Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.780
Заборавам дека многумина од тука не живееле во време кога немало VHS, DVD, интернет, компјутери, мобилни, видео-игри... Имало само еден-два канала на телевизија. Ако го пуштиле Сталкер или Соларис, па мање-више сите ги гледале.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.164
Поени од реакции
10.129
Што знам, овој со Џорџ Клуни нема ништо да ти одземе :D
Али не верувам и дека ќе ми даде нешто :D
Заборавам дека многумина од тука не живееле во време кога немало VHS, DVD, интернет, компјутери, мобилни, видео-игри... Имало само еден-два канала на телевизија. Ако го пуштиле Сталкер или Соларис, па мање-више сите ги гледале.
Освен времето на ВХС, што била застарена технологија, да не речам уште ко сум се родил, другото сум го доживеал.

Само МРТ и Сител имав до кај 2004-та негде. Единствени извори на филмови за мене дотогаш. И да, гледав тоа што се даваше. А се даваа одлични наслови.

2004 набавив двд плеер, ама тешко доаѓав до филмови пошто немаше видеотека во мојов град, а не знаев никој што има компјутер да ми изреже двд.

Еј, додека другиве купуваа сувенири, играчки и трошеа на луна паркови, јас филмови купував од ексурзија. :D

Ми текнува и на првото ДВД што го купив, Enter the Dragon со Брус Ли и уште некој третолигашки филм со маестро Брус Ли. Уште го имам двд-то и мислам дека функционира, само омотот е малку напукнат.

Гледаш некоја тепачина на омотот и земаш, од кај знаеш каков е. Уште тогаш сум имал добар вкус. :pos:
Дури ми текнува и кога го земав филмот, имаше уште еден школски што беше ептен по филмови и имаше земено некој дел на Роки, го виде мој Брус Ли и ајде да се трампаме. Како не, за јебани Роки ќе го давам Брус Ли. :icon_mrgr:

Немаш интернет и мобилен да проверуваш каков е филмот, гледаш сликичката/омотот на ДВД-то и купуваш, па ако те сјебале да ти стават некој шведски акциони, ќе се чудиш како да се правдаш пред твоите дома. :icon_mrgr:

Компјутериве станаа актуелни последниве 10-13 години. Претходно во цело мое маало од 200 куќи, компјутери имаа само 2 куќи.

И мобилните пред 20 години беа изгор и ретко кој имаше. А за видео игри, нинтендо имаше, не плејстешани, мада и тоа немав, така што Бериќу Дундариону, и помладиве фатиле од тоа време ко се чекало пред телевизор само да пуштат некој филм и се гледало сè што пуштат. Без разлика што доста работи немало, убаво време.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Кога веќе @Shawn Spencer го спомна филмот со Брус Ли, тука сум приметил интересен феномен. Кога се збори за филмот 99 посто од луѓето не го кажуваат насловот на англиски или македонски туку исклучиво на српски - U zmajevom gnezdu. :)
 
Можда у 70 и некоја така одел во кино салите во земјава. Не верувам дека го давале со српски превод, али постерот 80 посто бил на српски.

И англискиот назив јас го знаев со nest. Се зачудив ко проверив дека е само Enter the dragon.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.193
Поени од реакции
8.277
Кога веќе @Shawn Spencer го спомна филмот со Брус Ли, тука сум приметил интересен феномен. Кога се збори за филмот 99 посто од луѓето не го кажуваат насловот на англиски или македонски туку исклучиво на српски - U zmajevom gnezdu. :)
Исто како Alien - Осми патник
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Можда у 70 и некоја така одел во кино салите во земјава. Не верувам дека го давале со српски превод, али постерот 80 посто бил на српски.

И англискиот назив јас го знаев со nest. Се зачудив ко проверив дека е само Enter the dragon.
Најверојатно така одел по кината за време Југославија. А па искрено U zmajevom gnezdu стварно звучи кул. :)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
У змајевом гнезду е легендарен филм, не знаете вие :) Имаше еден ром кај нас во касабата, инспириран од Брус Ли одеше по улици и викаше Ху-Ха, притоа обидувајќи се да ги копира Бруслиевите удари со нога. Се сметаше себе си за карате учител, ги застануваше децата по улица покажувајќи им ги најновите зафати. Еднаш дојде во дворот на училиштето каде што учевме и некој викна: Брус Ли, ене го Брус Ли! Излеговме сите на прозор, едно 12 паралелки на три спрата, ги отворивме прозорите и скандиравме Брус Ли, Брус Ли!

Мислам дека тоа беше најважниот ден од неговиот живот а ја како дете мислев дека човекот е легенда. Сакав да бидам како него.

После некое време го видов во комшии како цепи дрва и си реков, ебате животот, можеби и Брус Ли некаде цепи дрва за да преживее. Очигледно нема леб од каратето...
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
@џимеј као се вика еден филм мислам дека ти го збореше, некои другари идат на скара нешто покрај река, хорор мистерија трилер така нешто, ирански ми се чини дека е. :unsure::cautious:
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165

Kajgana Shop

На врв Bottom