Саем на книгата

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
1603807497241.png
 
Член од
1 мај 2014
Мислења
112
Поени од реакции
170
Оххх, никако да научат овие ТРИ, истите цени со години за сите можни летни и зимски фестивали, и саеми на книга, НЕ е попуст од 450 на 360 или од 500 на 420...
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Ќе си влезите во странициве за Размена на книги и продажба по фб и ќе следите.
Јас ја купив пример Улис (скроз нова а настаро демек), за 350 денари два тома, од оние ѕвезди на светската по 400 и кусур страни книга, ко со гумирано шо се, дебела корица. Инаку нова е 600 или 650 не се сеќавам.
Најдов едно бате од Битола со ретки изданија и цепам одвреме навреме од кај него.
Некни имаше една жена 3 за 500-ки од истите ѕвезди, секакви книги шо одат под 350/400 од книга нови. Така да баталете издавачкиве :D
Знам дека ново си е ново, ама попуст од 30 денари и не е попуст.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Покрај кеј исто види. Тие двете баби скоро сѐ даваа за 100-200 ден.
Јас си ги чекам тие посериозни попусти нареден месец, тој во јануари во Матица и саемот. Останато скоро сѐ купувам на старо. Битно ми е да е сочувана книгата. И не разменувам, ама гледам во фб продаваат за 100че добри книги. Има неколку групи, но мислам дека сите што се вртат во овој подфорум се веќе и во групите. :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.141
Да знае некој кај нас дали сеуште се создаваат книги (без разлика наши автори или преводи) со тврд повез (и страници кои не се лепени со лепак) или се е меки корици?
И каде може да се најдат такви книги ако постојат?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Да знае некој кај нас дали сеуште се создаваат книги (без разлика наши автори или преводи) со тврд повез (и страници кои не се лепени со лепак) или се е меки корици?
И каде може да се најдат такви книги ако постојат?
Постојат. Aрс Ламина имаа една едиција на биографии со тврди корици. Сакам книги имаат одредени книги со тврди корици, ама мислам дека се малку поскапи од оние со обични корици. Во Матица, српските изданија (ако начекаш во декември/јануари) по 200 ден, а имаат одлични наслови (обично она што ќе им остане од саемот го носат тука) се со тврди корици, секако не сите. И Ars Studio имаат книги со дебели корици, само нивните изданија се доста скапички.
Во Ikona имаш на англиски, ама повеќето се специјални едиции (пр. сѐ во едно на Дојл и цена боли глава, нешто такво). :)

пи.ес. Арс Ламина имаат поголем избор од биографиите, ѕирни на нивната веб страна.
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.130
Поени од реакции
10.145
Да знае некој кај нас дали сеуште се создаваат книги (без разлика наши автори или преводи) со тврд повез (и страници кои не се лепени со лепак) или се е меки корици?
И каде може да се најдат такви книги ако постојат?
Nadvor ke bidam od temata, no navistina sum radoznala...Sto uloga vi ima knigata dali e so meki ili tvrdi korici, lepeni ili sieni stranici?
se razbira sko nejkete, nemora da ami odgovorite.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.141
И академска книга имаат со тврд повез и се на англиски јазик. Гледав Вилијам Блејк 7000+ ден за Дантеовиот Пекол илустрациите (мислам дека се во боја)... се мислам да ја земам... но прво да ја начекаме William Blake - The Complete Illuminated Books :)

Мислев дали имаат овие нашиве издавачки куќи навика да издаваат добро средени книги за да човек и да даде 1200 ден ама да знае дека книгата нема да се распадне или извитка целата како поплава да ја исфрлило после 3 читања, па да не може човек ни на полица да ја стави бидјеќи ќе изгледа ужасно (ако успеете да ја наместете да стои исправено)...

По се изгледа цената на книгата сеуште кај нив ја определуваат само по бројот на страници и дали е „бест селер“ во светот!
Хартијата, квалитетот на боја, корица - тоа е небитно, еднократна употреба!

Ping @pozdrav eden topol
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Арс Ламина нешто, мислам дека се шиени. Арс студио исто и Сакам книги, ама за овие не знам дали се шиени или лепени. Другото српски и англиски.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.033
Nadvor ke bidam od temata, no navistina sum radoznala...Sto uloga vi ima knigata dali e so meki ili tvrdi korici, lepeni ili sieni stranici?
se razbira sko nejkete, nemora da ami odgovorite.
@Хептаграм XI ти објасни убаво :)
Единствена работа за која сум себична се книги... Порано позајмував на другарки и кога ќе ја видев дека е виткана како Политика темница ми паѓаше на очи...
Повеќе книга не давам.
Тврд повез има посебна убавина и со тек на време добива патина која е посебно убава.
Секој со каква и да е мала приватна библиотека по дома преферира тврд повез.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.130
Поени од реакции
10.145
@Хептаграм XI ти објасни убаво :)
Единствена работа за која сум себична се книги... Порано позајмував на другарки и кога ќе ја видев дека е виткана како Политика темница ми паѓаше на очи...
Повеќе книга не давам.
Тврд повез има посебна убавина и со тек на време добива патина која е посебно убава.
Секој со каква и да е мала приватна библиотека по дома преферира тврд повез.
Vo red e duso, razbrav..no razni ljudi, razni cudi....mene ne mi igra uloga voopsto, od mnogu procitani knigi , samo biblijata mi imase tvrdi korici...Doma nemam mesto za redenje na knigi, polovina mi se razdadeni neznam veke ni jas kaj kogo..sto vikas nikoj ne gi vraka..No, koga zemam edna kniga vrace da ja citam i ako mi se bendisa, se odnesuvam mnogu nezno so nea, nejkam ni jas svitkani strani polieni so kafe ili podvleceni so penkalo na nekoi recenici.....:)
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.026
Поени од реакции
24.620
@парва

НЕДЕЛА НА ИРСА СИГУРДАРДОТИР

Вечерва во 18 часот во живо преку нашата страница ќе имате можност да се запознаете со исландската кралица на трилерот, Ирса Сигурдардотир, авторката што им даде сосема нова димензија на бруталните крими-приказни.

А ние имаме уште една добра вест за вас. Во нашите книжарници и онлајн на antolog.mk оваа недела е недела на Ирса Сигурдардотир. Сите нејзини 4 книги објавени во издание на „Антолог“ цела недела по специјални промотивни цени како пакети, и тоа:
2 книги за 700 денари
3 книги за 900 денари
4 книги за 1000 денари
Изборот и комбинациите си ги правите ВИЕ. Не пропуштајте ја можноста да си ги набавите трилерите што ја освоија светската публика по специјални намалени цени.

А наскоро ни доаѓа и третиот дел од серијалот „Детската куќа“ - ОСЛОБОДУВАЊЕ

#антологџии #заштитисесокнига #читамезаедно


 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Култура.

Гледам има некој попуст до утре во Три, ништо посебно, ама се спремаат и за Црн петок со 5 книги за 500че.

Арс Ламина имаат попуст уште некој ден, само ќе треба каталогот да го симнете од нивната веб страна.

Club Matica имаат некој попуст на нивната веб страна, ако некој сака да ѕирне, ама сметам дека нив треба да ги почекате до декември (ако биде пак нешто како минатите години со изданијата на Вулкан) или до традиционалниот во јануари.
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Три
 

Kajgana Shop

На врв Bottom