Не се сеќавам, ни јас ни тие... сега заприметија оваа зима пошто пред тоа и камин имаше во просторијата и во најладното каминот си го користеа.
Знам дека е мала, и двете соби се мали... уште кога ги ставаше му кажував ама кога не слуша не слуша... слушнал Амбер најјака е таква ќе клавал.
Сакаше и трета за во спална да става, исто Амбер12ка... тогаш стегнав салам да го предомислам да си стави ПВЦ врата на влез во спратот оти имаше дрвена што не дихтува
Па и сеа кога реновираше оваа што не му топли баш ја поткрена повисоко во плафон, првично беше на некои 20цм, сега е на испод 10цм до плафон.
И за тоа му скапав викање.... не па не... не му било лично толку спуштена, дека ставаше и скриено светло и сега повисоко сакал да биде климата!
Есенва пробав да го убедам, да ги користи 2те клими со разотворени врати за цел спрат 68м2 вклучуваќи бања/тоалет
Ама немал потреба да ги грее остатокот од собите.... зошто да трошел без потреба.
И сеа еве почна да се жали од оваа што ја начука во плафон, не топлела како таа во другата соба.
Им ја ставив на 23C, фиксен фан 2 и уклучен ifeel на пола метро од земја и за 1 саат се стопли собата ама премногу дуваше а тие научени на Silent цело време па сега ја вратија пак на Silent... ќе видиме од утре што ќе биди....
Ама што и со отворени прозори не сакаше да крене над 2.2kw и 52С издув нешто не е во ред.
Исто кажаа дека и сервисерите тоа заприметиле пред 2 месеци ама не превзеле никаква акција околу тоа...
Ќе мора да се бара сервисерот, ако се утврди тоа со фреонот ако е кусок... подлежи под гаранцијата тоа или?
Може попуштил вакумот и избегал фреонот... ако е тоа ваљда сервисер лесно ќе го детектира и ако е на место кое се поправа (леми) лесно ќе го поправи и одново наполни со фреон....
Или пак може и прошол векот... 13 години не се малку....
Инаку како може? Eте така може... на нови клими може... не па на 13 години користена