- Член од
- 30 ноември 2013
- Мислења
- 2.169
- Поени од реакции
- 4.770
- Возраст
- 29
Ма ништо од Силекс. Ебати екипата од Дрита Гнилање што губи ко магариња. Плус им се повредил првиот шпиц Горгиев до крај на есенскиот дел. Евентуално Слога, иако и тие се доста лабилни надвор од Чаир.
Немаме квалитетни први 11 ко лани (ширина немавме ни прошлата сезона), тоа е факт, но не сме и до толку лоши да му се невиди. Па уште кога ги читам вечниве пациенти како било катастрофа да не се победи овој утепан Вардар, а тие донеле Санџаклии од Нови Пазар и мислат дека тим напраиле!? Ние сепак имаме неколку играчи што нешто значат во нашава лига.
За децата се слагам. Младиот во одбрана е најслаба карика, иако денес немаше некој испад, но пусто мора да има еден до 21 година у почетен состав. За Велкоски и Чарлс сте прекритички настроени според мене. Дечките одлично одработија со Слога. И денес до 80' Пелистер не создаде конкретна прилика за гол. И пак ќе кажам истите дојдоа по нафрлувања од страничните позиции. Значи изостана поддршката за нив во финалните моменти. Искрено не ми беше јасен потегот на Тетовка да уфрли два шпица од клупа при водство од 0:1, наместо да ја засили средината.
За Шиле и Петковски се слагам, но за Најденов не. Има фудбал во дечкото, игра со мозок, знае да задржи и подели лопта, и верувам дека не му треба премногу за да влезе во повисок ритам. Со него и Петровиќ добивме на потребното искуство и стабилност во играта.
Не знам во кој филм се влезени они, батали, ама далеку се од реалноста очигледно, веројатно навикнаа на втора лига па мислат дека имаат добар состав
Се слагам за измените, тотално промашени, при тесно водство нема поента од Шиле и Петковски, па и Колевски го стави, а сите од 3-ката напред што почнаа се доволно спремни да изиграат 90 минути. Во Најденов има фудбал, ама цел живот е ваков, тешка мрза на терен, никогаш не бил спремен физички на некое солидно ниво за да направи некаков исчекор. Инаку не дека не изиграа во неколку наврати солидно дечките позади, муабетот ми е дека воопшто не ми влеваат сигурност, реално не е Пелистер мерило за да ги задржиш, со Слога би рекол заслужија пофалби, ама во неколку наврати досега имаше ефтини излетувања, што е и нормално со оглед на неискуството, таква глупост не кошташе бодови во Ѓорче на пример. Велкоски и Чарлс се океј, ама пак ќе кажам, просечни, не доволно добри за да покријат и за децава како што правеа Новак, Тошевски, Најдовски. Штета што од Колевски, Петковски и Колевски пола играч не можеш да составиш, иначе одма би го вратил Попзлатанов на бек.
