НБА сезона 2020/2021

Кои тимови ке изборат плеј ин или плеј оф, покрај овие сигурните (ЛАЛ, ЛАК, ЈЏ, ДН, МБ, БС, МХ, БН)


  • Вкупно гласачи
    101
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.991
Поени од реакции
74.103
Мене ми личи дека свесно одат кон седмо место, за да ги избегнат Клиперс и Денвер во прва рунда.
 

ilz

Член од
15 октомври 2013
Мислења
4.348
Поени од реакции
3.987
James Harden spoke to the media on Thursday, signaling that he’s on the verge of getting back on the court after battling a right hamstring strain. Harden, who has missed 17 of Brooklyn’s last 18 games, is “very confident” that he’ll be back before the postseason.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.100
Поени од реакции
34.567
Мене ми личи дека свесно одат кон седмо место, за да ги избегнат Клиперс и Денвер во прва рунда.
Јута/Феникс се подобар мечап за во прва рунда. Не дека „свесно/намерно“ танкаат, ама ете Леброн не игра (а веројатно може) па сега ти види. :)
Во врска со плејинот, one-and-done е незгодна работа... Ама ако не можат да победат една против Вориорс или против Гризлис/Спарс, тогаш ионака немаат што да бараат во плејоф.

Плус на Лејкерс им фали и играње заедно, не вежбаат 5 на 5 заради набиениот распоред. Никако да изиграат неколку утакмици Леброн/АД со Драмонд, а се гледа дека човекот е толку еднодимензионален да му треба некој „на лажичка“ да го храни и да му создава игра, да му се додаваат топки под кош само во специфични позиции каде тешко ќе може да ги усере (пошто усерува во 80% од ситуациите).

Драмонд испадна дека многу лошо се уклапа во овој состав на ЛАЛ без Леброн. Не само тоа туку и не се труди во скокови, не гради простор, елементарни работи. Во одбрана е тешка труба, во напад е уште полош. Мислев во годинава пред нов договор дека ќе се труди повеќе од вообичаено... Навистина не верував дека ќе испадне вака, ама Гасол со целата негова неодлепивост од земја, е многу покорисен играч и во напад и во одбрана. И тоа се гледа од сите утакмици досега.
Теоретски, но само теоретски, работите за Драмонд би можеле да се свртат со комплетирањето на составот со Леброн во плејоф. Останува да се надеваме. Што друго останува на крај? :)
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.723
Поени од реакции
12.732
Што сака нека биде, само Денвер-Далас да не биде уште прва рунда :/
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.488
Поени од реакции
7.983
Што сака нека биде, само Денвер-Далас да не биде уште прва рунда :/
За тоа треба Нагетс да ги поминат Клиперс, а според распоредот што го имаат, малку потешко...
Клиперс од сериозни екипи имаат да играат уште со Никс.
Нагетс имаат да играат со Нетс и со Блејзерс.
Така да... малку тешко со оглед на фактот дека Блејзерс имаат многу потежок распоред од Маверикс.

Како и да е. Ако Лејкерс јадат метла во Плеј-Ин со ЛеБич во тим ќе биде општонародно весеље :)
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140
Загрижувачки е и веќе се гледа дека Брон се помалку ќе може да игра и се повеќе ќе отсуствува од паркетот а има договор со Лејкерс уште 2 години 85 милиони,АD има договор уште 4 години 155 милиони и кап спејсот на Лејкерс наредниве две години ќе им биде закопан и нема да можат многу да направат со потпишување на квалитетни играчи и ако сезонава не успеат да стигнат до пехар следните две сезони шансите ќе им бидат се помали.Но тоа е цехот што ќе треба да го плаќаат за освоениот пехар од лани.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.100
Поени од реакции
34.567
Oва го заклучи од повреда нанесена од несмасност (злонамерност?) на друг играч?
Конкретнава повреда на глужд e почеста во NFL/NHL пошто се поконтакт спортови, и често по пола сезона губат на заздравување.

А за цехот што го плаќаат Лејкерс, како што сам кажуваш барем добија нешто конкретно за возврат. Што да кажат други тимови за цеховите што ги плаќаат, Хјустон на пример што доби за исполнувањто на сите глупи желби на Харден (за соиграчи)?


На крај Лејкерс сеуште се шампиони, и ќе бидат се додека некој друг не победи во следново финале на плејофот... AKO победи некој друг - пошто сеуште ништо не е готово.
Дотогаш...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom