Не е контрадикторен туку очигледно не се разбираме за некои работи. Гледаш во погорниот мој пост дека не му ги негирам квалитетите на Рамос. Тоа може само некој од инает да го прави.
Ама, фудбалот е спорт, а во спортот се ценат и некои други квалитети покрај талентот. Посебно ако некој е капитен на еден од најголемите клубови. А тој е еднакво познат по неспортските моменти и црвените картони исто како и по успесите.
Е сега поентата ми е дека има играчи што имаат оставено толку позитивен впечаток што е невозможно некој да не ги сака. Набројав дел а има уште многу. Тие никогаш не дале повод за некој да ги мрази и навредува, па дури ни фанови на најголемите ривали. Рамос не може да биде тоа. Со неговото понашање има ставено премногу темни дамки на кариерата за после пензија да би добивал овации од сите. Ова од вчера е само мачкина кашлица. Паметиме сите што се има правено.
Меси и Роналдо се интересен случај. И тие во моментов не се во таа категорија. Роналдо смени неколку екипи и нормално е нивните ривали да не го сакаат многу. На Меси уште му скандираат "subnormal" на Бернабе, одвратна навреда што ја нема трпено ниедна друга легенда на Барса. Но мислам дека тоа со тек на годините ќе се смени, по нивното пензионирање. Двајцата премногу имаат дадено на фудбалот општо и ќе недостигаат многу пошто ретко се раѓаат играчи како нив. Да појдам од себе, не знам ни сам колку сум го пцуел Роналдо ама еве сега немам некоја омраза према него.
Па контрадикторно ти е другар. Во првиот пасус од претходниот пост кажуваш дека не мораш да ги сакаш Меси и Роналдо за да ги почитуваш, ама за Рамос тоа не ти важи и ако не го сакаш, по дефолт и не можеш да го почитуваш.
Никаква основа ти нема мислењево, чист субјективен пост.
Кои дамки ги има Рамос во кариерата? Тоа што имал највеќе жолти и црвени картони, тоа што бил прљав играч?
Централен дефанзивец е, што треба, песни да им пее на напаѓачите? Кој централен дефанзивец не е прљав?
Паметеле они, апсолутно никаков фактор не сме ја, ти, фан база на Реал или било кој друг што е само ГЛЕДАЧ да оценува каква кариера имал Рамос.
Си има бројки позади него, си има стручна фела што ја оценува неговата игра и неговиот карактер.
Гледај интервјуа, читај изјави, ќе го видиш мислењето на сите тренери, новинари, бивши и сегашни играчи што мислење имаат за Рамос и дали го почитувале или не.
Прљав бил бе, затоа нема да го сакаме хахаха.. прејако.