UEFA Champions League - Season 2020/21

Кој ќе биде шампион на Европа оваа сезона?

  • Вкупно гласачи
    104
  • Гласањето е завршено на .

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.212
Поени од реакции
18.344
Двете одлуки на Орсато беа одлични.

Она на Савиќ не е нешто страшно, ама удар со лакт во стомакот со намера е црвен картон.

Она во првото, можеби послаб судија под притисок ќе свиреше црвен и пенал, ама затоа во нокаут фаза такви не треба да судат. Само што осети контакт, се фрли како покосен.

Куиперс и Орсато се на ова ниво баш заради тоа што делат од просекот и не носат клише одлуки, онака како што сите мислат дека треба.

Не за џабе ги судат најважните мечеви.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.444
Поени од реакции
7.726

Али затоа удар со копачка во фаца каде што нема теорија да стигнеш до топка е само 'потенцијален' црвен за кој ВАР 'би' требало да реагира ама и нема потреба...
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Прашањето е дали имаше намера за Савиќ или беше само обично кошкање во шестнаесетник. Ако имаше, онда ок
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.797
Поени од реакции
2.351
После некој ќе рече Италијанската лига била квалитетна, а нема ниту една нивна екипа во наредна фаза.

giphy.gif
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.826
Поени од реакции
67.199
Уф, сега гледам каква глупост направил Аспеликвета, среќа негова што не отишло ова на ВАР, би ги вратил Атлетико во игра 100%...

Заслужен пролаз на Челси, делуваат како екипа која игра со голема самодоверба. Атлетико, не разбирам што очекуваа дека ке се случи играјки го она што го прикажаа вечерва. Очекував нешто повеќе од нив.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.773
Поени од реакции
115.686
Она на Савиќ не е нешто страшно, ама удар со лакт во стомакот со намера е црвен картон.
Не, не е, зашо не го удри него го кошкаше. Ако судат вакви црвени Ибра ќе јаде секоја утакмица црвен. Пошо веќе ги опомена најреално ќе беше жолт пошо Савиќ продолжи и покрај тоа што доби опомена. Лошо судеше Орсато вчера, имаше и 2-3 чисти фаули над Феликс и Суарез што не ги досуди, мислам и еден очигледен доле по аут линија врз Алонсо. Али ок, тоа спаѓа во групата нормални грешки, а пеналот и црвениот се веќе сериозни работи. За пеналот, можеше барем да гледа ако ништо друго.

Мене не ми е јасно ова со ВАР системот, значи ако некој судија е цврсто убеден во својата одлука нема менување, така? Може и играчот со копачка у глава да му влезе на противникот ама ако судијата мисли дека нема црвен тоа е тоа... Глупости на квадрат али ајде, и така од утакмица во утакмица се покажува дека неговата примена е смешна.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.725

Ако судијата на терен е сигурен во својата одлука, а тој од ВАР не му вика 100% си грешка, нормално дека нема да смени. Треба да оди да гледа и да мења одлука само ако е јасна грешка. Оноа од Азпи некој би го судел, некој не. Ако судијата на терен ја видел ситуацијата, а ВАР му пренел па не сум сигурен, може е, може не е, која е поентата на гледањето.

Тоа е и најголемиот проблем на ВАР уствари, што го користат за се. А не беше тоа целта. Целта беше да се користи само за јасни и очигледни грешки, ситуации кои судиите на терен нема да ги приметат. Значи грешки кои од прво гледање знаеш дека 100% се грешки. А не да треба 5 минути да гледаш успорени снимки од 100 различни агли за да можеш да донесеш одлука. Ако видиш можен офсајд ама е блиску и мора да црташ линии, остај го. Ако видиш нешто спорно за што не си сигурен и мора и ти и главниот судија да го прегледувате 100 пати, остај го. Не се тоа очигледни грешки кои мора да се избегнат. Ама ептен забегаа со примената пробувајќи целосно да ги отстранат грешките, а со тоа само прават повеќе грешки, нормално. И не верувам да се вратат на тоа како беше иницијално замислено да се користи ВАР.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.773
Поени од реакции
115.686
Целта беше да се користи само за јасни и очигледни грешки, ситуации кои судиите на терен нема да ги приметат.
Па еве вчера за црвениот, според цел свет е грешка, но не и според Орсато и тука имаме проблем. Исто е и за пеналите (не за овој вчера, општо зборам), и пак доаѓаме до тоа дека џабе и ВАР и се, ако судијата решил да досуди нешто тоа е тоа.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.931
Поени од реакции
23.720
После некој ќе рече Италијанската лига била квалитетна, а нема ниту една нивна екипа во наредна фаза.

Прегледај го приврзокот 288430
Досега беше 5та по квалитет знаејќи дека француската и германската се каде каде бољи. А за две сезони откако ќе се формира БеНе Лига најверојатно ќе биде 6та по квалитет.
Ма да сега ме замисли со ова, гледам и Португалија имаат сеуште преставник во ЛШ, може комотно италијанската да се стави на ниво на украинската или руската.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.725
Па еве вчера за црвениот, според цел свет е грешка, но не и според Орсато и тука имаме проблем. Исто е и за пеналите (не за овој вчера, општо зборам), и пак доаѓаме до тоа дека џабе и ВАР и се, ако судијата решил да досуди нешто тоа е тоа.
Па не е така. Секако последниот збор мора да го има судијата на терен, иначе нема поента да е на терен. Но може судијата да е сигурен во одлуката, ама ако ВАР му рече 100% грешиш, мора да оди да провери. Да не се навраќаме дека на почеток голем проблем беше (посебно во Англија) баш тоа што последниот збор го имаше ВАР наместо главниот судија и им ги мењаа сите одлуки без да имаат шанса сами да проверат. Ако е очигледна грешка, мора да ја смени, џабе решил.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.585
Поени од реакции
22.303
Lagano Tuchel go pomina Atletiko.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.725
Како што гледаш НЕ ГИ МЕНУВААТ, тоа пробувам да ти кажам.
Па не сменија затоа што не беше очигледна грешка, туку е ситуација за која слободно може да се досуди црвен. Дури и да го пратеа да гледа, пак ист ќе беше заклучокот, посебно па знаејќи дека ги предупреди претходно Тоа пробувам јас да кажам. Иначе на скоро секој натпревар мењаат одлуки на судијата така да не можеш да кажеш дека е џабе.

И да. "Кошкање":

Очигледен лакт со намера:

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.671
Поени од реакции
14.552
Колку грда екипа Патетико, Боже мили.

Па и кога ќе ја прочитам онаа од битолските чикмаци како ми зборува за некаков си „успех“ во ЛШ... х'к, ПУ!!!
Mрш, дај Боже Барса да ги помине на табела, има да и мочам во кујната (во која ја Емитира мајка и) од Пелистер.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.773
Поени од реакции
115.686
Па не сменија затоа што не беше очигледна грешка, туку е ситуација за која слободно може да се досуди црвен. Дури и да го пратеа да гледа, пак ист ќе беше заклучокот, посебно па знаејќи дека ги предупреди претходно Тоа пробувам јас да кажам. Иначе на скоро секој натпревар мењаат одлуки на судијата така да не можеш да кажеш дека е џабе.

И да. "Кошкање":

Очигледен лакт со намера:

Не ти зборев само за овој меч, општо. Ама ај, ќе те начекам у ПЛ како квичиш по судии и ВАР па ќе те потсетам на овие постови.

А ова ако ти е црвен иди глеј балет или уметничко лизгање.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom