Си купив книга

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.026
Поени од реакции
24.630
Овие се истите тие од кои ја купив Невидливи градови. Имаа некаде пишано дека поседуваат три големи магацини полни со книги, што значи - многу држи вода твојата претпоставка.
Со економски речник болдираното во превод значи многу заробени пари за нив. Е сега ако книгите ти се хоби или колекционерска пасија и секако ако можеш да си приутиш, тргаш на страна по 500-1000 денари секој месец од плата и по неколку месеци имаш пример 2500-5000 денари им улетуваш со таа сума и си бираш 20, 30, 40... книги од еднаш, по цена упола а некогаш и повеќе од таа да ги купуваш поединечно една по една. Мислам, ако годишно трошиш по 50, 60 или повеќе евра на книги, односно 5 евра на месец, вака со еден потег за истите пари можеш да дуплираш фонд на книги, во најмала рака да зголемиш за 30%. Проблемот е само што парите од еднаш ги даваш. На тие од другата страна одма им светнуваат очите кога ќе им кажеш дека си заинтересиран за 30 книги. Тогаш може и ценкање, може и јаки попусти, може бесплатна достава, може многу работи.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.835
Поени од реакции
36.871
Од овие Bookberries ја земав Џан од Платонов а гледам имаат солиден избор и на други книги. Може не се екс-Микена ама во секој случај изгледа дека на некој начин се поврзани со нив.

А за овие книги што беа преведени преку Министерство за култура, еднаш бев во Универзитетска библиотека да ја барам Убав нов свет од Хаксли. Ја најде човекот кај што влеговме таму во тоа складот со купишта книги. Викам да платам, ми вика зимај ајде и терај, глеј колку имаме тука што само стојат. :D

Инаку по групиве за продажба на книги имаше две жени од Ново Лисиче што продаваа книги од Табернакул, истите книги некогаш по два три пати. После дознав дека Табернакул од останати книги имал нешто складирано кај бивша Газела негде во тој реон. Би се обложил дека овие жени некако ја имаат воспоставено таа конекција. Инаку чудно би било три пати да ја продаваш Шега од Кундера :D
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841

Од тука направив нарачка. Вчерашниот свет од Цвајг, Хаклбери Фин и Расказите од Ирвинг. Првата 200, другите по 150. Не ми ги земајте педериииииии! В сабота треба да стигнат.
Заебанција настрана, пролистајте, за тие што не успеавме да фатиме неш од Полица.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.737
Поени од реакции
36.623

Од тука направив нарачка. Вчерашниот свет од Цвајг, Хаклбери Фин и Расказите од Ирвинг. Првата 200, другите по 150. Не ми ги земајте педериииииии! В сабота треба да стигнат.
Заебанција настрана, пролистајте, за тие што не успеавме да фатиме неш од Полица.
И овој го знам. Овој е од Влае, Александар се вика, имам купувано книги и од кај него. И тој има цели магацини, веројатно, зашто нон стоп објавува нови. Еве дури и пејџ на фејсбук си направил.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.026
Поени од реакции
24.630
Со економски речник болдираното во превод значи многу заробени пари за нив. Е сега ако книгите ти се хоби или колекционерска пасија и секако ако можеш да си приутиш, тргаш на страна по 500-1000 денари секој месец од плата и по неколку месеци имаш пример 2500-5000 денари им улетуваш со таа сума и си бираш 20, 30, 40... книги од еднаш, по цена упола а некогаш и повеќе од таа да ги купуваш поединечно една по една. Мислам, ако годишно трошиш по 50, 60 или повеќе евра на книги, односно 5 евра на месец, вака со еден потег за истите пари можеш да дуплираш фонд на книги, во најмала рака да зголемиш за 30%. Проблемот е само што парите од еднаш ги даваш. На тие од другата страна одма им светнуваат очите кога ќе им кажеш дека си заинтересиран за 30 книги. Тогаш може и ценкање, може и јаки попусти, може бесплатна достава, може многу работи.
Бај д веј, секогаш постои опцијата за (форумско) групирање. Да се збереме 5-6 луѓе со по 2000 денари и да им улетаме со муабетот-Дечки сакаме 200 евра промет за еден ден да ви направиме, собувајте гаќите. Така ем не мора да фрлиш сам многу пари од еднаш, ем пак ќе ја добиеш убавата цена. Они стануваат флексибилни на поголем квантитет, не ги интересира дали тој поголем квантиет ќе биде купен од еден човек или од петорица.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
И овој го знам. Овој е од Влае, Александар се вика, имам купувано книги и од кај него. И тој има цели магацини, веројатно, зашто нон стоп објавува нови. Еве дури и пејџ на фејсбук си направил.
Jaс од кај овој jа најдов Улиште од Камило Села. Еднаш во Охрид ја видов кај тој типот што продаваше дали Лихнид како ли се викаше тоа пекарата кај чаршијата. Ама во мене имав некои 1000 денари и ги спичкав на разни книги. Ја зедов од Камило Села, Мазурка за двајца мртовци, Раскази од Мопасан и тн тн не се сеќавам, некои од оние филозофиите од Магор што е Едицијата, и потоа откако се приврзав уште толку кон Села (не од Алијанса на Албанците), ја пукнав барање книгата негова, под дрво и под камен. Не Охрид, не Скопје, не знам каде, и се така до пред некое време кога во една група за книги пишав на шега да не ја има некој и се подаде типов од нигде никаде. 200ки ја платив, од овие Нобеловциве со тврда корица и ја прочитав знам за 3 дена. Во книгата имаше можеби преку 50 ликови :D
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.225
Поени од реакции
14.502
Порано (некаде пред година ипол) луѓето што продаваа на фејсбук по не беа свесни која книга колку вреди и полесно беше да се начека нешто добро за евтини пари. Сега некако по се уиграни и овие што работат со продавање на поволни книги, како и некои што решиле да продадат за да не им зафаќаат место.

