Serie A 2020/21

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    129
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Не алудирам на тоа со мојот пост. Јас алудирам на муабетот на овој што го цитираа овде, новинар или што е, дека, парафразирам:

Пониживачки е за играч како Ериксен да влегува во игра за 2 минути на веќе добиен меч.

Мене ми е поентата дека одлуката дали, кој и колку ќе игра е на тренерот. Исто како одлуката во бизнисот што е на шеф/одговорен/сопственик/ и така натаму.

Дали е таа одлука правилна или не, не знае никој, бидејќи кај одлуките карактеристично е дека прво ја носиш, а после тоа ги добиваш ефектите од истата.

Фудбалот, како и многу работи на светот не е едноставен и може да процениме дали една одлука е добра или лоша после извесен период, а во меѓувреме може само да мислиме.

Легитимно е ти, новинаров, Џони, Син и уште 102939202 луѓе на светот да мислите дека одлуката на Конте во однос на Ериксен е неправилна, ама дефинитивно не може тоа да го знаете, а уште помалку пак како овој мочково што го цитираа да толкувате дека такво нешто е пониживачко.

Ериксен е професионален фудбалер, си има свој надредени (тренерот и стручниот штаб) и ќе игра толку и онака како што тие одлучиле. Дали тоа нему му се допаѓа си е лично негова работа, ако смета дека може подобро си има опција да се префрли во друг клуб и завршена работа.

Тренерот е поставен од управа и само од таму може да донесат одлука дали работата му е правилна или не. Од страна е прелесно да се дава мислење, кога ќе седнеш на столот и клупата некаде се гледа колку е часот.

Ги видовме овие како Гери Невил што се' знаеја, кога седнаа на клупа како поминаа.
Да ама не може со сите исто да се однесуваш. Ериксен има стекнато некакво реноме во фудбалов за некој така да се понаша со него. Од таму се спомнати и тие 200 настапи у Премиер лига и слични муабети што ги пишал новинарот. Не застанувам у негова одбрана иако има добри прашања.

2 месеца преговараа со Ериксен да го убедат да дојде у Интер, дали зимото со кеш или летото без пари сеедно, се трудеа праеа пустеа да го донесат, го донесоа, не доби никаква шанса без разлика колку и да спинува Конте на пресови, и одеднаш дојде на ред да добива 2 минути на веќе завршени утакмици.

Ериксен не е Филип Станковиќ или Себастијано Еспосито кои имаат по 18 години и за кои е нормално да влагаат у 90та минута. Ериксен не е ни некој умрен играч ко Гаљардини па да нема проблем да влага у 90та.
Некои играчи едноставно не смеат да добиваат таков третман.

А Конте има и некои одлуки ко што ти викаш прво донесени па после останува да се види ефектот од нив. Најчесто по периката добива.

За ефектот од понашањето на Конте со Ериксен ќе ти цитирам еден пост од лупхол, да не се повторувам.
Иначе, не ми се допадна ризикот што го презема Конте, со цели две минути за Ериксен. Се коцка со натпреварот со вакви потези. Шала на страна, срамота за клубот е ваков третман на еден играч, без разлика кој е. А уште поголема срамота е што ваков однос добива играч, кој пред да дојде во Интер, важеше за светска класа талент и кој го избра клубот, во ситуација кога за шест месеци остануваше без клуб. Не знам дали се свесни каква порака испраќаат на сите ѕвезди, за кои би биле потенцијално заинтересирани во иднина. Кој ќе ти избере да игра во клуб, во кој би можел вака да биде третиран. Не ме ни интересира причината, дали е повреденото его на Конте во прашање или нешто друго, али е бедно во секој случај.
Друга работа, кој ќе ти дојде со понуда да плати пари за него? Кога тренерот и директорот јавно кажуваат на пресови дека Ериксен не е задоволен од минутажата иако според тренерот ја добил на претек и дека нејќат да држат незадоволни лица у клубот. А Конте им беше незадоволен 8 месеци за на крај да го молат да остане.

Од истиве причини Манчестер калкулира со Погба.

И самиот си свесен дека не е во ред понашањето на Конте ама премногу си јувенташ за да признаеш недобра работа од јувентус/аш. :D

А и секако на крај според тебе Интер ко клуб ќе биде крив за потенцијалните 0 титули у 2те сезони од кога е тука. Секако побогат за 25 милиони евра.

Ај еве кажи ми како го гледаш понашањето на Конте со Ериксен. Зошто да игра 2 минути? Што значи внесувањето во игра на Ериксен во 90та минута на 3-1 резултат?
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Паметно размислуваш момче младо.
Мада се што требаше е да пишеш само Zatoa mora da se skrati na 18 ekipi. Не мораше додатно да се трудиш да елаборираш. Иако пожелно ќе беше и кирилица но ајде ете ќе ти прогледаме низ прсти.

Поздрав и секое добро, имај убав ден ти и твоите најблиски.

Со почит,
Джонтра Вохохохолта.
Pisuvam na latinica zs neam kirilica na tel, a nemam kirilica posto mi e marka Cubot, mizeren za 3 bona na touch onie prvite u 2000te godini, a zs ja iam ovaa marka e toa sto sinkoto maliot dva Iphona 6s i 5s mi go pukna ekranot, pa zajebo si se mali, ke kupam kanta telefon koj istoto taka mi go pukna i na ovoj ekranot ama ke izdrzi do januar, togas telekom mi istekuva dogovorot za magenta pa koa ke go obnovam mi sleduva bonus.. E sea ke prasas zs na lap top ne sedam, pa jebes ga, zabranue zenatata dodeka se budni decata da ne sedam..
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.226
Поени од реакции
14.523
Pisuvam na latinica zs neam kirilica na tel, a nemam kirilica posto mi e marka Cubot, mizeren za 3 bona na touch onie prvite u 2000te godini, a zs ja iam ovaa marka e toa sto sinkoto maliot dva Iphona 6s i 5s mi go pukna ekranot, pa zajebo si se mali, ke kupam kanta telefon koj istoto taka mi go pukna i na ovoj ekranot ama ke izdrzi do januar, togas telekom mi istekuva dogovorot za magenta pa koa ke go obnovam mi sleduva bonus.. E sea ke prasas zs na lap top ne sedam, pa jebes ga, zabranue zenatata dodeka se budni decata da ne sedam..
Е оваа се проблеми, а не Џонтра и Клипче се замараат што некој милионер имал шанса да заработи плата, а да не работи (игра).
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Алудираш на тоа со твојот пост.
Не алудирам на тоа со мојот пост. Јас алудирам
Зборот „Алудира“ ми е клучен збор кога пребарувам некој подолг пост на @Syn, бидејќи шансите да не го употребил во истиот се минимални.

Значењето на зборот „Алудира“ е: Зборувајќи на индиректен начин потсети, потсетува, укаже, укажува на нешто или на некого.

Во Македонскиот литературен јазик е уште познат како „Оној зборот што го употребува Syn на кајгана форумот“.

Би ве замолил вас двајцата да не го користите затоа што ем не сте доволно софистицирани за такви зборови, ем ми го буните алгоритамот :cautious:
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.021
Поени од реакции
9.721
Преглупи се новиве правила за пенал при секоја игра со рака.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.601
Поени од реакции
17.438
Преглупи се новиве правила за пенал при секоја игра со рака.
Вчера не свирна таков пенал за Јувентус. Изгледа пак е судиско убедување како ќе му текни на судијата.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.021
Поени од реакции
9.721
Вчера не свирна таков пенал за Јувентус. Изгледа пак е судиско убедување како ќе му текни на судијата.
Па тука немаше никаква опција за опасност по голот на Сампдориа. Ниту играч на Милан имаше у близина да натрча, ниту топката одеше во рамки на гол. Или секој контакт со рака ќе го свират или ќе ги земат у предвид и околностите.
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.042
Поени од реакции
6.070
Како беше ова. Пеналот на Игуаин, топката идела спротивно од голот.
Како може ова да е пенал, па у гол-аут ќе отидеше топката, а вака голманот ја фати. И вака и така, топка за Самп. Немаше да имаат шанса за гол Милан. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom