Абе реално сеа, Сити не почна тим да гради од нула, а додека пак Јунајтед, колку и да не ги сакам, реално на скоро секоја позиција се климави, или немаат замена во случај на повреди. И сега може им фалат 2-3 играчи и тоа солидни, за да пробаат да нападнат некоја посериозна титула. Една сезона одбраната им е коска, напред нема кој гол да даде, друга сезона нападот е по 1-2 гола минимум на утакмица, ама ќе примат пацерски гол или два и нишо нема да направат. Сити и со Пелегрини/Манчини и кои други да беа имаа победнички тим да речам. Не вонсериски, ама конкуретни за титула уште пред Пеп да ги земеНа transfermarkt.com гледам трошења во последните 5 години во Премиер Лига. Сити потрошил 631 милиони, а Манчестер Јунајтед 553 милиони евра. Може кајгана експертиза да ми објасне зошто на толку мала разлика во потрошени пари Сити во последниве 5 години има многу поголеми успеси од Јунајтед?
Не дека и другите екипи се за жалење, ама мене конкретно ме интересира за Сити-Јунајтед, зошто Сити се многу поуспешни од Јунајтед иако имаат потрошено речиси исто пари во последниве 5 години?

Е сега тоа што има хејтери на Пеп тука насобрано и го негираат неговиот целосен успех во титули е друг муабет. Тука за Пеп се збори ко да е тренер на готово, добива тоа што ќе посака (што е и точно во голема мера), а другите двојат од уста за да докупат играч, претставени како да се тренери на треторазредни екипи од типот на Парма, Сасуоло, Леванте, Палас и остали...