Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Очекуван пад и физички и психички после 3-тиот гол, особено со оглед на околностите, одлична игра во прво полувреме и бевме далеку подобар противник, во никој случај не заслуживме да губиме со 2-1 ама примивме преевтини голови како резултат на индивидуалниот квалитет и лесни испади на нашите дефанзивци, а напред не знаевме да ја искористиме добрата игра. Неколку спорни ситуации, мораше да има пенал, не знам дали имаше игра со рака при тој корнерот ама во истиот налет секунди подоцна имаше чист пенал врз Попзлатанов, сомнителна беше и таа ситуацијата со Мирчевски, а би рекол и 3-тиот нивни гол беше чист офсајд, иако на крај не одигра играчот што беше во офсајд топката одеше директно на него и влијаеше на играта. Ме изненади офанзивниот пристап, дефинитивно фалеше Цветановски, очекував можеби малце повеќе од Мирчевски ама тоа е. За жал, севкупно квалитетот е тој, Најденов ми е играч за 30-тина минути, ептен е бавен и ич не трча, бековите (ако може да ги наречам бекови воопшто) се катастрофа и немаат никаков придонес во напад, а последната 3-ка позади ми е ептен несигурна, Велковски и Чарлс можда и имаат некој квалитет ама се просечни и далеку од Тошевски, Најдовски и Новак, а децава ми се тотално несигурни и прелесно излетуваат, лани Серафимов и Младеновски беа дааалеку подобри, првиот и не беше дефанзивно најсигурен ама за Младеновски ми е многу криво, одлично играше позади. Не знам зошто и како оној Наумчевски заврши во Тиквеш, беше дел од тимот првите 2-3 кола, мое мислење е дека беше поквалитетен од останативе младинци позади..

Лоша слика остава само високиот пораз, на бодови секако не се надевав, главите горе и до што повеќе бодови до крај, ако се разиграат како што играа денес може да се направи скок и да се заврши во горниот дел на табелата иако бодовно ќе биде тесно и израмнето со останативе клубови. Него, има ли некакви новости околу иднината на клубов, ептен замреа сите муабети и тоа многу ме плаши...
Според мене, со оглед на случувањата во последно време - не очекувам инвестиции. Ако погледнеме што се случува со светот и каква криза ни следи не сум баш оптимистичен по тоа прашање. И многу веројатно ќе не снајде или банкрот или испаѓање.
 
Добро де кој е кондицонен тренер? 21 век срамота играчи да паѓаат кондициски небаре е ова селски клуб, а не професионален. (Ок, знам нема пари за исхрани ова она, ама голем срам е ова што се случува)
Истото и јас си го велев. Што е бре ова, 60.минута, 80% стојат на терен??? Па ова у 3 лига го нема...
 
Добар е кондицискиот тренер.
Таква ни е тактиката, играме пресинг претходно, после тоа толку ни е силата. Тетовче проценил дека таква тактика повеќе ни се исплати. Квалитетот на играчите е тој, квалитативното заостанување во однос на некои противници го надоместуваме со бркање по цел терен во прво полувреме. Пола фудбалери играат на нестандардни позиции, на неколку витални места ни недостасуваат играчи кои играат на соодветна позиција.
 
Тетовка вака никад не бил љут. Пука статуси, се надоврзува Грне :)
 
Добар е кондицискиот тренер.
Таква ни е тактиката, играме пресинг претходно, после тоа толку ни е силата. Тетовче проценил дека таква тактика повеќе ни се исплати. Квалитетот на играчите е тој, квалитативното заостанување во однос на некои противници го надоместуваме со бркање по цел терен во прво полувреме. Пола фудбалери играат на нестандардни позиции, на неколку витални места ни недостасуваат играчи кои играат на соодветна позиција.
Нормално дека си е добар кондицискиот. Има работено на страна, млад, амбициозен, плус бившо вардарово дете. Впрочем кој може нешто да му замери на некого од стручниот штаб. Максимално се посветени на работата.
Иначе баш и го напоменав тоа, дека не знам колку беше паметна таква тактика против Шкендија пошто у последни 30 минути буквално застанавме на терен и примивме 3 комада (еден од офсајд), али тоа е што е. Идеме напред.
 
Емил Божиновски си го вгнезди газето на шпонско куре, пред 11 години не викаше вака за судиите и федерацијата, ама други времиња беа тогаш.
 
Не реши Серафимов педерчето во 92 минута. Упте една година без освоен куп. Очекувано, побрзо ни ги скрати маките.
 
Не реши Серафимов педерчето во 92 минута. Упте една година без освоен куп. Очекувано, побрзо ни ги скрати маките.
Ја пре би рекол погрешна стратегија на клубот отколку кратење на маките. Два натпревари беа во прашање за презимување во Купот. Да ја сфатеа малце посериозно работата и да не излегоа денес со прошаран состав, гарантирам дека ќе пројдевме. Ги глеав последните пола саат откако Тетовка ги убаци Најденов, Попзлатанов и Мирчевски во игра, и стварно е жалосно да испуштиш шанса да не ги добиеш утепаните А.Пандев само ради играње курташак со Купот. Да, можеби во некои други околности би било разбирливо, ама сезонава преку ова натпреварување моравме да ја бараме нашата прилика.
 
Се опорави ли Матеј за денеска? Се изненадив дека повторно играме на домашен терен. Ова е натпревар кој мора да го добиеме за да се одлепиме малку од последните позиции.
 
Под прашалник е Матеј влеговме во лоша форма овој натревар мора да го добиеме.Ренова овде нема тепано десет години слаби се годинава плус денеска без капитенот и најдобар играч Гафури.
 
Под прашалник е Матеј влеговме во лоша форма овој натревар мора да го добиеме.Ренова овде нема тепано десет години слаби се годинава плус денеска без капитенот и најдобар играч Гафури.
Матеј не игра ни денес, а кај нив Гафури и Шаља.
 
Бразилецот го нема ни на клупа што е проблемот

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk
 
Одличен пас до Мирчевски и добра реализација за 1-0.
Видете ја клупата на Вардар, освен Шиле другите се Ѓурковски, Парталко, Давид Велковски, Реџепи, некојси Гуџуфи и голманот Игески.
Оваа клупа не би заиграла ни во четврта општинска на Кисела Вода...
Автоматски споено мислење:

Јовче Попзлатанов за 2-0, од сомнителна позиција и можен офсајд. Мора што побрзо да ги решиме и да си го ладиме. Без бразилецот и без опции на клупа, нема да биде лесна завршницата.
Автоматски споено мислење:

Каков гол прими лелелеле, дај бе сменете го бе амааааан...
Автоматски споено мислење:

ГООООООООООООООЛ :D
Таман тргнав да го критикувам Петковски за еден лош штоп во претходната акција, постигнува маестрален погодок со глава, по нафрлувањето на Мирчевски.
Гол во вистинско време, да се вратиме на +2.
Автоматски споено мислење:

3-2 веќе во наредна минута...
ШТО Е ОВА БЕ? :D
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom