Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.406
- Поени од реакции
- 5.969
Супер идеја е клубов, ќе се потрудам колку што можам да бидам активна. Катастрофа сум на филмски план годинава, ни 50 филмови не успеав да изгледам.
Soul носи клише, ама многу вистинита порака на која одвреме навреме треба да се потсетуваме. Сосема е различен и концептот и содржината, но многу ме потсети на Wings of Desire и ангелот кој сакаше да стане човек за да може да чувствува, да мириса, да вкусува и да гледа бои. Ако не се лажам исто така беше предложуван во клубот. Soul е идеален избор за празниците кога интензивноста на мирисите и вкусовите е насекаде околу нас (добро, освен во случај на Covid ) и е идеален завршеток на мизерната 2020. Морам да ги пофалам за зрелоста на филмот и отсуството на тапа хуморот којшто често се случува во слични проекти да се форсира по секоја цена. Анимацијата ми беше cheerful и гласовите на Џејми Фокс и Тина Феј убаво се вклопија во целиот тој свет. Да не зборам многу, ќе оставам поезија од Борхес која убаво ја надополнува поентата.
Ако би можел да го живеам повторно мојот живот
во следниот - ќе се обидам
да направам повеќе грешки
Нема да се обидувам да бидам совршен
Ќе бидам побезгрижен
Ќе бидам поисполент - одошто сум сега
Всушност, помалку нешта ќе земам сериозно
Ќе бидам помалку педантен
Ќе преземам повеќе ризици
Ќе преземам повеќе патувања
Ќе гледам повеќе зајдисонца
Ќе искачам повеќе планини
Ќе испливам повеќе реки
Ќе одам на повеќе места - кајшто никогаш не сум бил
Ќе јадам повеќе сладоледи, а помалку зеленчук
Ќе имам повеќе вистински проблеми, а помалку замислени
Јас бев еден од оние луѓе кои живеат
претпазлив и плоден живот -
секоја минута од својот живот
Се разбира дека имав моменти на радост - но
кога би можел да се вратам назад ќе се обидам да имам само убави моменти
Ако не знаете - тоа е она од што животот се состои
Не губете го Сега!
Јас бев еден од оние кој никогаш не оди никаде
без термометар
без шише топла вода
и без чадор и без падобран
Ако би можел да живеам повторно - јас би патувал растеретен
Ако би можел да живеам повторно - ќе се обидам да работам босоног
од почетокот на пролетта сѐ до
крајот на есента,
Ќе возам повеќе коли
Ќе гледам повеќе изгреви и ќе играм со повеќе деца
Ако имам живот за да живеам - но јас сега имам 85
- И знам дека јас умирам.