За изданија од Табернакул ептен треба да имаш среќа да начекаш нешто евтино (иако што скапо, што евтино изнакупував доста што ги барав подолг период), за комплетите (10 книги) од Толстој и Достоевски на македонски бараат и по 4 500 денари.

Јас начекав евтино и неколку квалитетни српски изданија од Клио и Геопоетика, кои се исцрпени, а во Србија држат добра цена на старо, а некои не се ни издадени кај нас. Сега ако прочитаат, можеби ќе ги поскапат. :D
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.746
Поени од реакции
2.561
а тоа е делот од корицата што е помеѓу предната страна и задната страна, еве гледај кај wot како ги сликал, делот од книгите кај него што се гледа, за тој дел кажувам. Кај Микена тој дел е рамен, а кај не Микена тој дел е овален односно ваков:



додека кај Микена е ваков:



Гледаш самата корица предна, задна и странична како да формираат правоаголник, а на горната слика не формираат поради овалниот, полукружен дел.
Тоа е така заради процесот на изработка. Тврдо коричење со шиење и полукружен грб си бара дебелина од најмалку пар стотини страници. Тенките изледаат како на сликата исто како и сликовниците за деца со тврди корици. Едноставно нема простор за полукружен грб.

Ако треба да ставам пари, огласувачот е или екс вработен од издавачката куќа Микена, најверојатно бившиот газда, или некој кој е во блиска соработка со екс Микена. Тој сомнеж ми е поткрепен со самиот статус на Фејсбук дека комплетот е распродаден, но ќе следи друг, што значи дека огласувачот не е некој обичен човек што си го продава својот комплет чим може да најде и втор да продаде.
Не ставај пари, огласувачот е од Скопје, од Кисела Вода, работи купи-продај со книги. Како и сите негови колеги, сигурно има контакти и соработува со издавачки куќи, печатници, библиотеки и останати места каде што поминуваат книги.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.835
Поени од реакции
36.871
Во Икона се што имаат од Слово продаваат за 100 денари.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.815
Поени од реакции
7.125
Ќе направам наскоро список кои би ги дал, ако на некој му фаќа око нешто, слободно нека пише. Генерално се во добра состојба книгите, не се Ѓурѓа изданија, ама никогаш не би ги прочитал.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
Дечки само да ви кажам дека многу ве поштувам сите што сте тука и уживам кога ви ги читам мислењата особено она на @Sussaro за Џек Лондон кое повеќе пати го препрочитувам.
@Zlatikevichius фала за инфо, еве од кај Блага земав нешто денеска. :) 20210209_153234.jpg
 
Член од
13 март 2017
Мислења
36
Поени од реакции
14
Дечки само да ви кажам дека многу ве поштувам сите што сте тука и уживам кога ви ги читам мислењата особено она на @Sussaro за Џек Лондон кое повеќе пати го препрочитувам.
@Zlatikevichius фала за инфо, еве од кај Блага земав нешто денеска. :)Прегледај го приврзокот 283236
По која цена ги зема?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom