UEFA Champions League - Season 2020/21

Кој ќе биде шампион на Европа оваа сезона?


  • Вкупно гласачи
    104
  • Гласањето е завршено на .
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.479
Поени од реакции
4.642
На transfermarkt.com гледам трошења во последните 5 години во Премиер Лига. Сити потрошил 631 милиони, а Манчестер Јунајтед 553 милиони евра. Може кајгана експертиза да ми објасне зошто на толку мала разлика во потрошени пари Сити во последниве 5 години има многу поголеми успеси од Јунајтед?

Не дека и другите екипи се за жалење, ама мене конкретно ме интересира за Сити-Јунајтед, зошто Сити се многу поуспешни од Јунајтед иако имаат потрошено речиси исто пари во последниве 5 години?
Абе реално сеа, Сити не почна тим да гради од нула, а додека пак Јунајтед, колку и да не ги сакам, реално на скоро секоја позиција се климави, или немаат замена во случај на повреди. И сега може им фалат 2-3 играчи и тоа солидни, за да пробаат да нападнат некоја посериозна титула. Една сезона одбраната им е коска, напред нема кој гол да даде, друга сезона нападот е по 1-2 гола минимум на утакмица, ама ќе примат пацерски гол или два и нишо нема да направат. Сити и со Пелегрини/Манчини и кои други да беа имаа победнички тим да речам. Не вонсериски, ама конкуретни за титула уште пред Пеп да ги земе :)

Е сега тоа што има хејтери на Пеп тука насобрано и го негираат неговиот целосен успех во титули е друг муабет. Тука за Пеп се збори ко да е тренер на готово, добива тоа што ќе посака (што е и точно во голема мера), а другите двојат од уста за да докупат играч, претставени како да се тренери на треторазредни екипи од типот на Парма, Сасуоло, Леванте, Палас и остали...
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
На transfermarkt.com гледам трошења во последните 5 години во Премиер Лига. Сити потрошил 631 милиони, а Манчестер Јунајтед 553 милиони евра.
Апсолутна лага и невистина.
Во последните 5 сезони односно од сезоната 2016/2017та заклучно со 2020/2021 Манчестер Сити на трансфери потрошил 946 милиони евра.
Манчестер Јунајтед 774 милиони евра.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.322
Поени од реакции
4.238
Сити во последните три прелазни рока, од 2018/2019 наваму е во негативно салдо од околу 200 милиони од трансфери. Што не е мнпгу со денешниве цени.

Пеп грешките ги напраи мислам дека втората сезона коа у една сезона ги купи Менди, Лапорте и компанија и фрли 300 милиони.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.647
Поени од реакции
22.380
Пеп е одличен тренер, вондреден и великан. Ама не е Бог над Боговите. Секогаш имал одлични тимови и играчи, можност да трансферира повеќе од други и со тој огромен потенцијал и да вади успеси. Ама никогаш го немал предизвикот како Клоп, пример земаш Дортмунд од дно и го враќаш во живот. Од Гроскројц и Шмелцер правеше играчи на терен да изгледаат како Богови. Од тоа време Дортмунд денес црпи. Исто така Ливерпул. Го преземаш после долга суша, име ама просек. За 2-3 години правиш машинерија која гази низ Европа. Овие дела се толку големи повеќе вредат од сите титули со Пеп со оној Барса и Меси во прајмот или Сити со оној ростер на играчи.
 

faust.mephistopheles

Aga Aganlija
Член од
9 декември 2014
Мислења
754
Поени од реакции
1.636
Сити во последните три прелазни рока, од 2018/2019 наваму е во негативно салдо од околу 200 милиони од трансфери. Што не е мнпгу со денешниве цени.

Пеп грешките ги напраи мислам дека втората сезона коа у една сезона ги купи Менди, Лапорте и компанија и фрли 300 милиони.
Zosto greski? Prvata sezona so Zabaleta, Kolarov i slicni botovi dno probi.
Uvide Pep deka taa defanzivna linija e najgolemiot nedostatok i tamu investirase najmnogu. Od site tie flop transfer mu bese Bravo, drug ne se sekavam da imase. So tie pari si go sredi i sredniot red i napadot + Foden od mladite i momentalno raspolaga raspolaga 2 vrvni tima konkurentni vo site natprevaruvanja.

P.S: Toa sto go nasledi od Pallegrini se samo 5 kvalitetni igraci (Aguero, Ture, Kompany, Fernandinho, Silva) od koj Ture skoro I da ne igrase, Kompany bese poveke povreden nego zdrav. Silva i Aguero mu bea poskednive nekolku godini taka poveke standardni.
Taka da tvrdenjata deka nasledil nekoj tim od predhodniot menadzer se nevalidni.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.348
Поени од реакции
26.350
Пеп е одличен тренер, вондреден и великан. Ама не е Бог над Боговите. Секогаш имал одлични тимови и играчи, можност да трансферира повеќе од други и со тој огромен потенцијал и да вади успеси. Ама никогаш го немал предизвикот како Клоп, пример земаш Дортмунд од дно и го враќаш во живот. Од Гроскројц и Шмелцер правеше играчи на терен да изгледаат како Богови. Од тоа време Дортмунд денес црпи. Исто така Ливерпул. Го преземаш после долга суша, име ама просек. За 2-3 години правиш машинерија која гази низ Европа. Овие дела се толку големи повеќе вредат од сите титули со Пеп со оној Барса и Меси во прајмот или Сити со оној ростер на играчи.
Не вредат повеќе, прашање на преференци е. Имаш лудаци ко Биелса што се опседнуваат со водење на мали екипи и скаутирање играчи од селски лиги. Имаш такви ко Фергусон што сакаа да направат империја. Пеп сака да направи револуција, да го реформира фудбалот. Клоп сака да воскреснува тимови, ама откако ќе ги воскресне како да губи енергија. Секој со својата болест.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.647
Поени од реакции
22.380
Не вредат повеќе, прашање на преференци е. Имаш лудаци ко Биелса што се опседнуваат со водење на мали екипи и скаутирање играчи од селски лиги. Имаш такви ко Фергусон што сакаа да направат империја. Пеп сака да направи револуција, да го реформира фудбалот. Клоп сака да воскреснува тимови, ама откако ќе ги воскресне како да губи енергија. Секој со својата болест.
Пеп е паметен на време оди. Клоп го промашува моментот. Фокусот ми беше на делата со краен успех титула. На крај Пеп и Клоп се борат за исто, титули на највисоко ниво. Што е разлика према Биелса или други тренери кои гледаат најдоброто од даденото да извадат. Едно време фудбалот на Пеп беше револуција ама мислам е надминат веќе исто така како Гегенпресингот на Клоп кои беше матиран ама и едниот и другиот се прилагодуваат и менуваат. Затоа двајцата ги гледам на ист ранг али за мене лично патот на Клоп беше поголем предизвик и на крај резултира со помалце титули него кај Пеп иако се истите на крај.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.857
Поени од реакции
12.140
@vidooq @ManUtdChampions

Јасно ми е мене тоа, циничен бев пошто овде на форумов за да се омаловажат успесите на Пеп откако е дојден во Сити упорно се зборува за тој фамозен неограничен буџет, а реалноста е дека и другите тимови во ПЛ трошат многу. Плус, да не ги заборавиме и ПСЖ, Барселона, Реал Мадрид, па и Јувентус се изнафрлија пари, а немаат ниту успеси, ниту стабилност додека Сити има изграден систем и утре било кој тренер да дојде ќе има готов тим за правење успеси. Додека пак Реал, Барса и Јувентус се во проблеми и којзнае колку време ќе им треба за да се опорават од нивните лоши трансфер политики.

Друго, поентата ми беше дека фрлање пари не е гаранција за успех per se посебно ако тие пари не се плански потрошени од луѓе кои разбираат фудбал. Сити вложува големи пари уште од пред цирка 15 години почнувајќи од Таксин Шинаватра, па после Арапиве, ама позначајни успеси имаат тек сега, а може да се каже дека купуваа позвучни имиња од сега. Тевез, Агуеро, Балотели, Давид Силва, Јаја Туре, Насри, Џеко, Клиши, Бери и тн. И што успех имаа со Манчини? Едвај една титула освоена на гол разлика, а во другите години едвај изборувајaа место во ЛШ. После со Пелегрини исто само една ПЛ, и тоа дека Ливерпул ја чоукна. Ај сега направете споредба со успесите и импактот што го има Пеп во Сити. Огромна разлика. Значи не била работата „ама Пеп има неограчен буџет :(“, туку тоа дека Пеп има визија, идеја, и знаење.

Еве и со другите клубови споредба, Барселона на пример. Ме мрзи да гуглам, ама сигурен сум дека имаат потрошено многу повеќе од 2014 навака од периодот Пеп кога беше тренер во Барса, а успеси дупло помали од тој период. Кај Јунајтед на пр, Ферги кога се пензионираше на Мојс му остави готов шампионски тим, па пак Јунајтед доживеа бродолом и се уште не е на нивото од времето на Фергусон. Додека Јунајтед троши 80 милиони фунти за Мегваер и се теши дека не е флоп, Сити го купува Диаз за 65 милиони и веќе во првата сезона ги исполнува очекувањата. Ова е само еден пластичен пример колкава разлика е кога Пеп одбира играч и кога одбира Оле. Затоа Пеп е тренер кој има најголема доверба и најголема слобода од сите тренери во моментов. Најсмешно е на форумов на тој начин се оспорува, а всушност е обратно, за да дојдеш до тоа ниво треба да имаш резиме и углед позади себе. Муабетите дека треба да оди во Гетафе и со мал буџет да направи успех е смешен. Мислам ај ако не некој сениор програмер со висока плата нека се врати пак да биде џуниор со мала плата. Муабет за 6то одделенци.

П.С @Джонтра Вохохолта, го едитирав постот имаш линк до изворот, од тие што ги изгуглав ми се видоа како најрелевантен извор.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.963
Поени од реакции
67.740
Не сме се разбрале. Јас никаде не му го оспорувам успехот на Пеп како тренер, иако мислам дека требаше да има позначајни успеси во ЛШ со Сити, каде што неколку години ја прекомплицирува работата со составот и испаѓа од послаби екипи.

Ама пари се многу, ама многу битна работа за успех во фудбалот, а Сити, покрај ПСЖ делуваат како да имаат машина за штанцање на пари. Потоа иде тренерот, па луѓето зад клубот.

Не викам дека нема да се случи некоја екипа со смешен буџет да освои ЛШ или ПЛ, како Порто на Мурињо, или Лестер што освои ПЛ. Но генерално, не постои екипа која станала шампион, а која не вложила огромна пара во тимот. Клоп е феноменален тренер, ама се дур не почна да тресе огромни суми за играчи, не освои ниту ЛШ ниту ПЛ. Чинам дека го сруши рекордот за највисок трансфер за голман, и за дефанзивец потоа.

Ова се негови зборови, пред да сфати колку е саатот:

"Other clubs can go out and spend money and collect top players. I want to do it differently. I would even do it differently if I could spend that money."

Општата перцепција за Пеп е дека каде и да оди, во најголемиот дел од случаите му удоволуваат околу трансфер побарувањата. Јас на тоа гледам како тренер кој има репутација да бара такво нешто.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.939
Поени од реакции
116.438
Општата перцепција за Пеп е дека каде и да оди, во најголемиот дел од случаите му удоволуваат околу трансфер побарувањата. Јас на тоа гледам како тренер кој има репутација да бара такво нешто.
Точно. Затоа и викам/е дека Пеп има привилегии како ниеден друг менаџер на светот да ги добива играчите што ги сака. Секако тука заслужни се и луѓето што ги прават трансферите, ама главната улога ја играат парите. И врапчињата на гранка знаат дека Сити и ПСЖ незаконски пумпаат пари во клубовите, впрочем затоа и беше двегодишниот бан за Сити али јбг кај што има сила нема правдина. Од тука и коментарите дека ДО СЕГА Пеп потфрла во ЛШ во пост Барса ерата, особено во Сити. Што сака нека е сепак Монако, Тотенхем и Лион се нивоа испод Сити од секој ебан аспект.

Али од друга страна и глупо е да му се одзема целокупниот ефект на Пеп врз Сити како клуб, им постави основа за следните 10 години ако евентуално утре си отиде. Плус победничкиот менталитет, стилот на игра итн итн.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.763
Поени од реакции
52.740
@Stefan-kobe, @vidooq поентата ми беше дека џабе и билион да троши секое лето, доколку не е елитен тренер нема да ги има истиве успеси. Колку и да му е се по желба, мора и да те бива ептен за на крај сето тоа да го претвориш во успех. А сите тие инвестиции и доверба ги има заслужено затоа што од прв ден како тренер има успех.
Еве на Лампард му исполнуваа желби и ништо не направи. Затоа покрај огромни трошења мора да имаш и елитен тренер. Просечниот со истите инвестиции може ќе те донесе и до 80%, ама за последните 20% ти треба класа. Сити да го земеше Стив Брус и да му дадеше дупло повеќе пари од Пеп, пак немаше да ги има истите успеси.

Пеп мораше подобро во ЛШ до сега, сите сме согласни за тоа.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.744
Поени од реакции
22.927
Фарсашите сега за Челзи навиваат а у финале сигурно за Пеп :pos:
Ма јок. Со цело срце навиваме за Реал секогаш и во секое време. И против Пеп, се разбира.
До кога бе со овие "досетки"? Шо, демек чудно и смешно е да се навива за тим кој игра против најголемиот ривал? Боже сачувај.
Демек да играат Барса против Челзи, вие франковците (пандан на твоето "фарсаши") ќе навивате за Барса? :pos:
Нормално дека не, ќе навивате против Барса, со било кој да игра.
Или ова во финалето за Пеп ќе сме навивале. Не, нема да навивам за никој, неутрален сум, ме заболе кур за Челзи и Сити, а нормално дека би ми било драго Пеп како легенда на Барса да освои ЛШ сезонава.
Демек утре ако Зидан или Касиљас (додуша за Касиљас не сум сигурен, го избркаа од Реал како куче) како тренери на некоја рандом екипа играат финале во ЛШ, ти не би сакал да освојат. Ма немој.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
На темата за најдобри тренери... каде го ставате Зидан?

Дали тренери кои цела кариера се со една екипа и редат успеси со нив треба да се докажат во друга екипа или ги перцпеирате како "систем тренери"?

Нели, не е само Зидан, има многу тренери кои имаат титули зад себе а сепак не се популарни на нивото на Пеп или Мурињо или шо знам
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.322
Поени од реакции
4.238
На темата за најдобри тренери... каде го ставате Зидан?

Дали тренери кои цела кариера се со една екипа и редат успеси со нив треба да се докажат во друга екипа или ги перцпеирате како "систем тренери"?

Нели, не е само Зидан, има многу тренери кои имаат титули зад себе а сепак не се популарни на нивото на Пеп или Мурињо или шо знам
За мене, после Пеп и Клоп, Зидан е моментално одма после нив. Неверојатно го разбира фудбалот. Да не е толку тврдоглав, да не ги пуштеше Одегард, Јович, Бејл... мислам дека сигурно ќе имаше некоја титула и годинава. Премиера не е исклучена и сега де.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.313
Поени од реакции
19.782
Сити во последните три прелазни рока, од 2018/2019 наваму е во негативно салдо од околу 200 милиони од трансфери. Што не е мнпгу со денешниве цени.

Пеп грешките ги напраи мислам дека втората сезона коа у една сезона ги купи Менди, Лапорте и компанија и фрли 300 милиони.
Како бе не е многу 200 милиони за две сезони ??
Исто е да ти ги распродаваат играчите секоја сезона и да ти носат нови засилувања по желба без претходно да мора да продаваш клучни играчи ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom