93 американски филмски награди (Оскари 2020/21)

Кој филм е твој фаворит за Оскар за најдобар филм од 2020


  • Вкупно гласачи
    18
  • Гласањето е завршено на .
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136
Better days лапна номинација. Јеееј. Сега навивам за Оскар. :love:

Фала богу факинг лезбосиве не добија.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.892
Поени од реакции
6.166
Од она што имам гледано, дефинитивно оваа е една од послабите филмски години.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.988
Поени од реакции
37.271
Better days лапна номинација. Јеееј. Сега навивам за Оскар. :love:

Фала богу факинг лезбосиве не добија.
Да, ама криво ми е за A Sun и Sun Children. Collective не заслужи ич. А овој тунискиов, најголемо изненадување испадна.

Инаку, во предвидувањата, Better Days од Хонг Конг беше на последно, 15 место.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.797
Поени од реакции
1.704
Да, ама криво ми е за A Sun и Sun Children. Collective не заслужи ич. А овој тунискиов, најголемо изненадување испадна.

Инаку, во предвидувањата, Better Days од Хонг Конг беше на последно, 15 место.
Можеби политички бидејќи доаѓа од Кина и е лажно претставен како Хонг Конг, да беше вистински филм од ХК и да се бави со протестите во ХК и опресијата на комунистичката партија ќе видиш како веднаш оди на прво место.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136
Да, ама криво ми е за A Sun и Sun Children. Collective не заслужи ич. А овој тунискиов, најголемо изненадување испадна.

Инаку, во предвидувањата, Better Days од Хонг Конг беше на последно, 15 место.
Секогаш има некој што неочекувано ќе го номинираат. Ако добро памтам и Ханиленд лани не беше баш во предвидувањата дека ќе добие номинација, ама ја доби.

Него и Бугариве имаат коњ за трка. :D
Таа Мариа од Борат 2 скоро читав била Блгарка.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.267
Поени од реакции
84.367
Знаев дека е заебанција Палм Спрингс шо го спомињаа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.988
Поени од реакции
37.271
Немаш пишано за анимиран долгометражен.

Лелеее, Over the Moon е ужасно глуп!
Автоматски споено мислење:

Можеби политички бидејќи доаѓа од Кина и е лажно претставен како Хонг Конг, да беше вистински филм од ХК и да се бави со протестите во ХК и опресијата на комунистичката партија ќе видиш како веднаш оди на прво место.
Ти одговорив еднаш на ова - нема врска од каде е филмот и дали лажно или нелажно бил претставен како ваков или таков. Ако Хонг Конг дал пари за да се сними филм со дејство на месечината, филмот не е од Месечината, туку од Хонг Конг. Лани Шведска ја претставуваше филм во кој се беше грузиско. Ама парите шведски, затоа и филмот не е грузиски, туку шведски.

Сега Better Days е номиниран зашто разработува тема и на начин на кој до сега барем јас не знам дека била прикажана, а е општествен проблем за кој наместо сите да молчат како што молчат, треба низ дебата да се најде решение за истиот. Темата е универзална, отвара многу простор за дебата, и филмот е изненадувачки (бар за мене) добар. Затоа и го гласале и е номиниран. А не дека е лажно претставен како филм од Хонг Конг, ко што велиш. Да била Кина толку моќна во филмската индустрија, ќе имаше и сега, и минатите години свои претставници меѓу номинираните. А нема.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Него и Бугариве имаат коњ за трка. :D
Таа Мариа од Борат 2 скоро читав била Блгарка.
Бугарка е, и во филмот си збори бугарски. И тоа е една од шегите, таа збори бугарски а Борат хибру и демек се разбираат, дека за Американците се друго освен англиски е еден ист јазик.

Настрана односите со Бугарија, немам проблем со нејзината номинација. Искина реално во доста тешка улога. Плус секогаш ми е драго кога некој добива номинација за комедија.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.797
Поени од реакции
1.704
Ти одговорив еднаш на ова - нема врска од каде е филмот и дали лажно или нелажно бил претставен како ваков или таков. Ако Хонг Конг дал пари за да се сними филм со дејство на месечината, филмот не е од Месечината, туку од Хонг Конг. Лани Шведска ја претставуваше филм во кој се беше грузиско. Ама парите шведски, затоа и филмот не е грузиски, туку шведски
Немам јас проблем со тоа што Кинезите го шлепаат филмот преку Хонг Конг и онака е нивна територија а за 25 години нема ни да постои, имам проблем со практиката на Академијата да го дозволува ова, што ќе се случи ако Македонија и плати на Бугарија за некој Бугарски филм и да го номинира како свој, или пак на Шведска да не биде толку болно. Едноставно оваа практика мора да престане.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.988
Поени од реакции
37.271
Немам јас проблем со тоа што Кинезите го шлепаат филмот преку Хонг Конг и онака е нивна територија а за 25 години нема ни да постои, имам проблем со практиката на Академијата да го дозволува ова, што ќе се случи ако Македонија и плати на Бугарија за некој Бугарски филм и да го номинира како свој, или пак на Шведска да не биде толку болно. Едноставно оваа практика мора да престане.
Ама не е тоа до практики на Академијата. Отсекогаш било така: филмот е на онаа држава која дава пари за него, т.е. онаа која го продуцира. Еве, според тебе, Minari каков филм е? Или нашиот Дубровски од 1959 (филмот е снимен на италијански јазик, од германски режисер со американско државјанство, ама филмот е продуциран од Вардар филм и како таков е македонски филм и никој не го негира тоа, освен тебе).
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.797
Поени од реакции
1.704
Ама не е тоа до практики на Академијата. Отсекогаш било така: филмот е на онаа држава која дава пари за него, т.е. онаа која го продуцира. Еве, според тебе, Minari каков филм е? Или нашиот Дубровски од 1959 (филмот е снимен на италијански јазик, од германски режисер со американско државјанство, ама филмот е продуциран од Вардар филм и како таков е македонски филм и никој не го негира тоа, освен тебе).
Еве ги продуцентите на филмот, кои се од Хонг Конг?
Henan Film Group
China Wit Media
Tianijn Xiron Entertainment
We Pictures
Shooting Pictures
Очигледна е корелацијата што се обидуваат да ха направат Кинезите, не сум го гледал Дубровски, според ова ти што го пиша, апсолутно нема никогаш да го признаам како Македонски филм, во најмала рака како Југословенски - српски, а реално Италијански филм.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.363
Може некој да ми објасни на што е адаптација Борат 2?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom