Јувентус пред почеток на сезона, освен една пријателска не одигра ништо. Шанса за воигрување и тактики, формации и слично немаше. Ситуацијава актуелна си зема удел, причина плус што немаа тест натпревари. Не е некое оправдување, но има влијание на игра и сл.
Милан као пр, поради таа ЛЕ и квалификации, си се воиграа и разиграа, и сега им иде совршено, тепаа скоро се(освен Рио Аве у ЛЕ, 90 мин.).
Ако Јувентус продолжи со вакви резултати, тогаш е веќе проблем. Тренерот што е неискусен, е. Новинари што си праат барјам на паметот дека Пирло е мешавина на сите најдобри, нека си праат. Денес најголема грешка му беше ставањето на игра на Бернардески од 1-ва минута, наместо Фработа, кој е милион пати покорисен, па и подобар за сеа. Швеѓо си заслужи мал одмор, Киеза одмара јер е глуп(не е Пирло тука крив), Роналдо е „болен“(„виша“ сила), итн итн.
Исто битна ствар, одбраната пола ја нема. Де Лихт отсутен(кај и да е, ќе се врати), Киелини го има, исто ко да го нема. Сандро, и тој цркна и физички, и играчки кога нема замена(„Малдини“ не се важеше). Нека помине време, па ќе видиме. Јас очекувам удирање од глава, со најголем дел од одлуките на вишите лица у тимот, но се надевам дека нема да се случи такво нешто.
Да видиме у среда што ќе биде. Сезонава таму пак нема ништо да видат, јер кога можеше и „требаше“ да видат, се усраа.