Каде тоа?
Теориите на Ајнштајн експериментално многу пати се потврдени. Знам дека Тесла имал проблем со „закривениот простор и време“, но никогаш не понудил своја алтернативна теорија. Иако и двајцата се несомнено едни од најгенијалните луѓе кои живееле и често прва асоцијација за интелигенција во светската култура, тоа не ги прави безгрешни. И Ајнштајн не бил во право за многу работи.
Тесла во суштина бил практичар, без многу петљања околу теории и формули....додека Ајнштајн е во суштина теоретски физичар
Го делам мислењето со gjoko-mkd, тоа го потврдува и сета технолохија што е актуелна денес од интернет, мобилна телефонија, вештачка интелегенција..., и многу други работи сеуште неоткриени, се базираат на Теслиниот изум и практика. Не случајно Елон Маск ја има својата „Тесла“ корпорација.
Научниот аргумент, доказ сам по себе е сиров, механички “материјал“, кој доколу не се осмисли, исфилософира преставува едно “ништо“, кое едноставно чека од својот господар човекот, да биде исперцепирано, искултивирано, употребено...
Наназад неколку години следев некои т.н. Теслијанци кои од почетокот на овој милениум мислам, прават научни собири во САД, иницијативата чинам е од Србите-Теслијанци што е и разбирливо заради потеклото на Тесла, имаат интересна издржана методологија, докази, иако лично не се сложувам потполно со нивното толкување на истите.
Оваа поврзност со философијата на науката е итересна и сепак би се навратил на Пенроуз, со неговата конформна циклична космологија, која одредено кореспондира на пример со Ведската космологија:
„Материјалното создавање, физичкото ниво на реалност („пракрити“ на санскрит) се создава и уништува циклично (од вечност до вечност); се јавува, трае некое време и потоа исчезнува, или поточно се манифестира, трае некое време и се повлекува од манифестираната во неизразена состојба. Постојат 4 типа на уништување на универзумот и во универзумот .... Долните и средните региони на универзумот (која ја вклучува и Земјата) траат максимум околу 9 милијарди и минимум околу 4,5 милијарди години (тогаш тие се уништуваат и повторно се манифестираат). Додека универзумот како целина, според пресметките на античките Веди, трае триста единаесет трилиони и четириесет милијарди земјини години. Неговата сегашна старост е нешто повеќе од половина од тој век (околу 155 трилиони земјини години). По уништувањето на универзумот, (подобро да се каже „распаѓање“) елементите од кои е направен универзумот се повлекуваат во не манифестирана состојба (махат-татва) - состојба на недиференцирани материјални елементи, состојба во која останува чиста материјална енергија, како потенцијал за идно создавање на универзумот. од овие енергетски сили, и со дополнителниот (25-ти) елемент - придвижувачко време - доаѓа до интеракции помеѓу, на тогаш веќе диференцираните елементи на материјалот („кондензирана“ форма на материјална енергија), кога материјалното создавање постепено се манифестира од посуптилни кон сè груби манифестации и по должината на линиите, матрицата или матриксот на енергетските сили (прадан или хиранјагарба) - исто како што железните струготини фрлени на хартија под магнетот формираат видлива форма, невидлив модел на магнетна сила што произлегува од магнетот ... “
Едно суптилно и интересно гледање на светот, животот, човекот...?