТУЕЛНИТЕ СЛУЧУВАЊА а и тоа како има за што да се зборува.

Феникс може да биде прв, ако вечер победат против Спарс, а Јута да изгуби против Кингс... Во превод, ќе останат втори. Исто вечер Клиперс ако успеат да ја надтанкаат Оклахома, си гарантираат дека ќе останат на 4-то и ќе ги заглават Денвер на 3-то место. Ама Денвер ако танка против Портланд, ќе ги обезбеди баш Портланд за противник во прва рунда (наместо Лејкерс). Лејкерс ќе останат 7ми, освен ако Портланд некако не изгуби (или Лејкерс да изгубат) и секако идат во плејин против 8-миот од запад. Кој ќе биде тоа, тек ќе видиме - вечер Вориорс и Гризлис меѓу себе решаваат кој ќе биде 8-мо место, а кој 9-то и кој ќе мора да победи 2 утакмици во плејин за да дојде во плејоф. Јака ќе биде таа утакмица меѓу Вориорс и Гризлис. Кој и да победи можно е и пак да играат меѓу себе за неколку дена, овојпат во плеј ин.

На исток Индијана, Вашингтон, и Шарлот, сите се со ист скор 33-38, на 8/9/10. Вашингтон и Шарлот играат едни против други вечерва, и исто како на запад, победникот иде на 8-мо место, а пошто Бостон е 7-мо можно е да се сретнат уште еднаш - во плејин. Како и да е, губитникот ќе биде 10-ти, ако Индијана победи против Торонто (кои се во тенк мод), или 9-ти ако Торонто тепа.


Плејинов (малку слично како Леброн), сакај го или мрази го, ама непобитно донесе неизвесност и интересност каков немало на крај од регуларната сезона. Тимовите ги штедат стартерите само во последните една/две утакмици, за разлика од цели недели порано. Понискорангираните помалку танкаат, ако се блиску до 10-то место, еве Сакраменто тек вчера/завчера испаднаа од трка... Како и да е, има простор за подобрување на концептот, ама мислам се на се дека плејинот е добра новина... Штета само што НБА во алчноста направи пренабиен распоред и имаше толку играчи со повреди.
 

THE-Boss

The Winter is coming
Член од
5 јануари 2014
Мислења
711
Поени од реакции
1.023
Коби и Данкан се друга димензија за Леброн.
И не мислам на играчките квалитети - то е субјективно, не мерливо, не игрет исти позиции и никогаш немат да се дојдит до унифициран заклучок по то прашање.

Меѓутоа, тие двајца се нешто кое шо Леброн никогаш немат да е - легенда на една франшиза. И то не на било која, туку на две од најдобрите во последниве 30 години. Главна алка во сите освоени титули (ок Данкан можда не толку во последната, али сепак). Едниот најпознат пример за едноставноста на кошарката ака Mr. Fundamentals, другиот мит и легенда за работна навика и опседнатост со кошаркарската игра. Буквално ко ќе се спомнет тие два поими, тие двајца играчи се првите и последните шо би ти паднале на памет. Препознатливи, со свој печат.

Леброн го немат тој момент, освен можда по прашање на атлетицизмот. Препаметен играч, ама имало и попаметни. Добар лидер, ама имало и многу подобри. Страшна работна етика, ама имало и пострашни. Лојален, не би рекол.
Да не се разбериме погрешно, играчиште е и како суров кошаркар, ете можда и ист/подобар (зависит од вкусот) од Коби и Тими. Ама толку..

Ако се земит се останато во предвид, шо според мене а и многу други вервам дека требит да се земит - овие двајца се сеуште доста пред Леброн, и со оглед дека овој имат 37 и ќе останит така.

Само мое мислење :)

Ок, горе долу се согласувам со ова што го пиша, ама не можеш да речеш дека Леброн не е легенда на една франшиза, освен ако ја заборави Килвленд.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom