Другар, има доста влијание лигата. Во Германија еден Баерн има 2 тешки утакмици у една полу сезона ( Дортмунд и Лајпциг). Во Франција Псж има 2-3 јаки утакмици, би ги издвоил ајде Лион, Марсеј (најголемо дерби им е) и Лил ајде одлично изиграа до сеа. Тоа се 3 утакмици у полусезона.
Сити на пример од друга страна има 5 (Јунајтед, Челзи, Арсенал, Ливерпул, Тотнем), тука додади ги Лестер и Евертон. Астон Вила иако се во животна форма еве не ги рачунаме. 7 тешки утакмици во полу сезона. Послабата конкуренција во Лига со оглед на тоа колку богати/моќни се Баерн и ПСЖ како тимови моментално им е мала предност. Не е исто со 15 играчи квалитетни да играш 3 "дерби"утакмици во полусезона и 7 "дерби" утакмици у полу сезона. Со згуснатиот распоред во подобра положба се. И така и така лигата си ја зимаат, можат да си дозволат да одморат играчи за Лш/Битните утакмици. А и фактот што Bottom 10 екипите од Англија се барем 1 класа боље од bottom 10 екипите од Франција, Шпанија, Италија, Германија не треба да го заборавиме.