Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Хмм, како тоа јас да не знам за такво писателиште? :eek:
Ако ми даде некој некоја од книгите, би пробал да ја прочитам, да видам во што е фамата. Да го купам тоа нешто - нема шанси.

Многу се смеев и бев по малку зајадлив во една од тие фб групите со женички демек-читателки, кога дрвосечачот ја прогласија со консензус за најдобра книга за 2019, а во изборот за Роман на годината испадна уште во прв круг. :pos:
 
Зезајте се вие ама Дрвосечачот на Наде сигурен сум дека се продаде во дупло повеќе примероци од сите книги на Пармаковска на саемов :LOL:
 
Говори за тоа дека имаме народ со мала писменост кој чита претежно лепо спакован шунд.
 
Чита, или глуми дека чита... *

Секогаш постојат неколку книги за кои наголемо се зборува (Најголемиот трговец на светот, Кодот на Да Винчи, Алхемичарот или нешто што е популарно сега),
па и да не сака, некој ќе чуе. Тоа е добра можност некој/а, на ниво на од прочуената Куманија, некаде да одглуми начитаност и продуховеност. Супер опција е да се начека лице што навистина прочитало, па накратко да им раскаже, чисто да знаат што се дешава во книгата. Или филм беше. Их, уште филм по книгата да се сними и ќе се соочиш со интелектуални авторитети кои ќе преиспитуваат сечие дело, ќе имаат мислење и мерила. Експерти и аналитичари што би се рекло ...
 
Говори за тоа дека имаме народ со мала писменост кој чита претежно лепо спакован шунд.

Секаде "такви" книги се најчитани. Веројатно и книгите кои се најчитани во свет, се најчитани и во Македонија.
 
Само хејтате, што би рекле младите. :D

Кога напишав нешто слично на ова во една група на фб, добив гневна пошта. :ROFLMAO: Во ред е на не ми се допадне некоја книга, истото можам и да го напишам, ама пркосело на нивните "политики". Што друго не смее да се критикува, а притоа гневната толпа да не те стави на клада!? Чим имаш група каде се зборува за книгата, очекувајте и негативни мислења за одредени книги. Башка 90% се таму жени, пласираат мислења само за трилерите од Сакам Книги и некои љубовни романчиња, што не би ги читал. Сепак за мои пари ја купувам, а ќе потрошам и време додека ја прочитам, не гледам зошто некој би се пронашол навреден од некој мој коментар. Притоа не коментирав ни книга од домашен писател.

Сепак постои и генерациска разлика меѓу нас тука. Во последно време читам само автобиографии, стручна литература и по некоја книга за шах, ама сакам и некој добар трилер од време на време. Не е проблем тоа што некој го чита, проблем е да не се прифати туѓата критика и таа книга да се пласира како најдобра врз база само на мислењата кои ја фалат.
 
Во една од тие групите забрането е да се пишуваат негативни критики, да се зборува за лоши преводи и лоши издавачки куќи. Според нивната логика, штом некој пишувал, преведувал, издавал, морало да биде добро. :pos:

Неколку пати сум имал идеја да направам контра-група на нивната, за вистинските љубители на книжевноста. И ко ќе сака некој да влезе, да му поставам прашање кои му се омилени автори и книги, и ако спомне некоја таква, да го одбијам. Ама едно - пуста мрза, друго - дали 20 души ќе се соберат.
 
За контра групава и јас неколкупати му се мислев, но знаејќи со каква полуписмена багра ќе се фатам у коштец, не ми треба толкав луксуз.
 
Абе нема да ја пуштаме баграта да се доближи до групата. :coffee:
 
Повторно, сметам дека треба да има посебна тема за сезонските и традиционалните попусти и родендени на нашите книжари, па и за ваквите промоции. Оваа тема да си остане само за традиционалниот саем, колку веќе и да е традиционален. Мислам дека треба да отвориме таква тема.

Со Слободен печат има 2 илустрирани книги на Петре М. Андреевски од Арс Ламина.
1. "Последните селани"- 290 ден.
2. "Дални наковални" - 200 ден.

Што стана со изданијата на Херои, убави наслови имаа за 100че? :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom