По смртност во регионов сме први....вината секогаш се фрла врз народот. Касно се јавиле на лекар, требало право во болница да одат.....ама немало место.
Дали е народот крив? Не би рекол. Најболна нација сме, сите со коморбидитети.....и тоа не би рекол....тоа им е само оправдување.
Не ги бива господата лекари.....од министер па се понатаму во МЗ.
Во последни 24 часа имаме 40 хоспитализирани....кожно и нефро полно, сега гастро и очно почнуваат да ги полнат (брзо ќе ги наполнат). И за сите овие четири клиники има само еден дежурен пулмолог (од вести Канал5).
Зошто имаме само неколку екстубирани пациенти (броејќи ги на една рака).....не е само интубирај и остави го нека умира, важно на респиратор е. Респираторот сам по себе не лечи. Треба постојан мониторинг и јако искуство.
Не е ова операција па кога ќе заврши хирургот, екстубирај разбуди го пациентот и готово.
Од друга страна ни во приватниве болници нема место и покрај тоа што млатат дебели пари. Жан Митрев е со исполнети капацитети за Ковид (30 кревети), со дополнително пополнети листи на чекање за прием на нови пациенти.
Па ова ако не е колапс на здравството во Македонија....што ли не чека.
За хронично болните нема што да се збори, јасно е....отпишани се.
Прегледај го приврзокот 274432