Ја и даље стојам на ставот дека Баерн ќе прими 16 гола од Сити доколку би играле. Ненормално многу летаат напред и фураат физички презахтевен стил на фудбал. Мислам ок, не е тоа лоша опција, ама против екипи што имаат брза и јака транзиција имаат доста проблеми. Дури денес според мене ПСЖ одигра под нивото иако тепаа и дадоа 3 гола, не викам дека требало 14 да дадат ако беа на ниво пошо реално од 4 шанси искористија 3, ама некако млитаво и бледо ми изгледаа. Немаат средина, Верати кога не игра мораат со сите копачи да бидат и кога играат против екипи кои играат високо ко Баерн имаат ептен мака во организација на напади. Среќа за нив ги имаат Мбапе и Нејмар кои се вонсериски играчи па може да измислат шанси и голови во секое време, впрочем како што тоа беше случај денес.
Одбраната на Баерн има една огромна нула денес, блам дупнаа сите до еден. Вреди да се издвои перформансот на Навас, како пантер бранеше денес и општо е еден од најпотценетите голмани у последниве десетина години.
Не е ништо решено овде, Баерн ќе тргне ултра офанзивно у реваншот у тоа сум убеден, е сеа ако дадат гол рано ќе биде интересно, ама ако ги зачекаат на контри тогаш може пак да им бутнат 3 или повеќе голови.