- Член од
- 30 ноември 2013
- Мислења
- 2.166
- Поени од реакции
- 4.736
- Возраст
- 29
Ма ништо од Силекс. Ебати екипата од Дрита Гнилање што губи ко магариња. Плус им се повредил првиот шпиц Горгиев до крај на есенскиот дел. Евентуално Слога, иако и тие се доста лабилни надвор од Чаир.
Немаме квалитетни први 11 ко лани (ширина немавме ни прошлата сезона), тоа е факт, но не сме и до толку лоши да му се невиди. Па уште кога ги читам вечниве пациенти како било катастрофа да не се победи овој утепан Вардар, а тие донеле Санџаклии од Нови Пазар и мислат дека тим напраиле!? Ние сепак имаме неколку играчи што нешто значат во нашава лига.
За децата се слагам. Младиот во одбрана е најслаба карика, иако денес немаше некој испад, но пусто мора да има еден до 21 година у почетен состав. За Велкоски и Чарлс сте прекритички настроени според мене. Дечките одлично одработија со Слога. И денес до 80' Пелистер не создаде конкретна прилика за гол. И пак ќе кажам истите дојдоа по нафрлувања од страничните позиции. Значи изостана поддршката за нив во финалните моменти. Искрено не ми беше јасен потегот на Тетовка да уфрли два шпица од клупа при водство од 0:1, наместо да ја засили средината.
За Шиле и Петковски се слагам, но за Најденов не. Има фудбал во дечкото, игра со мозок, знае да задржи и подели лопта, и верувам дека не му треба премногу за да влезе во повисок ритам. Со него и Петровиќ добивме на потребното искуство и стабилност во играта.
Не знам во кој филм се влезени они, батали, ама далеку се од реалноста очигледно, веројатно навикнаа на втора лига па мислат дека имаат добар состав
