Anon
/b/ House /b/
- Член од
- 13 декември 2007
- Мислења
- 16.736
- Поени од реакции
- 27.727
Радувај се Македонијоооооо, Европско првенство во фудбаааааал.Што кажа Тони?
Еве ги фудбалерите... како кошаркарите, ракометарите и одбојкарите на големата сцена.
Македонија оди на Европско првенство. Во овој период кога нè оспоруваат, и име и презиме и нација и ген, еве нè во Европа. Еве нè таму меѓу сите. Тие што ги описменивме, ќе нè дочекаат наредниот јуни. Ќе ја поздрават нашата репрезентација. Ќе стојат мирно на нашата химна. Ова е порака од сите: Православни Христијани, Македонци, Албанци, Турци, што играат за оваа репрезентација, дека нашата држава треба да ја чуваат тие што ја водат. И едните и другите и третите и четвртите. Ова е голема победа за Македонија, ова е победа за радост на душата. И ееее да цитирам зборови од нашата поезија:
...сега душата се радува затоа што
има зошто душа да е.
Оваа Македонија ќе живее, ќе живее уште.