Не алудирам на тоа со мојот пост. Јас алудирам на муабетот на овој што го цитираа овде, новинар или што е, дека, парафразирам:
Пониживачки е за играч како Ериксен да влегува во игра за 2 минути на веќе добиен меч.
Мене ми е поентата дека одлуката дали, кој и колку ќе игра е на тренерот. Исто како одлуката во бизнисот што е на шеф/одговорен/сопственик/ и така натаму.
Дали е таа одлука правилна или не, не знае никој, бидејќи кај одлуките карактеристично е дека прво ја носиш, а после тоа ги добиваш ефектите од истата.
Фудбалот, како и многу работи на светот не е едноставен и може да процениме дали една одлука е добра или лоша после извесен период, а во меѓувреме може само да мислиме.
Легитимно е ти, новинаров, Џони, Син и уште 102939202 луѓе на светот да мислите дека одлуката на Конте во однос на Ериксен е неправилна, ама дефинитивно не може тоа да го знаете, а уште помалку пак како овој мочково што го цитираа да толкувате дека такво нешто е пониживачко.
Ериксен е професионален фудбалер, си има свој надредени (тренерот и стручниот штаб) и ќе игра толку и онака како што тие одлучиле. Дали тоа нему му се допаѓа си е лично негова работа, ако смета дека може подобро си има опција да се префрли во друг клуб и завршена работа.
Тренерот е поставен од управа и само од таму може да донесат одлука дали работата му е правилна или не. Од страна е прелесно да се дава мислење, кога ќе седнеш на столот и клупата некаде се гледа колку е часот.
Ги видовме овие како Гери Невил што се' знаеја, кога седнаа на клупа како поминаа.
Да ама не може со сите исто да се однесуваш. Ериксен има стекнато некакво реноме во фудбалов за некој така да се понаша со него. Од таму се спомнати и тие 200 настапи у Премиер лига и слични муабети што ги пишал новинарот. Не застанувам у негова одбрана иако има добри прашања.
2 месеца преговараа со Ериксен да го убедат да дојде у Интер, дали зимото со кеш или летото без пари сеедно, се трудеа праеа пустеа да го донесат, го донесоа, не доби никаква шанса без разлика колку и да спинува Конте на пресови, и одеднаш дојде на ред да добива 2 минути на веќе завршени утакмици.
Ериксен не е Филип Станковиќ или Себастијано Еспосито кои имаат по 18 години и за кои е нормално да влагаат у 90та минута. Ериксен не е ни некој умрен играч ко Гаљардини па да нема проблем да влага у 90та.
Некои играчи едноставно не смеат да добиваат таков третман.
А Конте има и некои одлуки ко што ти викаш прво донесени па после останува да се види ефектот од нив. Најчесто по периката добива.
За ефектот од понашањето на Конте со Ериксен ќе ти цитирам еден пост од лупхол, да не се повторувам.
Иначе, не ми се допадна ризикот што го презема Конте, со цели две минути за Ериксен. Се коцка со натпреварот со вакви потези. Шала на страна, срамота за клубот е ваков третман на еден играч, без разлика кој е. А уште поголема срамота е што ваков однос добива играч, кој пред да дојде во Интер, важеше за светска класа талент и кој го избра клубот, во ситуација кога за шест месеци остануваше без клуб. Не знам дали се свесни каква порака испраќаат на сите ѕвезди, за кои би биле потенцијално заинтересирани во иднина. Кој ќе ти избере да игра во клуб, во кој би можел вака да биде третиран. Не ме ни интересира причината, дали е повреденото его на Конте во прашање или нешто друго, али е бедно во секој случај.
Друга работа, кој ќе ти дојде со понуда да плати пари за него? Кога тренерот и директорот јавно кажуваат на пресови дека Ериксен не е задоволен од минутажата иако според тренерот ја добил на претек и дека нејќат да држат незадоволни лица у клубот. А Конте им беше незадоволен 8 месеци за на крај да го молат да остане.
Од истиве причини Манчестер калкулира со Погба.
И самиот си свесен дека не е во ред понашањето на Конте ама премногу си јувенташ за да признаеш недобра работа од јувентус/аш.
А и секако на крај според тебе Интер ко клуб ќе биде крив за потенцијалните 0 титули у 2те сезони од кога е тука. Секако побогат за 25 милиони евра.
Ај еве кажи ми како го гледаш понашањето на Конте со Ериксен. Зошто да игра 2 минути? Што значи внесувањето во игра на Ериксен во 90та минута на 3-1 резултат?