Саем на книгата

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Јас не знам што е со делењево според жанр на книги... Ја читам и Нора Робертс и Лусинда Рајли и Каризи и Јергович и Селимович и Орхан Памук... Што има врска кој што чита?!
Не реков дека тоа е проблем, ама не ми се допаѓа како пишува. Она не може да се спореди со Каризи. :)
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763

Нормално, ама тоа не значи дека оние што читаат Нора и Рајли се глупави и неписмени или не знам што. Имам периоди како овој каде нема шанси да читам трилери, тешки тематики, а сакам да читам особено сабајле со кафе или на пладне додека супруг спие, па Нора и Рајли ми се таманка, за да олабавам мозок.
 
Никаде не реков дека некој е глупав. Реков дека 2те книги кои ги имам прочитано од Робертс ми беа доста бледи и сметам дека нејзината таргет читателска публика се жените.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.162
Поени од реакции
10.127
Една убава новост што ќе се случи наскоро е издавањето 12 дела од Агата Кристи. Кориците се врв, штета што преводот од Арс Либрис ќе биде сигурно лошичок.

Морам да се сложам!
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
Ќе ја подарам на кој сака Лето во кое те нема од Петар Андоновски. Ако никој не ја сака ќе ја фрлам. И другпат вакви мизерии не препорачувајте :ROFLMAO: Од него додуша ја имам Тело во кое треба да се живее и ми беше ок. Оваа новата ја зедов најмногу оти тука неколку луѓе пишаа дека на саемот ќе одат заради новите книги на Петар и Фросина.
Поголеми бљувотини амин. Па и критиката на крај беше една тешка мизерија.

Да видиме сега Фросина што има да каже :)
 
Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.481
Поени од реакции
5.562
Една убава новост што ќе се случи наскоро е издавањето 12 дела од Агата Кристи. Кориците се врв, штета што преводот од Арс Либрис ќе биде сигурно лошичок.

И изборот на книги им е добар, ја има и првата и последната со Поаро и никои од подобрите. Но цената сигурно ќе биде висока,очекувам 2500 за 6 книги ама ќе се купат, преубаво ќе изгледа цел комплет да се има.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.162
Поени од реакции
10.127
Ќе ја подарам на кој сака Лето во кое те нема од Петар Андоновски. Ако никој не ја сака ќе ја фрлам. И другпат вакви мизерии не препорачувајте :ROFLMAO: Од него додуша ја имам Тело во кое треба да се живее и ми беше ок. Оваа новата ја зедов најмногу оти тука неколку луѓе пишаа дека на саемот ќе одат заради новите книги на Петар и Фросина.
Поголеми бљувотини амин. Па и критиката на крај беше една тешка мизерија.

Да видиме сега Фросина што има да каже :)
квир роман сестро. Очекувам и мене целата таа содржина да ми е срање, ама за корицата ќе си ја задржам книгата. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.736
Поени од реакции
36.620
ОК де, замислете си дека нараторот е жена, и нема да ви биде квир. Една страница има само експлицитна, кај што има курови, мадиња, ерекции, дркање и фелацио, ќе ви кажам која е, скокнете ја. :pos:
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
ОК де, замислете си дека нараторот е жена, и нема да ви биде квир. Една страница има само експлицитна, кај што има курови, мадиња, ерекции, дркање и фелацио, ќе ви кажам која е, скокнете ја. :pos:
И без тоа, приказната е никаква. Никаква поврзаност со ликовите, скока временски саде тука, саде во минатото. И муабетот со баба му и мајка му никако се се вклопуваше во приказната и ништо не додаде во целосното доживување на ликовите. Не сакам ни да спомнувам за маскембалот и жабите и желките, изгледа на тешки дроги бил авторот дур ја пишувал книгата. Т.е. се надевам дека бил на тешки дроги, друго објаснување за она нема. Кафка, yea right :jajce:.

Како и да е, обично четиво, нешто што би одело на 3-4 пати на во некоја колумна во весник. Никаков роман, никаква новела.
 
Сѐ што сум прочитал негово е обично такво - ко ликови од филм на Вуди Ален да влегле во филм на Теренс Малик, а приказната ја раскажува Линч. Тотално нереално, или барем не за ова поднебје. А дејството се случува тука, во ова поднебје. Мене најмногу ме одвраќаат имињата: таа во Телото... како се викаше? Брижит? Овде Владо и Иван се ОК, ама Мила Индија, Иванка Индира и сл? - жити мене, ко да сонувам сон со дејство во Земјата на чудата. Тука па, што викаш ти, имаше и пасаж со желките, зајаците и картите.

Ама дефинитивно не може да се негира дека некои други работи се навистина во ред. Прво - оригинален е, второ - пишува за теми и отвара прашања кои никој автор во Македонија до сега не ги начнал. Не само хомосекуалноста, тука се и домот, семејството, осаменоста, идентитетот, припаѓањето, телото, провинцијата vs. метрополата... Понатаму, ако ги исфрлиш сите тие споредни и неважни ликови, особено тие на островот, приказната за нараторот, Владо и Иван беше сосема ОК, колку и да изгледа минорна, или само некој костур кој останал по исфрлањето на се останато.

За муабетот со баба му и мајка му не би се согласил дека не додаде ништо, како што велиш. Сакаше да потенцира дека сѐ поврзано со градот од кој потекнува му е толку одбивно, затоа што таму никогаш не се чувствувал прифатен, што дури и неговото семејство, баба му и мајка му - му се подеднакво одбивни како сѐ друго таму. Дури и на погребот и на едната и на другата не отиде. И на дијалектот од неговиот град не сакаше да се сеќава и престана да го говори. Петар е, инаку, по потекло од Куманово. Иако не верувам дека лично се чувствува исто како нараторот кога е во прашање провинцијата и родниот град, претпоставувам дека инспирациите, сепак, ги црпел од таму.

Што знам, може ќе изгледа ко да сум некој адвокат, се согласувам дека романот разочарува и е далеку од тоа што го очекував, ама дека е до таа мера лош, не би рекол. За 90% од новата наша „книжевност“ (тие Дитас - Митас, Душко - Мушко, Наде - ... :D, Драган и слични) Петар е Кафка! И тоа како!
 
Наде-Маде со дрвосечачот :sramezliv:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom