Boardwalk Empire

  • Креатор на темата Креатор на темата Silvio
  • Време на започнување Време на започнување
Нејќам да ве читам погоре зашо не мие е изгледена дојдов да кажам пофални збор два за сеијава.
Значи страшно вози серијава, првата сезона само беше малку бавна после втора и сега сум на трета на средината некаде и ми стана ептен супер. Наки ми е феноменален лик за секоја одлука го поштуем и секогаш знае што прави и одлуките му се на место, нема заебанции. Нејќев Џими Дармоди да умре али свашта направија од тој линк едноставано место немаше во филмот повеќе за него. Интересен ми е Ричард незнам на која страна е, многу пати за тоа минатото али оке, мислам дека добро ке го израсни детево на Џими што му го оставија. Маргарет некако многу просто ми делува, незнае кај тера, нема стабилност во неа, а и лошо тоа шо се еба со овај телохранителот на Наки, очекувам да ги фати понатака па да јади шамари : )

Се на се супер ми оди, па ќе видиме како ке се развива до крајот.
Едно големо браво само за серијава.
А и не докажав уште по филинг прави зошто е тајмингот во 1920 година чоече. :)
(Y)
 
Пола четврта сезона помина во пеењето на нигерката ебате... Boardwalk Idol
 
Страшно интересно делува после првава сезона. Се мислев која серија со историска тематика да ја гледам, да не испадне само од сегашноста серии гледам, па меѓу Deadwood, Rome, Vikings и оваа, изборот падна на Boardwalk Empire, бидејќи прохибицијата и Ал Капоне, и целите тие дешавки меѓу италијанци и ирци, страшно многу ме интересираат. Ќе пишам на крај дали ги оправдала моите очекувања.
 
Вчера ја завршив серијава. Уште од старт ќе речам дека ќе има некој спојлер, па кој не гледал, нека не чита понатаму.

Морам да кажам дека штом ми се свиѓа серијал што е сместен во некој „каубојски“ временски период со шверцери, калливи улици, прохибиција, период кога жените немале уште права и слично, а како што веќе кажав во темана за општи муабети дека не сум многу по такви серијали/филмови, тогаш се работи за страшно добар серијал.


Првата сезона започнува многу добро. И покрај тоа што Наки е корумпиран лик, убиец, кримос, некако те шармира и навиваш за него. Џими исто така беше одличен лик и потајно сакав да го истисне Наки и тој да стане главен, ама неговиот лик во втората сезона доби доста лош развој, стана обичен наркос, правеше непромислени одлуки и го доби тоа што надроби.

Доста интересен развој имаше и Капоне, од обичен потрчко до шеф. Човек со краток фитиљ, човек што сега се смее со тебе, а за 5 минути ти мисли како да те скине. Браво за актеров, како го долови, алал вера.

Третата сезона ми беше најдобра. Тука веќе секој беше со секого и никој со никого. Сите си беа пријатели едни со други, а зад грб си копаа јами. Страшни пресврти, страшно добро напишано.

Со четвртата сезона почна да се намалува квалитетот. Петтата сезона веќе беше и досадна и сакав што побрзо да заврши. И покрај последните две послаби сезони, серијава е една од најдобрите серии поради разработеното сценарио (пред сè од прва до трета сезона), интересни ликови, одличната актерска екипа и совршени сценографски решенија.
 
Првата сезона започнува многу добро. И покрај тоа што Наки е корумпиран лик, убиец, кримос, некако те шармира и навиваш за него. Џими исто така беше одличен лик и потајно сакав да го истисне Наки и тој да стане главен, ама неговиот лик во втората сезона доби доста лош развој, стана обичен наркос, правеше непромислени одлуки и го доби тоа што надроби.

Многу јако беше кога Џими се утепа собирајќи пари да му го врати долгот, отиде во казиното и овој све фрли на боја и изгуби.
Не му се веруваше на Џими а Наки искулиран како јбг, тоа е. Не ми текнува скроз на конверзацијата сепак поминаа 6-7 години откако ја изгледав.
 
2025, прв пат и седнувам на серијава. Некако се презаситив со нови серии кои немаат што да кажат, па решив да надоместам со некои култни серии кои сум ги испуштил, а за Boardwalk Empire се одлучив за старт зашто некако природно ми дојде - излегува моментално трета сезона од The Gilded Age, и иако е сосема друг тип серија, за истиот временски период се работи, па така...

Од прва сезона уште последната епизода ми остана. Не читам назад да не налетам на некој спојлер. Сега за сега - доста добра, ми се допаѓа. Се надевам нема да разочара и до крај.
 
Не сум многу по серии што се сместени у кал и тој период на 1920 у Америка, али серијава е врв.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom