Идеме со еден драгонски стајл коментар:
Допрва ќе биде интересно за ЛШ и опстанок.
Денеска Милан им направи услуга на конкурентиве, и сите освен Рома победија.
Милан освен Џенова и Сасуоло, сите други натпревари им се со екипи кои се борат за Европа или опстанок.
Аталанта им следат тешки 3, една две не толку тешки и потоа против екипи кои се борат за опстанок се до финалето на купот кое е 4 дена пред последната утакмица со Милан која може да биде одлучувачка за ЛШ.
Наполи треба да играат со Јуве и Фиорентина во гости. Го пречекува Лацио и Интер па Торино, Каљари и Специја кои се очајни за бодови.
Јуве им следуваат две многу битни на кој не смеат да испуштат поени. Денешната и таа во среда против Наполи.
Потоа имаат некои тешки гостувања како Аталанта и Фиорентина а треба да ги пречекаат Интер и Милан.
Од екипите за испаѓање само Парма и Торино им преостануваат, а они оваа сезона на такви натпревари изгубија многу поени.
Лацио денеска да кикснеше најверојатно ќе беше аут во битката за Европа, ама извадија гз и сеуште се тука некаде.
Рома фанс нека се молат на ЛЕ, тешко ми изгледа за нив топ 4.
Допрва треба да играат со Аталанта, Лацио и Интер а останатите утакмици им се со речиси сите кои се борат за опстанок.
Заостануваат 5 бода зад Наполи и утакмица повеќе.
Од опстанокот најмногу разочарува Каљари. Супер екипа, која во други околности би се борела за топ 10.
Што се случува кај нив, никој не знае. Јасно е само дека шансите за опстанок им се многу мали, а ништо чудно и Торино тука да ме демантира па да испадне од нигде никаде.
Парма и Кротоне според мене се веќе во Серија Б, освен ако не прават млекарите циганската.
Мислев дека Беневенто и Специја ќе испаднат со Кротоне, но минатиот натпревар помеѓу Специја-Каљари 2-1 ме убеди во спротивното и сега повеќе шанси и давам на Специја.
Се на се, одамна немало волку интересна завршница во лигата, особено во битката за ЛШ. Како изгледа, меѓусебните дуели ќе бидат одлучувачки.