Ваљда разликата е што партијата на Мусолини во Италија, преку пуч ја презема власта, буквално се нарекува фашистичка партија и ја гради државата по нивен модел и идеологија која се нарекува фашистичка.Пак е релативизирање. Сите можеме така. Виторио Емануеле немал симпатии кон Мусолини. Ни идеолошки, ни политички не биле на иста бранова должина. Италија била монархија. За време на војната Италија останала монархија. Дали по оваа логика се проблематизира глобалниот консензус дека Италија била фашистичка држава?
Нешто што во Бугарија не е случај, нема со помош на Германија или Италија некаква партија дојдена на власт 41-ва која спроведува некаква фашистичка идеологија, но има влада со отворени фашистичко/нацистички симпатии, со ставање на располагање на целата својта воена, индустриска и политичка инфраструктура во погонот на Оската, има влада која носи антиеврејски закони и севкупно која пресликува модел на фашистичко/нацистички стил на управување, дури иако самата владеачка партија не е фашистичка ниту е домашен падан на фашистичката партија на Италија.
Но ниеден сојузник на Германија, освен Италија, нема во тоа време на власт партија со фашистички бекграунд, со чиста иделошка мисија, сите тие се опортунисти- и маѓари, романци, финци, бугари, сите првично се влезени да ги исправат своите неправди од Версај, а не за некоја иделошка борба, иако ревносно и доследно сите овие ги спроведуваат нацистичката расна идеологија и решавање на еверјското прашање.