Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Разгледував некои листи на летер и ми излезе мојава листа на филмови што сум ги изгледал во кино. Последен пат ажурирана пред 11 месеци. :place:

Ќе помине ли некогаш срањево ко човек да отидам во кино и да уживам во темницата на кино салата и подвижните слики?!

96 филма изгледани во кино, повеќето америчка продукција, нешто повеќе од четвртина од изгледаните се македонски и само еден филм кој толку беше срање што излегов од салата за 30 минути.

Тој што толку беше срање е Франкофонија на Сокуров. А вие сте напуштиле ли проекција зашто некој филм ви бил тешко срање?
Не ама имам присуствувано на масовно излегување од сала. На Манаки пред некоја година беше Макбет со Фасбендер и Котиланд. Мислам од полна сала само 30% останаа, не дека беше лош филмот, се изгубија во стиховите сите.
 
све америчко флопна по кино благајниве, освен бракава Кинези у време на корона заработуваат многу пари по нивните кино сали,еве еден скоро 500 милиона заработка.

800, Mermaid и други кинески...
Али не е све флопнато америчко. Бед Бојз фор лајф најмногу заработи.
Автоматски споено мислење:

Тој што толку беше срање е Франкофонија на Сокуров. А вие сте напуштиле ли проекција зашто некој филм ви бил тешко срање?
Јас излегов на ИлМонстро на Бењини, Три Бои Плаво и на ГленгериГленРоуз (на овој излегов не по моја желба).
 
Последно уредено:
800, Mermaid и други кинески...
Али не е све флопнато америчко. Бед Бојз фор лајф најмногу заработи.
Автоматски споено мислење:

Јас излегов на ИлМонстро на Бењини, Три Бои Плаво и на ГленгериГленРоуз (на овој излегов не по моја желба).
Богами на Ил мостро и јас би излегол. Многу лош филм.

Другиве два ги немам уште гледано.
 
Glengarry Glen Roses е еден од најпотценетите филмови, каква глума и актери има, со прејаки монолози и дијалози, одлично е претставена и доловена професијата salesmen, а крајот на филмот е посебно добар. Филмиште.
 
Филм за освојувањето на титулата на "Црвена ѕвезда". Биковиќ ќе го играл Панчев, ако им се верува на екипашиве.
 
Holy Motors

Значи вакво гомно од филм не верувам дека ќе гледам уште еднаш во мојов живот. Не знаев ништо за филмов од почеток и после првите 10 минути бев заморен, незаинтересиран и полн со гнев према креаторите на овој изговор за филм. Пробав и да заспијам на кино, ни то не ми успеа. Koj му дал над 2 на имдб, имам муабет со него.

Сигурно лиглето од сценарист(воедно и режисер) се натрипал на жалфија и си рекол е сега ќе ве замарам скоро 2 сати со моиве болни фантазии, wannabe арт тртушки и вие гледајте и чудите се и после анализирајте го како епизоди од животов.
Има толку чудни и апсурдни работи, но толку невскусно реализирани шо е навреда за парите дадени за карта. Ќе го споредам со Waking Life(и ќе направам голем грев) вo однос на прикажувањето на идеите за животот и нивниот приказ без некој пресврт или конечен заклучок, со тоа што Waking Life e eм визуелно интересен, има дијалози, е интригантен и е на еден начин едукативен.

Се напнав...
Ова е најпогрешното мислење некогаш напишано на форумов.
Holy Motors само што го изгледав и филмот е перфектна уметност со таман доза на мрднатост и перверзија.
 
Кога сме кај лоши филмови да го додадам Locke. Каква глупост од филм, ако може така да се нарече ова нешто. Го симнав пред некој ден и почнува со Том Харди седи во кола, прави муабети. Кадриве се лоши некако, ама нема врска ај викам ќе помине сцената, ама не, си трае долго време, овој си прај муабет по телефон де со едни де со други. Тука си викам што е работава само во кола ли е филмов, премотувам и да саат и пол си прај без врска муабети дури иде кај швалерката. Филмот оцена 7.1 со 136к гласови...
 
Пред некој ден ме потсети некој на Барака, па пак го симнав да го изгледам заедно со Самсара. Има ли некои други вакви документарци што се must watch? Се што е на Нетфликс у овој стил ми е веќе изгледано.
The Salt of the Earth гледан ти е?
Не е баш ко овие ама има сличности и е поврзан со фотографија и е врв невиден.
 
Освен ако ти се свиѓа Том, не гледам како би ти бил добар филмов. o_O
 
Гледам HBO во моментов и жалам што потрошив 15 минути да ги слушам очајните обиди за комедија на Вил Ферел.
Има некој на кој овој му е смешен?
Не знам од кога трубам дека филм со Вил Ферел е срање филм.
 
Не знам од кога трубам дека филм со Вил Ферел е срање филм.

Тој најновиот што му е за Евровизија, едвај 10 минути изгледав.
Holmes and Watson пред некој ден го гледав, очи ме здоболеа. Па пизда му материна, како Солзи и Смеа да гледам. Не знам како може тоа да спаѓа во комедија.
 
The Little Things просечен филм. Штета со оглед на големиот хајп и актерската екипа. Глумата од сите на ниво, ама сценариото слабо. Дензел - стандардно одличен, Џаред Лето - искина, Рами Малек - на ниво. Ништо посебно 6,5/10.
PS. Не знаев дека Џаред Лето може толку добро да одглуми creepy guy.
 
Лето е сам по себе крипи гај. :D

Го гледав и јас, и зажалив негде после првиот саат.
Лошо раскажана приказна, ја би рекла и потпросечно за трилер.
Дензел и Реми не штимаа исто, ко пар, немаше хемија.
5 е солидна оцена за филмов.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom