Инаку за Минари ми текна дека Кинезите оваа година имаа две номинации за Оскар една за Leap и друга за Better Days преку Хонг Конг. И ќе допуштев да беше филмот од ХК продукција со ХК глумци и Кантонски јазик, сместен во ХК и слично. Но филмот беше целосно Кинески дури и темата им беше ГаоКао испитот во Чајна. Не смее да им се допушти на Кинезите да праќаат филмови преку ХК и Макао, повеќе од еден филм за земја. Иако ова не е за оваа тема и Минари ситуацијата морав да спомнам.
Не знам, на IMDB пишува дека е копродукција меѓу Кина и Хонг Конг. Нема врска глумците, јазикот и приказната, ова многу пати сум го потенцирал - важно е кој ги дава парите, т.е. продуцентите. За Оскар за најдобар филм, на пример, Оскарот не го зема режисерот, туку продуцентите на филмот. Така и овде. Ако макар и 1 од продукциите е од Хонг Конг, според правилата, eligible е, па макар и на клингонски бил. Затоа и не го дисквалификувале. Имаше многу слични ситуации низ годините. Еве, последна на која ми текнува, чинам 2013 беше, имаше де факто 2 филма од Грузија - Corn Island што ја претставуваше Грузија и Tangerines што ја претставуваше Естонија. И двата филма влегоа во кратката листа од 9 филма, а подоцна Tangerines беше и номиниран за Оскар.
Или, подобро да го објаснам ова со продуцентите - лани Шведска ја претставуваше филмот And Then We Danced - снимен комплетно во Грузија, со грузиски актери (сите до 1), со грузиски режисер (што живее во Шведска, до душа, ама тоа не е важно), приказната целосно за Грузија... ама сепак ја претставуваше Шведска. Зошто? Зашто филмот скоро целосно беше финансиран од Шведска. Грузија дури водеше и кампања против филмот, заради темата.
Да не бидеме of-topic, мислењава ги префрлам во Генерална во Филм.