Германците не се нарекувани окупатoри во нашата историографија, ај сеа будали да се правиме, е како се нарекувани-туристи?
Ако се милуваат факти на темата фактите се: Југославија е окупирана и распарчена од силите на оската 1941-ва, истото е направено и со Грција. Во силите на Оската, по сите параметри што претставува воен и политички сојуз во тоа време се Германија, Италија, Унгарија, Романија, Бугарија и Словачка. Во истиот тој пакт е и Југославија, но само неколку дена до превратот во таа земја.
Дали постоела македонска држава или не е ирелевантно, окупаторски сили на територијата на денешна Р.Македонија се германски, италијански и бугарски трупи. 1941-ва не постоела ниедна од седумте држави кои денес постојат од поранешната Југославија па сигурно во нивната историјографија не се наведуваат „администратори“. Тезата не може да биде окупација оти не постоела х држава е најсмешно нешто што може да се прочита.
По таа аналогија, Вермахтот не окупирал ништо од Русија, Белорусија или Украина, такви земји не постоеле.
Впрочем, да ја тргнеме настрана Македонија за момент, што се бугарските војски во јужна србија и северна грција-окупатори или администратори, баш ме интересира нивната историографија како ги третира и дали бугарите имаат проблем со тоа, особено со грците.
Бугарската влада која влегла во воен сојуз со Германија не се нарекувала фашистичка, не било тоа специјално доведена партија на власт со класични фашистичко/нацистички карактеристики, но фактот дека стапува во воен сојуз, ја дава својата војска, ресурси, територии, носи закони во склад со нацистичката расна политика е доволно тој режим да се третира како соработник на нацизмот/фашизмот, и никакви историски вратоломии и толкувања нема да помогнат, светските документи се јасни, се знае точно кои се учесниците во WW2, кои на која страна бил, кој на крај при потпишани мировни договори како бил третиран.
И никакви наши тукашни договори или менувања на толкувањата или искривување на процесите нема да ги сменат фактите кои се познати 75 години.