Ова ме потсети на еден другар на вујко ми, иначе пресмешен лик. Кога биле помлади отишле да јадат хамбургер неколку другари у локалните сендвичари во Илинден, чекале ред и доаѓа братов да нарача и вика дај ми хамбургер со лепче.
Продавачката го глеала збунето, почнала да го прашува, како како? Хамбургер? И овој да да хамбургер и лепче, празно лепче. И почнале да го гледаат сите у сендвичара збунето и се изнервирал и рекол добро бе девојче, ХАМБУРГЕР и празно лепче, ќе си платам колку треба што не ти е јасно? И ај добро му дала како што побарал и го прашале нормално абе луд што ти е што нарачуваш глупости и овој мртов ладен: Абе пакај иде било кое јадење без леб бе матер ви ебам?
Ладнокрвно држел во едната рака хамбургер, во другата лепче и си гризал наизменично од двете.
Многу луди луѓе има.