Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Може ли некаде да се најде Minamata со Џони Деп? На IMDB пишува само премиера во 2021 без одреден датум ама знам дека филмот беше веќе по фестивали. Го барам извесно време ама за сега без успех.
 
Србиве се пресмешни со плачењево.

Насупрут домаќем филму који реално приказује страдање српског народа, босанскохерцеговачка редитељка снимила је филма 'Quo Vadis Aida' из једног не толико објективног угла. Мрш маму вам ј.... политичку. :kuracc:

Screenshot_20210213-165158_Chrome.jpg
Screenshot_20210213-170059_Chrome.jpgScreenshot_20210213-170113_Chrome.jpg
 
p.s. Го имало, ама со сите големи букви не ми даде резултати :)
Нема врска дали големи или мали, еве ти го со сите големи па го дава.

1613234822417.png

Друга грешка си имала кога си го напишала со сите големи па во повторното пишување со мали си ја поправила таа грешка.
 
Последно уредено:

Конечно го изгледав. Каков маестрален филм човече. Ремек дело за сите пари. Од глума, до камера и приказна.
 
Иранскиов Sun Children гледај го, супер филм.

Визуелно по сликите ми делуваше убав, ама и содржински е добар.
9/15 Sun Children - Иран

Уште еден одличен! Ова е втор не-Фархади ирански филм кој сум го гледал во животот, и навистина ме изненади позитивно. Многу убава порака има во филмот, ама толку суптилно претставена, што речиси не се ни забележува. Позитивно се изненадив и од кинематографијата: како по ѓаволите успеале да се протнат со камерата низ толку мали простори? Децата фантастично глумат, не знам дали се школуваат како актери или поим немаат од глума, но навистина, секоја чест! Политичкиот коментар не може да биде изоставен, ама сепак ова е еден топол филм за тоа како се пронаоѓа вистинско богатство. Прекрасен! 9/10
 
Quo vadis, Aida - уште една потврда за тоа до каде се овластувањата на UN, односно колку се мали, односно никакви за спроведување на мирот кој го гарантираат само на зборови. Ни прв ни последен пат да си заминат во најкритичниот момент и да го остават локалното население да се потепа меѓу себе. Чудно е што ликот Аида работи за нив, а не ги знае правилата? Жена му на главниот да беше случајно на викенд во Сребреница пред извлекувањето, немаше да може да ја земе ... Војниците на Младиќ да убиеја некого во УН-кампот, немаше да смеат да реагираат ... итн.
(Патем, неспособноста на UN и нивните правила многу добро се опишани во книгата Emergency Sex)

Следење на општата трагедија преку едно семејство е одлична идеја, полесно се соживуваме така. И толку од филмот...
 
5/15 Better Days - Хонг Конг

Исто, одличен!
Прекрасен филм кој цело време го гледав со болка во срцето и насолзени очи. Најверојатно мој фаворит за оскариве.
Не верувам дека некој друг филм би ме потресол како овој. 10/10
 
10/15 Charlatan - Чешка

А таман помислив дека е чудно што годинава ни еден во кратката листа не е gay-themed... Ова е веројатно филм кој ќе ги погоди Чесите и Словаците, но не верувам дека приказната би допрела до некој друг, како нас (се работи за некој ептен познат чешки надрилекар од времето пред, за време и по WWII, обвинет дека со неговите чаеви усмртил член(ови) на Комунистичката партија). Мислам, сѐ си ОК во филмот, убава глума, убава кинематографија... ама приказната не излегува многу од локалните рамки и затоа ми беше досадничок. Во секој случај, подобар од ланскиот нивни, The Painted Bird, кој исто влезе во кратката листа, ама поодвратен филм јас не се сеќавам дека сум гледал некогаш. Ако тој се решите некогаш да го гледате, мора на празен стомак!

За Charlatan - 6/10

Прекрасен филм кој цело време го гледав со болка во срцето и насолзени очи. Најверојатно мој фаворит за оскариве.
Не верувам дека некој друг филм би ме потресол како овој. 10/10
Исто. Некоја тежина чувствував цело време додека го гледав, а не очекував ништо од филмот, зашто никој не го ни спомна, за мене беше тотално изненадување што се најде во топ 15. Плус, отвара тема која сметам дека е рак-рана во секое општество, во секоја држава во светот - врсничкото насилство, и за која мора многу да се дискутира. Читав после филмот, им сметале клишеата, демек
богата девојка ќе се вљуби во пропалица, и што ти знам што. Која богата, човече, девојчето живееше само зашто мајка и мораше да работи којзнае што, само за да се прехранат. Буквално беа исти двајцата.

Ми останаа уште 5 филма. 3 имам симнато, БСК и Тунис ги нема сѐ уште.
 
10/15 Charlatan - Чешка

А таман помислив дека е чудно што годинава ни еден во кратката листа не е gay-themed... Ова е веројатно филм кој ќе ги погоди Чесите и Словаците, но не верувам дека приказната би допрела до некој друг, како нас (се работи за некој ептен познат чешки надрилекар од времето пред, за време и по WWII, обвинет дека со неговите чаеви усмртил член(ови) на Комунистичката партија). Мислам, сѐ си ОК во филмот, убава глума, убава кинематографија... ама приказната не излегува многу од локалните рамки и затоа ми беше досадничок. Во секој случај, подобар од ланскиот нивни, The Painted Bird, кој исто влезе во кратката листа, ама поодвратен филм јас не се сеќавам дека сум гледал некогаш. Ако тој се решите некогаш да го гледате, мора на празен стомак!

За Charlatan - 6/10


Исто. Некоја тежина чувствував цело време додека го гледав, а не очекував ништо од филмот, зашто никој не го ни спомна, за мене беше тотално изненадување што се најде во топ 15. Плус, отвара тема која сметам дека е рак-рана во секое општесво, во секоја држава во светот - врсничкото насилство, и за која мора многу да се дискутира. Читав после филмот, им сметале клишеата, демек
богата девојка ќе се вљуби во пропалица, и што ти знам што. Која богата, човече, девојчето живееше само зашто мајка и мораше да работи којзнае што, само за да се прехранат. Буквално беа исти двајцата.

Ми останаа уште 5 филма. 3 имам симнато, БСК и Тунис ги нема сѐ уште.
Види не може некое богаташче кое растело во изобилие и приватни училишта и телохранители да разбере филм за сиромаштија или врсничко насилство.

Видов некои двојки/тројки за иранскиов филм, со коментари дека децата биле експлоатирани, живееле сиромашно и слично. Претпоставувам истиот мајндсет луѓе што велеше зошто Македонија ја снимала бедната Атиџе и нели можеле да најдат друга актерка за тој филм.

Девојкава беше сиромашна, мајка и продаваше нелегално маски, а ја бараа неколку пати наплатувачи. Кое богатство го виделе, ја не знам. Лично приказнава ме погоди, зашто дел од неа сум ја доживеал и знам уште доста луѓе што ја доживеале.
Досега од 4 изгледани (Данска, Босна, Иран и Хонг Конг), стварно не гледам како данскиов заслужил да се најде во оваа конкуренција.
 
@Zlatikevichius објасни ја 10ката за Signs на Шјамалан.

ОДМА!
Oh, тој филм ми е гледан уште пред 2008. Едино што се сеќавам е дека вонземјаните во пародијата во Scary Movie мочаа од прстот. :pos: Така што, жалам, ама којзнае како сум го оценил.
 
@Zlatikevichius објасни ја 10ката за Signs на Шјамалан.

ОДМА!
Ха, мене не ми е бележен како гледан. Мислам дека го гледав убер одамна коа бев мал, ама делумно, само до одреден степен и знам дека беше интересен... може одамна му е глеан :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom