UEFA Champions League - Season 2020/21

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион на Европа оваа сезона?

  • Вкупно гласачи
    104
  • Гласањето е завршено на .
Од денеша перспектива гледано, заминувањето на нејмар во ПСЖ беше катастрофален потез за сите инволвирани, најмногу за Барса. ПСЖ со Нејмар не успеа да освои ЛШ, за мртвото француско првенство никому не му е гајле. Нејмар исто така ништо не освои, и ако цел му беше да го памтат како еден од најдобрите играчи, многу е далеку од тоа, сите ќе го памтат само како фолирант и човек-пропелер.

Најлошо помина Барса која заработените пари од Нејмар исто како да ги запали, а додатно екипата стана многу полоша.

Се во се, сите се на загуба.
 
Последно уредено:
како Роналдо дебелиот има финиш.
А за ова секако, нема проблем. Изгледа не си ги гледал ПСЖ во лига да видиш што утиња и какви глупости знае да прави. За другото си во право, ама за финишот треба уште многу фурни леб да јаде за да стигне до Роналдо.
 
Не бе брат кој гледа француско, појма немам реално што утнал ама од она што го видов вчера таков ми е впечатокот. Така ги бувна со сета сила прецизно, ама млад е мн и да промаршува не е страшно.

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
Никогаш нема да го стигни нивото на Меси и Роналдо, тоа не е некое откритие. Во недостаток на други одлични фудбалери ќе е најдобар во неговата генерација.
Прв болд
Зашто?

Втор болд.
Халанд? Фати? Санчо?
Сигурно ќе се најде некој кој што ќе му биде конкуренција.
Еве на пример Халанд.

Мбапе во ЛШ - 24 гола до сега.
Хааланд во ЛШ - 16 гола до сега.

Мбапе има изиграно 5 сезони во ЛШ (1 со монако и 4 со ПСЖ)
Халанд има 2 сезони, поточно 12 натпревари изиграни.

Зашто овие двајца да немаат ривалство како Роналдо и Меси? Особено ако отидат во појаки клубови во иста лига?

И Мбапе и Хааланд имаат потенцијал да бидат огромни имиња во светот на фудбалот, многу млади, со цела кариера пред нив.
Околу квалитетот на Мбапе веќе јасно ни е на сите, го гледавме со Франција, го гледаме со ПСЖ, го видовме и Хет Трикот што им го даде на Барселона на камп ноу. Светска Класа играч!

Или пак Проблемот со Мбапе ти е што не игра за Барселона?
 
А за ова секако, нема проблем. Изгледа не си ги гледал ПСЖ во лига да видиш што утиња и какви глупости знае да прави. За другото си во право, ама за финишот треба уште многу фурни леб да јаде за да стигне до Роналдо.
Па и Роналдо немаше гопод знае каков финиш. Страшем финиш имаа Ван Нистерлој и Ван Перси, кај нив немаше утка.
 
Многу играчи имале потенцијал како Мбапе но не успеале да бидат на нивото на Меси и Роналдо. За тоа треба конзистентност, треба ментално да си недопорлив, работна етика до максимум и уште мал милион работи, пошто правиме муабет за период од 15тина годино на константно освојување големи титули и рушење рекорди.

Мбапе го има талентот , но никој со сигурност неможе да каже дали ќе го достигне тоа ниво. Претпоставувам ќе видиме за 10тина години. Или 5-6 ако излезе на површина циганското во него. :D
 
Во ред играл во Интер господ бог е, поздрав.
Не се заебавај бе што има врска што играл во Интер, за Роналдо праиме муабет не за Мохамед Калон. Сериозно го оспоруваш финишот на Роналдо? Го имаш гледано?
 
Во ред играл во Интер господ бог е, поздрав.
Роналдо е единствениот играч што играл за Интер, Милан, Реал и Барса и ниту еден фан на тие клубови нема кажано лош збор за него!
Убедливо најдобрата 9ка што ја имам некогаш гледано!
Ел Феномено!
 
Многу играчи имале потенцијал како Мбапе но не успеале да бидат на нивото на Меси и Роналдо. За тоа треба конзистентност, треба ментално да си недопорлив, работна етика до максимум и уште мал милион работи, пошто правиме муабет за период од 15тина годино на константно освојување големи титули и рушење рекорди.

Мбапе го има талентот , но никој со сигурност неможе да каже дали ќе го достигне тоа ниво. Претпоставувам ќе видиме за 10тина години. Или 5-6 ако излезе на површина циганското во него. :D

Во споредба со Нејмар (кој нели беше првиот потенцијален "наследник" на Роналдо и Меси), мислам дека Мбапе има десет пати поголема шанса да го достигне тоа.

Мене едино он ми текнува вака ко најспоменуван, затоа пиши на кои други мислиш под ова "многу играчи", пошто ствсрно мислам дека освен Халанд сеа и Нејмар тогаш немало друг со таков потенцијал.

Те молам не го споменувај Хазард како таков, плс.
 
Мбапе може да биде само новиот Кристијано. Ама баш ич сличности нема со Меси. Феликс е најблиску до стилот на Меси, според мене.

Иначе неспорно е дека Мбапе најмногу двои од новиве генерации. Халанд треба уште леб да јаде. Овој 5 години гази.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom