Не знам што им е на сите сеирџии од фанови... Лорд Бонера мехехехехехе, 100% учинок.
Како може такво дрво тренер да биде и тн.
Бонера во "зенитот" од 2005-2011 беше повеќе од солиден играч за 30 утакмици во година од кои еве 15-20 како стартер.
Колку е паднат фудбалот генерално, и во денешнава лига полна со пацери и дечишта како Смолинг, Демирал/Ругани, Ранокија, Дамброзио, Паломино/Толои, Калабрија и тн, Бонера ќе беше повеќе од солиден, еве може не топ 5, ама топ 10 лаганини.
Сите 4 позиции во одбрана можеше да ги игра типчето, во неколку наврати има настапувано како лев бек.
Штета сите го знаат од 2011 па натака, во ветеранските години од неговата кариера, кога Милан беше апсолутно дно од клуб.
И да, во Виљареал како ветеран не беше лош воопшто.
Тотално потценет и екстремно корисен играч за од клупа. Демек ЛОРД, небаре за Бентнер или Анелка станува збор, напаѓачи без даден гол цела година.