Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 26.100
- Поени од реакции
- 34.567
Да, само ако и Портланд и Далас да ги изгубат следниве две утакмици, само тогаш Лејкерс може да бидат 5-ти. За 6-ти (и прва рунда со Клиперс) треба еден од Портланд или Далас да ги изгубат двете преостанати утакмици. Not happening.Прегледај го приврзокот 295103
Лејкерси можат да завршат петти во само едно сценарио, така да ваљда пре би играле плеј-ин и потоа со Phoenix него со Клиперс во прва рунда
Хаха, како се смеев (баш сега ја догледав утакмицата), абе Вогел не знам што уште не требаше да направи за да изгуби утакмицата... Ај што Леброн и АД не играа (a за Леброн му се испушти во изјава дека не отсуствува заради здравствени причини), и Карусо не играше, ТХТ како единствен плејмејкер (а руки и не му е позицијата плеј), Гасол не игра (повторно иако им фалат плејмејкери), во втора четвртина играат солидни минути не само МекИни туку и Кејкук а посебно вториов е гарбиџ тајм играч и нема никаков шут - и замисли - го стави во игра заедно со Харел (кој исто нема шут, всушност сличен тип на играчи се), и најпровидно од сѐ - не земаше тајмаути цели минути во последна четвртина кога Лејкерс почињаат да губат... Итн, итн.Не знам дали Лејкерс сакаат да завршат 5 или 6, некако не ми изгледа така, иако сметам дека е големо коцкање да играат Плеј-ин, посебно против екипа кај што игра Кари.
Далас имаше најповолен распоред, се'уште се фаворити за петто место, иако зафркнаа работа против Гризлис. Во секој случај, на Запад ќе гледаме одличен плејоф.
Очигледно беше дека планираа барем една утакмица да изгубат од последниве три. Проблемот беше што и Хјустон танкаа.
Оваа со Хјустон беше најтапа утакмица цела сезона, и двата тима играа како на тренинг, ни одбрана ни ништо. Еднаш не ги видовме тренерите да ги искараат за неиграње одбрана.
Лејкерс очигледно решиле дека 7мо место и Феникс во прва рунда им е најдобар почеток на плејоф. И реално така е, Феникс немаат противодговор за АД и општо гледано Лејкерс им се дефинитивно лош мечап. Јута скоро сигурно ќе го задржи прво местото (избегнување на ЛАЛ е добра мотивација. Така да освен некое чудо ако не се деси плејоф сликата на запад е релативно јасна, освен таму во средина на табелата ако не се сменат некои работи (ама тоа нема многу да смени).
Дефинитивно Лејкерс планираа барем една утакмица да изгубат од последниве три, исто ќе биде и во следниве утакмици само сега ќе мораат да го вратат малку во форма Леброн пошто плеј-ин е за 4-5 денови.
ОК, со Никс беше добра утакмица ама само пошто Никс не забушаваа и поштено се натпреваруваа па проработи ривалство кај играчиве на ЛАЛ. Убаво играат Никс, мушка одбрана, тимска игра, Роуз е ѕвер а и Рандл е во животна форма - само не сум сигурен во плејоф како ќе се покаже таа негова доминантно мид-рејнџ игра. Добар одбрамбен состав/тренер релативно лесно ќе го елиминира Рандл како значаен фактор посебно соиграчите ако не можат да ги искористат удвојувањата... Но добро е што Нетс не се одбрамбен тим и баш би сакал да гледам Нетс-Никс серија.
Хаха... Доволно е да ја видиш книгата фришка нова, никаде ништо неизвиткано, се гледа дека прв пат е отворена тогаш за фотографирање.POV: Женска инфлуенсерка wannabe интелектуалка става сториња дека чита книги
Прегледај го приврзокот 295125
Плус кој држи пејпербек со две раце? Освен за фотографирање?