Australian Open 2021(08.02-21.02.2021

  • Креатор на темата Креатор на темата Feisty
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои?

  • Вкупно гласачи
    34
  • Гласањето е завршено на .
Да да текнало му на Џокович при 2-0, абе чекај не е интересно вака, ќе се преправам малце и ќе го тепам у 5ти сет да биде подраматично, но комент.Раонич за Џокович е тоа шо беше Бердих за Надал, со еден збор пациент.Јас навивам за Федерер, типо е толку е без емоции шо наликува на робот.Поарно да кршеш рекети и да се дереш, отколку да се праеш се у реду и изгубеш.А чудна работа како фаќањето на Надал за газ, шишиња поставени да покажуват накај фармата негова у Шпанија и други глупости не ви сметат, вај се издере одма актер,сељак, затоа нема фанови и сл.
 
Последно уредено:
Поарно да кршеш рекети и да се дереш, отколку да се праеш се у реду и изгубеш.А чудна работа како фаќањето на Надал за газ, шишиња поставени да покажуват накај фармата негова у Шпанија и други глупости не ви сметат, вај се издере одма актер,сељак, затоа нема фанови и сл
Ок не се срами сеа, можеше и на првиот дел од постот да останеш.

Ако скинал мускул Новак тоа е тоа, нема шанса со таква повреда да освои титула.
 
Ок не се срами сеа, можеше и на првиот дел од постот да останеш.

Ако скинал мускул Новак тоа е тоа, нема шанса со таква повреда да освои титула.

Ако навиваш за еден, тоа не значе дека треба автоматски другите двајца дно да ги праеш.Посебно коа се работе за повреди.
 
Ako ima nekoj so misli deka ja fejkal povredava pri vodstvo od 2-0 vo setovi ondak zivee vo zabluda i malce ni e ova so ni go praat politicarive u drzavava ....
Интересно дерење и радување/стегање ко за лик што скинал мускул. :icon_lol:
 
Па од кога се појави Џоко во тенисов, од секогаш игра со 30% т.е повреден.
Еден куп експерти од форумов го сеќаваа тоа во минатото. 2цм помалце ја кревал раката, ногата 1мс поспоро итн. И нормално, си освојува на крајот така повреден кутриот.
 
Не, вчера нешто сјеба се виде убаво по движењето, ама нешто од внатре ми вика дека не е толку страшно колку што он го претставува. Он рече tear muscle, а искрено не верувам дека со скинат мускул ќе доиграш меч и ќе тепаш. Drama queen е Хокле затоа вака мислам. Може на крај да испадне некое лагано истегнување и да нема проблем при играњето.
 
Некое мускулно влакно ако е евентуално, со скинат мускул рака нема да може да крене :)
 
Доста Американки во 1/8 финале, за разлика од машкиот тенис, женската Американска школа се држи јако. Оваа Пегула, па и Брејди и Роџерс се доста добри на турнирот.
 
Рафа - Фоњини.. ќе има кавги!!
 
Доста Американки во 1/8 финале, за разлика од машкиот тенис, женската Американска школа се држи јако. Оваа Пегула, па и Брејди и Роџерс се доста добри на турнирот.

Брејди не е никаво изненадување, веќе подолга време игра одлично, Пегула и Роџерс го играат турнирот на кариерата.
 
Интересен податок, Новак ниту еден од слемовите не го освоил без загубен сет (0/17), додека пак Роџер има 2/20 (AO '07, WM '17), а Рафа 4/20 (RG '08, RG'10, RG'17, RG'20). Моментално Рафа има 30 последователно освоени сетови (21 од RG2020 и уште 9 во првите 3 кола тука на AO2021). Рекордот го држи Федерер со 34 сета од АО2007 и RG2007.
 
До толку ли не е спремен физички Тим, радспад систем му е мечов со Димитров
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom