Ова ако е глума за Оскар ондак јас одговорно тврдам дека со добар режисер и добро сценарио ќе иам сигурно 2 Оскари. Значи ако немаат квалитет жениве да добиваат Оскари у 2 конкуренции на главни и споредни актерки нека дадат 1 Оскар или нека дадат 2 Оскари од иста категорија. Не може Рејчел Вајс да добива Оскар а онаму Чарлиз Терон да остане со празни раце за улогата во North Country. Не ми текнува какво издание имаше МекДорманд таму ама гарант е боље од ова на Вајс. Па уште сте попаѓале у несвест. вововововово многу јака глума, пичку матерну, невидено нешто до сега.
И после сметала Мерил Стрип што има милијарда награди и номинации.
Ејми Адамс ќе нема Оскар ама затоа секакви актерки ќе имаат.
Оооооооокккккккк.
Ако сакал режисеров да не фати на карта емоции, грдно се заебал што го земал Ралф Финс, па поантипатичен и лик со 0 емоции у него едино Мајкл Даглас и Том Круз.
Кој си бе ти друже?
Имаше убав тек филмов, малце превише нафрлани работи.
Со кого сакаше да сочувствуваме режисеров? Со црнците во Кенија над кои се вршат секакви тестирања со лекови? Не видовме апсолутно ниедна сцена за да си речеш бреј греота луѓево глеј што им праат.
Со Џастин и неговата загуба на жена му и бебето? Па со таква глума не би сочувствувал ни татко да си ми.
Тоа сцената со бебето нешто ко да сакаше да не држи во неизвесност, нели цело време не наведуваше на наводна врска меѓу Теса и Арнолд и оппп оваа дои црно бебе па ќе си речеме сеа бебево е негово. Ама, она вика нивното умрело а тоа е дете на една мајка која се наоѓа на смртна постела.
После коа збореше со Синди мислев ќе му каже дека фактички бебево е нивно ама го лажат Џастин дека ќе го посвојат пошто мајката ќе умре.
Пола филм ни идеше со теории и наведувања на неверство, и беше океј, не носеше на помисла дека овој им спремал убиство па остануваше да видиме како било изведено сето тоа.
Ок, после сцената со бебето филмот добива сосема друг тек, идеме сега со борба против фармацевски компании, со тестирање лекови над недолжен народ. И со ова бев океј, ама се раздолжи превише, се уплеткаа многу ликови, многу сцени, повеќето небитни. Не мораше оваа да биде трудна за да дознаеме (не само ние, туку и она) за криминалот и тестирањето лекови. Тука само режисерот си направи проблеми пошто еве има милион замерки за нивното понашање после таквата загуба.
Све сакал режисеров, и плот твист, и љубов, и криминал, и убиство, и емпатија, и играње со камера, и кадри, и долги сцени, и прикажување на африканска култура, све у едно.
Мене не ми сметаше у целина ама дефинитивно не е филм што би го глеал пак. Можеби би му го предложил на Стекот ако почне да замара и да бара филм, и да досаѓа со друг, друг, друг, нејќам овој, дај друг, друг...
Во интересен момент се погоди, да гледаме филм за криминал со тестирања лекови и вакцини, знаејќи во каков период се наоѓаме, па ме замисли малце повеќе што се дешава на големата слика.
Ќе му дадам 6ка.