Единствени светли точки од утакмицава се резултатот, фактот што сме подобрени у одбрана, ги искористивме шансите што ни ги поклонија и што бевме за нијанса подобри од прошлата утакмица каде што не издоминираа. Ова последново важи само за првото полувреме кое горе доле го контролиравме и бевме подобри. У второ сосема спротивно. Никаква контрола над играта, скрос се изгуби средината особено Бентанкур кој треба да му биде захвален на Демирал што се најде на право место во право време. Среќа што Џиџи, Демирал и ДеЛихт беа на висина на задачата, иначе друга приказна ќе беше.
Одбраната која изигра одлично настрана, за другите збор два. Кулу се изгуби денеска, Сандро исто многу слабо, Рабио и Мекени така-така, Бентанкур хорор, Куадрадо добар беше едино заедно со ЦР7 кој искусно си ги искористи поклоните.
Како и да е победа си е победа, се враќаме со одличен резултат у Торино ама не е уште готово. Имаме добра предност ама мора подобра игра и повеќе створени шанси дома да имаме.
п.с. unpopular oppinion. Бернардески изигра сосема солидно денеска.