Не се такви, во нормален формат се, оној "стандардниот" од 17 сантима ако не се лажам, ама имаат една друга заебанција што за некого е може ситница, ама мене лично ме нервира и тоа многу. Кога ќе ја отвориш книгата, страниците не се отвораат најубаво до крај, многу се стегнати во централниот дел на местото каде се лепени страниците со корицата, и кога треба да ги читаш последните зборови на секој ред од "левите" страници (страниците што ти идат од лево кога ја читаш книгата), или првите зборови на секој ред од десните страници треба книгата да ја тегнеш или развлечеш за да ги прочиташ и нив. Ужасно печатарско решение, ти го ебе уживањето, барем за мене си зборам. Знам дека може не го објаснив ова баш најдобро затоа ќе се потрудам со слика.
Види ја десната страна, оти кај левата баш во тој дел има отсјај. Гледаш како првите зборови од секој ред се "скриени" во тој "процепот" или како и да го крстам. Епа потполно истото е кај книгите од тоа издание на Табернакул, треба да го шириш процепот за убаво да ги прочиташ тие зборови што се во него. Тие што имаат од книгите на Табернакул од таа едиција ќе ме разберат за што зборам.
Пробај со 20 на месец. И ќе спушти и ќе ти ја пее: