Според мене чист пенал, му влага у движење, не ни идеше по топката.
Ова се смешни пенали и смешни контакти. Оној на Јунајтед беше уште понеразбирлив пенал.
Ако не им даваш никаква предност на дефанзивците, за контакти при паралелни движења со оние на напаѓачот во шеснаесетник, кога напаѓачот не стекнува никаква предност, тогаш дефанзивецот нема како да игра одбрана во тој простор. Дефанзивците се по природа реактивни. Тоа значи дека, опциите им се или да трчаат паралелно со напаѓачот, ако можат, и да бегаат од контакт, или да бидат агресивни и да пробаат да одземаат топка, што е најголем ризик за пенал. Вакви пенали го прават фудбалот офанзивен циркуз. Не сакам да гледат рекреативни натпревари, кај што дефанзивците се плашат да го користат телото и позиционирањето за да си го одбранат голот.
Мада, пеналов е даден само затоа што беше Роналдо во прашање. Тој на Јунајтед, стварно не можам да разберам зошто е даден.