Од фудбалски причини е Дерби на Италија. Интер од секад бил тим што содржел странци у составот доека Јуве имал претежно домашни играчи. Мафијашките игри на Ањели, мешањето у работата на федерацијата и неќутењето на Анџело Морати заради тоа.
60тите години, Јуве имал највеќе домашни а Интер интернационални титули. Пуштање 12 играчи у поле од страна на Јуве, влагање на навивачи у терен и поради тоа имало основа Интер да ја добие службено таа утакмица, директна борба за титула, но поради веќе добро познатиот факт дека Ањели има корења у сите структури у Италија, наоѓаат некое правило и одлучуваат утакмицата да се преигра. Интер во протест искача со дечишта на таа утакмица и губи 9-1.
Во 120 годишна историја наведуваш една причина, една утакмица која што треба да биде основ за дерби и мржња поголема од многу други дербиња?
Неиграњето на двете екипи у Серија Б. До 2006та хехе.
Вистина е дека немате играно у Сериа Б, што не значи дека е било каква причина која треба да се додаде на „листа за причини зошто ова е дерби“.
Од таму почнува и таа омраза на двете екипи и го добива епитетот Дерби на Италија.
Сега гуглав за ова, терминов е даден од новинар во 1967 без некоја посебна причина.
Јуве е прљав низ цела историја, тоа цел свет го знае. Интер никад не ќутел на таквите неправди што резултира и со Калчополи, 5-6 години претходно директната кражба на Интер и дуелот на Роналдо со не ми текнува кое копиле нивно беше, несвирењето пенал, а у следната акција непостоечки пенал за Јуве.
Ми текнува на ситуацијата, од еден до друг 16ник 30 секунди разлика, јасно ми е ама пак, тоа не ги прави толку големи ривали. Интер е вечно единствениот што не молчел против неправдивте од Јуве во Италија?
Гадното јувенташко вреѓање на починатиот Џакинто Факети, легенда не само на Интер, туку и на цела Италија.
Нашето повикување на Хејсел.
За жал, ден денес имаш морони и во Англија кои пеат за Хејзел, Хилсборо и Минхен. Не е тоа ривалство, тоа е лоботомираност. Имаш и на форумов морони кои што го зборат тоа. Имаш ти и во МКД кога битолчани пеат „да се врати 63та“, што е дебилизам и кретенизам.
Не знам од кај дојде у прв план Манчестер-Ливерпул. Може погрешно се изразив со тоа да се бореле за титули истовремено. Ама пак немаат фудбалско ривалство, све почнало од таа индустрија и омразата на градовите односно луѓето у градовите. И сега ова ваљда е исчезнато пошто се поминати 100 години. Манчестер има створено фудбалско ривалство со Челзи и Арсенал, па и Сити. Ливерпул со Арсенал на времето и еве сега со Сити.
Повеќе алудирав на Ливерпул-Евертон и Арсенал-Тотенхем, и по 90ти пат Милвол-Вест Хем.
Па тоа ти зборам, дека ривалството почнува многу порано, пред самиот фудбал и после тоа се пренесува во фудбал. Верувај, вреди да одвоиш 30тина минути и да го изгледаш видеото што ти го прати Рики, ќе сфатиш до каде оделе со рилваство. Мртви британци, ништо не знаеле, па кога оделе на утакмици во Европа, ќе видат некоја мода и ќе ја донесат во град, па после се курчеле со „ние ви покажавме вака и така да се облакате а не ко сељаци“.
Ок е све ова што го викаш ама не живееме у Англија и немој да ми кажеш дека Евертон е некој ривал за тебе и ти со нетрпение и нервоза глеаш Мерсисајд дерби кое плавите никад у живот го немаат тепано.
Англичаните си имаат свои дербиња нормално кои локалците си ги гледаат со други очи. Секаде има такви дербиња само не се медиумски хајпани ко Милвол-Вест Хем и Сандерленд-Њукасл.
Манчестер и Лидс створиле ривалство на времето и ова може е дерби за луѓето што живеат во Манчестер и Лидс ама некој во Македонија или надвор од Англија да го глеа ова ко дерби, никад.
Евертон лично за мене не е ривал, не се тресам кога играме против нив ама не можам да му кажам на некој што живее во Ливерпул кој му е ривал и кого најмногу треба да мрази, според мене
Сите си имаат свои дербиња, во секоја држава, секој град. Што повеќе клубови, тоа повеќе дербиња.
И во Италија има екипи што освојувале титули на времето, Торино и Џенова се екипи со највеќе титули после тројкава ривали. Торино своевремено бил и најдобра екипа у Италија. И ова си е градско дерби на Торино, ама никого у светот не го боли кур за тоа и никој не го ни спомнува.
Џенова-Сампдорија градско дерби, Киево-Верона исто, Рома-Наполи, сицилијанските дербиња, итн.
Се сложувам, скроз си во право, пишав и погоре. Имаш милиони дерби натпревари низ светов ама како што пиша и Инглориус, во моментов најголемо дерби е она кое што ќе привлече најмногу внимание (пари). Реалноста е таа, во неа живееме. Ти сакаш Интер да биде клуб со најмногу навивачи, нормално. Да дојде до тоа, тој клуб, тие навивачи ќе диктираат кое е за нив најголемо дерби.
Искоментирав само ради тоа што англичаните се познати по тоа што си го преценуваат своето па така и овие неколку дербиња што ги спомнав а уствари у секоја држава има по неколку такви исти кои никој не ги спомнува пошто немаат тежина.
Факт е ова, секогаш биле такви. Знаат да си ја продадат приказната на „ние сме посебни, ние вредиме, вие сте срање“.
Фудбалски гледано, Јувентус-Торино е поголемо градско дерби од сите англиски градски дербиња.
Палење столчиња на Деле Алпи у (ваљда беше) 2003та од навивачите на Торино не треба да значи дека е поголемо фудбалско дерби од сите англиски граЦки дербиња, така да лец агри ту дисагри